Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Битен е членот кој го цитирав а особено се битни неговите закани кои ете се совпаднаа со политиката на една опозициска партија.
Јас тебе потполно те разбирам и верувам дека во студентскиот пленум има луѓе кои излегле со најискрени побуди. Особено на почетокот нивниот број беше поголем. За жал како минува времето така и студентскиот пленум се повеќе се загадува со политички профитери како Најчевска и слични.
Што се однесува конкретно за законот за државен испит реков и јас дека сум против таков унифициран метод на проверка на знаење и дека треба да се барат малку потемелни и поосмислени методи за проверка на знаењето. И како што реков погоре какви и да бидат методите неможат да бидат универзални за сите факултетити. Еве на пример ако државниот испит е добро решение за правен немора да значи дека е добро решение и за машински. .
Ти си против државниот испит од една страна, а од друга страна не ги поддржуваш протестите зошто се сомневаш дека се организирани од некој?
Значи сепак тебе ти е поважна партијата, отколку каузата.
Затоа, немој да се лутиш кога ќе те наречат потрчко, подлизурко и слични понижувачки зборови.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Еве на пример ако државниот испит е добро решение за правен немора да значи дека е добро решение и за машински.
Од друга страна има закони кои според мене се многу добри како законот за педагошка академија или пак законот за издавање на научни трудови со кои се обврзуват професорите.

Така да како што гледаш моите ставови не се црно бели. За жал тоа нејчесто не е случај како во општеството така и овде на форумот.
Можеби твоите ставови не се црно-бели, но сепак завземаш став за нешто што не го разбираш. Како за пример, членовите од предлог законот кои ги подржуваш, а предвидуваат издавање на научни трудови. Тие членови од законот се приказ на елементарно непознавање на научниот процес.

Еве ти проста аналогија.
Му даваш критериум на Македонец фудбалер дека за да учествува во македонската фудбалска репрезентација мора да те прифати некој странски клуб како нивен играч. Ама не бил кој странски клуб, туку клуб кој игра во Лига на шампиони. Клуб со фактор на влијание, нели?

Услови за спортска подготовка? Секако ќе си ги платиш сам сите припреми, но притоа освен основната работа ќе треба да бидеш и тренер на еден локален фудбалски клуб и уште на минимум еден дисперзиран клуб по можност оддалечен над 100 км од градот во кој живееш.

На крај секој што ќе ги надмине овие услови и ќе постигне некаков успех ќе го ставиш во ист кош. Дали некого прифатиле како резерва во Марибор или центарфор во Манчестер исто му доаѓа. Битно клубот да е влијателен.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ти си против државниот испит од една страна, а од друга страна не ги поддржуваш протестите зошто се сомневаш дека се организирани од некој?
Значи сепак тебе ти е поважна партијата, отколку каузата.
Затоа, немој да се лутиш кога ќе те наречат потрчко, подлизурко и слични понижувачки зборови.
Токму затоа што не ми е важна партијата не би подржал протести организирани од партија. Никогаш не би подржал протест кој служи за партиски цели.
На овие протести ги подржувам сите студенти кои излегоа со искрени намери да се спротистават конкретно и само на законот за државен испит. За жал истиот протест се претвори и во протест против против владата со клише пораки против Скопје 2014 , спомениците и разни други пораки кои си немаа врска со законот за државен испит. Со други зборови јас кој не го подржувам државниот испит можеби го подржувам Скопје 2014 и затоа според мене погрешно беше што на крај овој протест место конкретно да биде насочен кон законите забега во правец на борба против владата. Како капак на тоа дојде и протестот против законот за хонорарците (закон кој јас го подржувам) така да на крај протестот против државниот испит се претвори во протест на се и сешто и затоа почнаа да се губат независните а нивното место го зазема партиската војска од која требаше да има јавно и недвосмислено оградување уште на почетокот.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Токму затоа што не ми е важна партијата не би подржал протести организирани од партија. Никогаш не би подржал протест кој служи за партиски цели.

:pos:
Добааар!

А бе мене јасно ми е. Ти си против законот, ама вмешаноста на владата во носењето на овој и останатите глупави закони да не се споменува.
Затоа, ќе бидеш обележан како глупав владин потрчко. Simple as that.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Можеби твоите ставови не се црно-бели, но сепак завземаш став за нешто што не го разбираш. Како за пример, членовите од предлог законот кои ги подржуваш, а предвидуваат издавање на научни трудови. Тие членови од законот се приказ на елементарно непознавање на научниот процес.

Еве ти проста аналогија.
Му даваш критериум на Македонец фудбалер дека за да учествува во македонската фудбалска репрезентација мора да те прифати некој странски клуб како нивен играч. Ама не бил кој странски клуб, туку клуб кој игра во Лига на шампиони. Клуб со фактор на влијание, нели?

Услови за спортска подготовка? Секако ќе си ги платиш сам сите припреми, но притоа освен основната работа ќе треба да бидеш и тренер на еден локален фудбалски клуб и уште на минимум еден дисперзиран клуб по можност оддалечен над 100 км од градот во кој живееш.

На крај секој што ќе ги надмине овие услови и ќе постигне некаков успех ќе го ставиш во ист кош. Дали некого прифатиле како резерва во Марибор или центарфор во Манчестер исто му доаѓа. Битно клубот да е влијателен.
Неможе да се спореди со спортот , затоа што спортот се гледа и точно се знае квалитетот на кадарот и горе доле нема многу простор за манипулации. Од друга страна квалитетот на професорите може да се мери само врз основа на научнита работа која се мери со издадени трудови во релевантни институции. А ако професорите имат некој финансиски, логистички пречки за нивното не објавување на трудовите тогаш треба да се организират и заедно со владата да барат решенија но во секој случај ќе бидат мотивирани да барат решенија.
На крај на сите ни е јасно дека образованието ни е на дното во Европа немаме скоро никакви научни истражувања, нема никакви иновации, соработка со индустријата нема ништо а од друга страна не сакаме никакви промени, никакви проверки и критериуми. Дојди и биди професор во некоја развиена земја покрај професорската ангажиран си уште на 10 функции. А кај нас тато професор, ќе препишам една книга и готово и јас сум професор. Кој бил на машински знае дека 90% од новите професори се деца на професори и тоа не е толку страшно , страшно е што тие деца немат ни 30% од квалитетот на своите родители зошто патот до професорското место им бил загарантиран.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Токму затоа што не ми е важна партијата не би подржал протести организирани од партија. Никогаш не би подржал протест кој служи за партиски цели.
После ова нема потреба да продолжиш на темава да се правдаш зошто, како и генерации назад на цел народ, не излегуваш надвор да ги бараш своите права. Доволно кажа, тотално оправдано ти е. (y)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Затоа, ќе бидеш обележан како глупав владин потрчко. Simple as that.
Значи ок е да бидам заокружен како владин потрчко затоа што не го подржувам БЛАНКО протестот?
Ме заокружуваш а протестираш против заокружување.
Бараш дебата а не си спремен да дебатираш со неистомисленици. ................................[DOUBLEPOST=1419778533][/DOUBLEPOST]
После ова нема потреба да продолжиш на темава да се правдаш зошто, како и генерации назад на цел народ, не излегуваш надвор да ги бараш своите права. Доволно кажа, тотално оправдано ти е. (y)
Благодарам за оправданието.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Значи ок е да бидам заокружен како владин потрчко затоа што не го подржувам БЛАНКО протестот?
Ме заокружуваш а протестираш против заокружување.
Бараш дебата а не си спремен да дебатираш со неистомисленици. ................................[DOUBLEPOST=1419778533][/DOUBLEPOST]

