Кој не е спремен за дијалог бе? Треба сред вечер да му упаднат на Адеми дома за да има дијалог?
Се скапаа пуштање дописи и барања за дијалог од пленумот, ама знаеш зошо ги одбиваат? Пошо ќе ги изедат со зборови и знаење, зошо нашиве "политичари" знаат да даваат само напамет научени изјави од штаб. Зошо Грујо и останата багра гостува само во одбрани емисии? Седи бе џони, не се брукај барем, доста ти беше.
На дијалог овде на форумот мислам и воопшто во општеството, со другар пријател , комшија. Недај боже една ама една работа да кажеш што ти се допаѓа веднаш нема муабет понатаму веднаш си платеник, газолижач и што ли уште не.
Епа за разлика од многумина јас го имам тој луксуз сам да проценувам што е добро а што не и немора моите ставови да бидат цитати од партиски штабови.
За предложените закони во образованието реков. Според мене:
Државниот испит не е решение. Најмногу затоа што неможе да се примени со ист ефект на сите факултети. Затоа мислам дека секој факултет е специфичен и треба да се барат посебни решенија. Ако ништо друго факултетите треба да се групиарат и решениејата треба да се барат внатре во групите.
Исто така се согласувам дека треба да има дијалог и поширока дебата и дека со некој решенија не треба да се брза туку да се остави малку повеќе време за конструктивна дискусија.
Од друга страна има закони кои според мене се многу добри како законот за педагошка академија или пак законот за издавање на научни трудови со кои се обврзуват професорите.
Така да како што гледаш моите ставови не се црно бели. За жал тоа нејчесто не е случај како во општеството така и овде на форумот.