@социопатка21 , нејќам да те напаѓам ама баш ме интерсира малку повеќе да елаборираш.
Како потфрли глумата у овој филм? Кој потфрли Афлек или Росамунд? Не влегоа добро вокално или физички у филмот т.е неможеа добро да ја пренесат скриптата или потфрлија преку физичката експресија на емоции за улогите у кои беа?
Или пак премногу клишеа беа у питање, шо уствари не би било вина на актерите.
У структура на филм нема елементи кои емитуваат жанрови, туку има етапи на развој т.е базични елементи кои се костур т.е матрица на секој филм.
Бен Афлек не е секако еден од помаркантните актери, нема кај него некој голем фактор на изненадување, не се шифта у други улоги, не е динамичен. Тука и немаше некоја потреба да се шифта, имаше голем бекап низ филмот и истиов беше сведен да биде хајлајт глумата на Росамунд. Оваа од друга страна изглуми на доста високо ниво.
Недостига нешто?Океј. Кон тоа треба да биде насочена рецензцијата што ја пишуваш, да потенцираш на она што недостига, да прецизираш на грешки у филмот, да склопиш аргументирано мислење/коментар за сторијата, или пак контра аргумент за некоја филозофија која струи низ филмот, за сето тоа да има некое тежиште и да вреди да се дебатира.