- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 994
- Поени од реакции
- 946
Led Zeppelin ги слушам од самите мои почетоци..Што да се каже освен тоа дека сигурно се меѓу топ 3 најдобри рок бендови на сите времиња.. Имаше периоди кога малку бев разочаран од фактот дека користеле многу од Америчкиот фолклор и блуз, но со годините забележав дека мора од некаде да се почне, а тоа што тие го започнаа е безвременско...Одлична ритам секција мора да се каже која е одличен темел за талентот на Плант и Пејџ. Уште повеќе ме радува фактот дека се едни од ретките бендови кои не ги ставија парите на прво место во моментот кога почина Бонам..За атмосферата во секоја песна е сувишно да се зборува..Од друга страна Queen ги немав слушано многу, се до пред некое време кога почнав да ја слушам целата дискографија, нешто подалеку од овие познати хитови..Мојата реакција беше ваква За талент да не дискутирам, премногу талент има во Queen,во секој член, во секоја песна...а Фреди е ПРЕМОЌЕН. На душава и карактерот повеќе ми лежат Led Zepp, па затоа мојот глас оди токму за нив!