Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Добри девојки добиваат пакетчиња од Дедо Мраз, а лошите од дечковците. Се зезам бе, по грешка Дедото го оставил кај дечко ми пакетчето... ама ај стар е, му се простува. :X3:
 
Паѓањето на снегот е обратнопропорционално со паѓањето т.е лизгањето по него. :rolleyes:

И да која црна магија ја користите вие што не се утепувате по снегов? :D :ROFLMAO:
 
^ Одиме многу, многу полека. :D
Од дете се немам истресено на снег стварно, а две зими на факултет се влечкав со чизми на полна пета. Да не се подречам сега, па да се струполам деновиве негде, не ми се доживува тоа, не дека ќе ми биде срам, али дека 100% ќе шинам нешто. :kruna:

Туку, си чекам јас да излезам да се порадувам на снегот. Веројатно ќе излезам кога ќе дојде температурата до -12. А што да правам, овој од прееска не се мрднал од лаптоп, со сестра му дотеруваат некои семинарски шо и требале. Таа пак исто ко овој залетана по бројки, математики и програми некои, додека јас си листам фустанчиња со попуст на алиекспрес и си го ладам. Шпанско село, али убаво ми е бе. :kafence:
 
Работа, учење, пракса, социјален живот ... Најдобро е да искачам 2 пати неделно и уклучувањето на нет или правењето било што за мене или било кој, да го сведам на минимум.

Немам избор. Знаев дека ќе биде вака. А сепак потклекнав на туѓите планови во кои јас сум супермен.
 
Brace yourselves, Шкорпион напаѓа со лајкови :D

Да искористам цитирањево дур трае - да си кажам дека денес се осеќам како Дедо Мраз па се осеќам дарежливо, и не штедам баш многу на лајкови, а исто така сепак ова е Ди-Кеј, кога не напаѓам со лајкови? :D
 
Колата ми ја има на тоа ѕидот на сообраќајниот срам. :pipi:Кој и е крив што по грешка го обележале паркингот врз пешачкиот. :kafence:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom