Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Како што го читам предлог законот и најавените измени, се чувствувам како главниот советник за предлог законот.

пс. Ја читаат оваа тема каде што треба. Најсериозно.
Види сеа вака, да не испадне дека само сеир мавам ќе кажам 2-3 сериозни работи. работите се многу едноставни. Ти пишуваш за давање облик и форма на некоја содржина. Значи имаш содржина (знаење) и сега на тоа знаење му даваме форма. Демек еве колку сме јаки и ригорозен испит е пичкин дим за нас. И тоа е во ред. Ама овдека човек може само да падне од смеење. Пошо знаеме на што се се дава форма? Едно големо ништо испаѓа на крај. Тоа ти е како да сакаш да отвориш фабрика, ама за производство на ништо (за фабриката тука има подетално https://www.youtube.com/watch?v=dnVJS6bFOc0 :icon_lol:)

Инаку сметам дека секој стручњак може да биде проверен дали знае или не со еден најобичен муабет од еден саата. Значи еден угледен стручњак со муабет го проверува идниот. Некои тоа го викаат усмен испит, презентација, разговор за работа и слично. Ниту тестови, ниту мерачи ниту бутур не ти треба. Ама такви испити се можни во мали групи со ригорозни критериуми за влез. А ако примаш шуто рогато и неписмено или илјадници луѓе, џабе е се.[DOUBLEPOST=1419199690][/DOUBLEPOST]
да да ама не е усен испит паѓаш или полагаш како што сака да се врати кај нас како пред 50 години, се се зема во предвид. Не може да те турне некој оти не му е денот. Мора да седиш во лабораторија или во операциона сала и да докажеш дека знаеш, после ќе ломотиш. :)
Разбирам што сакаш да кажеш и која е поентата, но примерот е лошо избран и малку неточен.
 
Последно уредено од модератор:
Ај не цмиздрете да не кажам како што, бидејќи:
Ако не можете да научите прашања однапред дадени, тогаш не ни заслужувате да завршите факултет.

А мило ми е и за тие (поголемиот дел од студентите) од Европски, ФОН, Американ и сл. што незнаат колку се 2+2, а не пак да седнат прашања да учат. Е тука ќе има паѓање.
Баш заради ова се протестиве, т.е маршот и противењето. Реформи се потребни, но не вакви. Смешно е ова, со 5 прашања по 5 секој предмет, на однапред дадени прашања ќе го подобрел квалитетот на студирање :aplauz:

Не сум ни јас експерт да кажам точно каква реформа е потребна, но знам дека оваа е дебилна. Ќе се снимало, во живо ќе одело, па на што ги сведоа професорите и студентите? Балканске преваре :чда:? Но затоа има таму некој што плата зимаат, одат по секакви семинари, државни пари трошат, да научат нешто и да воведат нешто што реално ќе го зголеми квалитетот на образованието.

И на крај штета што живееме во банана држава, каде што ни глас на студенти, ни никаков глас не се слуша. Што му се сонило на некој, тоа си прави. Масата од студенти што излезе на протести никој не ја ферма, страв им е на дебата да излезат. Дека јасно е, човекот што не знае основни работи од областа за која е магистер, ќе биде закопан и ќе треба да се убие.

И да, некогаш некој кога викаат абе ние сме 1000 години назад од нормалниот свет, сакаш да ги убедиш дека не е така, но во некој такви ситуации сваќаш дека е така. Човек што не знае да збори и 2 реченици не знае да сврзе, образложува со дебилни аргументи и одлучува за иднината на младите во државата .... Жално.
 
Леле, на страна материјалниот дел од законот, односно како е концепиран државниот испит, па противуставноста итн итн, овие тотално се заебале и во процедурата, прекршени се еден куп процедури!
 