Благодарам за оправданието.
Од кога почнаја членој на ДПМНЕ да одат на протести организирани од СДСМ ?
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
Една заебанција од Коза Ностра http://www.kozanostra.net/ademi-i-ristovski-samo-da-go-izglasame-drzhavniot-ispit-pa-ke-pochne-javnata-rasprava/
И уште чекам култирните модератори кои се на нивоу да избришат или цензурират тоа ФИРОМ како шо цензурираа еден куп различни мислења кои се боза за таа навреда се надевам има паметен модератор овде.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Значи ок е да бидам заокружен како владин потрчко затоа што не го подржувам БЛАНКО протестот?
Ме заокружуваш а протестираш против заокружување.
Бараш дебата а не си спремен да дебатираш со неистомисленици. ................................[DOUBLEPOST=1419778533][/DOUBLEPOST]

Благодарам за оправданието.
Не, нормално е да бидеш окарактеризиран како владин потрчко кога си против одредени закон, а не сакаш да ја критикуваш владата.и се плашиш дека некоја политичка партија ќе добие поени од грешките на истата...
Зашто? Затоа што имаш што да изгубиш ако случајно се смени.
На ниту еден непределен не му е гајле кој и како ќе ја критикува владата.

Второ, далеку од тоа дека не си дебатирал на темава.
Ама тешко е човек да дебатира со тебе, кога секоја втора реченица ти е, „ама кој го организира протестот“.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Од друга страна квалитетот на професорите може да се мери само врз основа на научнита работа која се мери со издадени трудови во релевантни институции.
Ова е всушност клучниот проблем со догматскиот став.

Не. Квалитетот на професорите не се мери врз основа на научната работа. Тоа сега го измислија.
Професор е наставно-научно звање. Може да биде квалитетен во настава или квалитетен во наука. Многу ретко и двете од една проста причина, за да бидеш добар во нешто треба цело време да се занимаваш со тоа.

На крај на сите ни е јасно дека образованието ни е на дното во Европа немаме скоро никакви научни истражувања
На иста линија од претходното образование <> наука. Па не може да ни биде образованието на дното бидејќи немаме научни истражувања.

Дојди и биди професор во некоја развиена земја покрај професорската ангажиран си уште на 10 функции.
И ова е неточно. Во развиени земји секој професор е буквално процентуално ангажиран со наставни или научни активности. Можеш да имаш 100% наставен ангажман или 50-50 настава/наука или 100% научен ангажман или било кој процент измеѓу. А кај нас има 300% ангажман со студенти и уште се бара да се остварат критериуми на 100% научен ангажман.

Значи секој може да биде квалитетен професор по различни критериуми. А квалитетни научници воопшто не работат со студенти.
Во истата таа Словенија која е земена за споредба постои институцијата која објавува најголем број од импакт фактор трудовите. Во таа институција има вработено околу 200 доктори на науки, а ниеден од тие 200 не работи со студенти.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.989
Ве молам RT!! Моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!
Малите злосторства се прават од користољубие или од навика. Големите од верба и од убедување. Само големите идеалисти прават големи злосторства без каење, идеалите ги ослободуваат од грижата на совеста...

Кога обвинителите во Нирнберг им ги поставија на сведоците против Ајхман прашањата: „Зошто не протестиравте? Зошто се качивте во возот? Петнаесет илјади луѓе стоеја таму, а стотици чувари ве гледаа... зошто не се побунивте, не се растрчавте или зошто не ги нападнавте?“, Хана Арент со право вели дека прашањата се сурови и глупави. Целиот триумф на садистичката структура на СС-овците се базирал на таков тип структура во која потоа жртвата да дозволи самата да биде одведена до јамата без протест, самата да се одрече од секаков квалитет на човечки отпор: системот кој ги уништува жртвите пред да стапат на губилиштето е неспоредливо подобар за држење на цел народ во ропство.

Законите во вообичаените земји во светот се токму такви: вообичаени и стандардни законски материи. Нашиот предлог-закон за Високото образование НЕ Е ВООБИЧАЕНА ПРАВНА МАТЕРИЈА.

