Земав од лап-топ оти од мобилен неможе да се разбереме.
@Io Sono Interista извини тебе друже што ти се обраќам али ме натера да размислам твоето мислење.
Не земајќи го во обзир фактот дали има или нема доволно критична маса за некакви радикални протести, таквите протести точно е дека носат едно по турбулентно време.
Целосно се согласувам дека незадоволството треба да еруптира на избори каде што како во секоја нормална демократија власта ќе биде казнета поради своите погрешни политики.
Е сега тука доаѓаме до crucial point каде што работите во нашата држава се малку изменети.
Јас во последниве години добив впечаток дека оваа власт не планира да си оди така лесно а уште помалку на регуларни избори.
Нивните методи се копија на големиот султан што ни е во комшии со тоа што тој барем има економски резултати а овие ветар во магла. Нивното напуштање од власт значи дека ќе треба да ја напуштат државата. Да бидеме реални, еден класер документи од проектот Скопје 2014 да отворат ќе најдат докази за корупција. За сите тие работи некој ќе мора да одговара и да оди в затвор.
Јас исто така сум убеден дека на избори доколку и апсолутно мнозинство гласа против нив, резултатите нема да ја дадат таа слика. Што ги спречува да наполнат кутии да прецртаат гласови, да земат они да си решат кој колку гласа ќе има. Сител и Канал 5 ќе речат се е регуларно, нема кој да се жали и буни, и оп тоа е тоа.
Ние ќе се соочиме/се соочуваме со ситуација каде што власта нема да си оди по регуларен пат, односно нема да си оди доколку некој насилно не ја тргне.
Јас лично во овој момент мислам дека не постои доволно критична маса за такво радикално сценарио, бидејќи момците во портокалово се многу јаки и оваа работа ја тера само еден сегмент од општеството (студенти и професори). Но тоа не значи дека ќе остане така и во иднина.
Една од опциите е да се создаде таква масовност на протести и незадоволство, каде што ќе има целосна блокада и нефункционалност на државниот систем со што они ќе бидат принудени да си одат од власт (со тоа и од државата).
Како и да е, ситуацијата сметам дека не е толку едноставна посебно кон ваква агресивна власт која не се штеди за да уништи се пред себе. Многу работи зависат од тоа како ќе се одвиваат нештата со студентските протести и дали дополнително ќе се отвори некое социјално прашање освен хонорарците. Потребно е анимирање на повеќе и повеќе луѓе.
Чисто за пример, Ердоган видовме како се справи со незадоволството во својата држава и докажа дека е спремен да гази врз мртви трупови по секоја цена, додека Орбан при првите поголеми изблици на незадоволство (со законот за интернет) се повлече. Ќе видиме како е нашето мало дикта... пардон премиерче.
Најлошото и срамното е што дозволивме да бидеме во категоријата на земји како Унгарија, Турција и Белорусија, а да не ги следиме Словенија, Чешка и слични.