(можи малку оф топик) Еднаш имав можност да разговарам со еден малку постар чеок од Полска и разговаравме нешто онака неповрзано и во кафичот кај шо седевме ја пуштија
Madness - Our house и ми кажа како песната го потсетила на средина на 90ти ко биле на студентски демонстрации и оваа песна ја пуштале па сите заедно ја пееле, многу се гордеел на тоа време. Муабетот ми е не е проблемот музиката, дечките од пленумот сакале да направат нешто поразлично а сепак да привлечат што повеќе луѓе. Е сега не знам колку беа (на ниеден медиум не му верувам, а од сликите делува солиден број) и дали им успеа, ама не може да им се замери. Можеби некоја песна ќе испадне химна на генерацијава.
Како и да е, големо браво за секој еден што присустувал, можат да бидат горди на себе.