Секој што ќе застане зад овој Предлог-закон е потенцијален соработник, инжењер, помагач и овозможувач на инфраструктурата што го овозможила владеењето на една помалку или повеќе тоталитарна матрица. Злосторствата (кон знаењето, а тоа значи и воопшто) што ќе бидат направени во име на овој потенцијален ЗАКОН се злосторствата направени во име на секој што НЕ реагирал!

Ова најодговорно го тврдам како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со 20 годишна наставна активност, со авторство на девет (9) научни книги, од нив три (3) преведени и објавени во странство, и на преку 300 студии објавени во водечките списанија за општествени науки и хуманистика во светот!

Тековниот Предлог - Закон за високото образование, кој има шанси да биде изгласан веќе во понеделник, е:

1) „Неконцизен, нејасен, непрецизен и контрадикторен“;
2) „Не е креиран според номотехничките стандарди.... зошто, по својот карактер не се законска материја, па би требало да бидат регулирано со упатство“
3) „(Ч)ленови имаа невообичаено голем број ставови и поради отсуството на енумерација не можат да се читаат интегрално
4) Дури и ваква забелешка: „Јазикот е лош и му треба не само лектура, туку и редактура“. (дел од извештајот на Правниот факултет) дека:

Не го слушајте СПИНОТ на Власта.

-Ова не е Закон, туку е Упатство за употреба, лошо и штетно напишан!

(Екстерното тестирање/државниот испит се само мал дел од тоталитарните решенија во Предлог-Законот)

- Предлог-Законот се коси со СИТЕ нормирачки закони во државава!

- Предлог- Законот е ПРОТИВУСТАВЕН, АНТИДРЖАВЕН, НЕХУМАН, ДИСКРИМИНИРАЧКИ, НАВРЕДЛИВ, ШТЕТЕН, освен тоа тој е директно уназадување од стотина образовни години!

- Предлогот е ПЛАНЕТАРНО НЕАПЛИКАБИЛЕН! Водечките импакт фактор списанија се однесуваат на cancer, brain cancer, итн. И тимови атомски физичари (знам од брат ми) не може да објавуваат во овие списанија, без соработка со јапонски, американски, корејски, xyz тимови, кои години минуваат во акцелератори, со огромни државни буџети за истражувања и дури ниту тоа не гарантира дека ќе бидат објавени во импакт фактор списанија. ДУЗИНА Нобеловци биле ОДБИВАНИ од импакт фактор списанија по најмалку три години читања... Предлог-законот не само што не е применлив за природните науки, тој е ПЛАНЕТАРНО НЕВОЗМОЖЕН за општествените и хуманистичките науки!

- Предлог- законот значи целосно ЗАМРЗНУВАЊЕ на секоја наставна и на секоја научна РЕПРОДУКЦИЈА НА КАДРИ, А СО ТОА И НА ЗНАЕЊЕТО како што тоа најбазично го дефинира педагогијата: како трансфер на знаењето од постари кон помладите. Законот е напишан како КРАЈ на наставно-научната обнова во земјава.

- Предлог- законот е НЕХУМАН, НЕПРАВЕДЕН И ШТЕТЕН. Меѓу сите ужаснувачки одредби, извадени од МАЛ МОЗОК, тој подразбира најдиректен упад во приватноста на луѓето (со барањето за снимање и емитување во живо на испити, со што се врши директен упад во приватноста на студентите).

...
И уште едно десетина КЛУЧНИ прашања!
....

Мора да бараме ИТНО прекинување на секаква расправа по повод Предлог-законот и пишување НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!

Овој и ваков Предлог- закон е ПЛАНЕТАРНА НЕБУЛОЗА и е ШТЕТЕН за Република Македонија. Како таков тој треба веднаш да се прекине во секоја форма на легислативно постоење, и во која било фаза на гласање или разгледување!

Сето ова што го зборува е крајно СЕРИОЗНО!

Да повторам: моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!

Јасна,
28.12.2014

http://www.twitlonger.com/show/n_1sjgu5f
 
Kajgana Shop

На врв Bottom