Леле, на страна материјалниот дел од законот, односно како е концепиран државниот испит, па противуставноста итн итн, овие тотално се заебале и во процедурата, прекршени се еден куп процедури!
Ќе ги изменат и процедурите, ич да не се секираш. :D:D:D
 
Да бевме нормална држава, ќе ти одговорев...вака, немам што да ти одговарам. :D
Ние сме нормална држава каде што владеат законите и правилата.
Не мора да ми одговараш, ќе си прочитам сам и ќе пробам да си одговорам. :)
 
Баш заради ова се протестиве, т.е маршот и противењето. Реформи се потребни, но не вакви. Смешно е ова, со 5 прашања по 5 секој предмет, на однапред дадени прашања ќе го подобрел квалитетот на студирање :aplauz:

Не сум ни јас експерт да кажам точно каква реформа е потребна, но знам дека оваа е дебилна. Ќе се снимало, во живо ќе одело, па на што ги сведоа професорите и студентите? Балканске преваре :чда:? Но затоа има таму некој што плата зимаат, одат по секакви семинари, државни пари трошат, да научат нешто и да воведат нешто што реално ќе го зголеми квалитетот на образованието.

И на крај штета што живееме во банана држава, каде што ни глас на студенти, ни никаков глас не се слуша. Што му се сонило на некој, тоа си прави. Масата од студенти што излезе на протести никој не ја ферма, страв им е на дебата да излезат. Дека јасно е, човекот што не знае основни работи од областа за која е магистер, ќе биде закопан и ќе треба да се убие.

И да, некогаш некој кога викаат абе ние сме 1000 години назад од нормалниот свет, сакаш да ги убедиш дека не е така, но во некој такви ситуации сваќаш дека е така. Човек што не знае да збори и 2 реченици не знае да сврзе, образложува со дебилни аргументи и одлучува за иднината на младите во државата .... Жално.

Дури и со однапред познати прашања, тоа не значи дека такви прашања ќе се паднат на испитот.

Чисто за потсетување за тие кои веќе знаат, односно чисто за информација за тие кои сеуште не знаат, во учебната година 2013/2014, средношколците полагаа екстерен тест.

Од прва рака знам, бидејќи лично познавам неколку професори по историја кои предаваат во некои скопски средни училишта, дека конкретно за екстерниот тест по историја, на средношколците за подготовка им беа дадени прашања за Македонија во Втората Светска Војна, но замисли чудо - на екстерниот тест се паднаа прашања за Албанија помеѓу двете светски војни.

Како средношколците успеаа да го решат тестот и тоа пред лицата на професори дојдени од други училишта, останува на нив да и откријат на јавноста, но факт е тоа дека излегуваа од училиштата вознемирени и незадоволни бидејќи им биле дадени прашања тотално поинакви од прашањата кои им биле дадени за подготовка за екстерниот тест.

Се разбира, непотребно е да се потенцира дека ова не беше ситуацијата во сите средни училишта низ Македонија, туку исклучиво во училиштата чии што ученици покажуваат и докажуваат повисок и позадоволителен успех на државната матура во споредба со останатите училишта.

Ако вака им прават на средношколците, што мислите, што ги чека студентите ?

Целиот овој концепт за екстерно тестирање е една голема измама која мора да се спречи уште пред да започне да се реализира.
 
Последно уредено:
Значи ние сме правна држава. :D Абе види, според некои сфаќања, и фашистичка Германија и тоталитаристичкиот СССР на Сталин се правни држави.

Иначе, ако случајно се изгласа во Собрание, може да се поднесе претставка до Уставен суд за ова (ќе видите за што се работи многу брзo)
 
Последно уредено:
Значи ние сме правна држава. :D Абе види, според некои сфаќања, и фашистичка Германија и тоталитаристичкиот СССР на Сталин се правни држави.

Иначе, ако случајно се изгласа во Собрание, може да се поднесе претставка до Уставен суд за ова (ќе видите за што се работи многу брзо).

Уставниот Суд или ќе се прогласи за ненадлежен или ќе пресуди во корист на екстерното тестирање/државниот испит.

Уставниот Суд во Македонија од поодамна ја изгуби својата најосновна функција и постои исклучиво формално, а не за да го брани Уставот, исто како што и Студентскиот Парламент постои исклучиво формално, а не за да ги брани студентите.
 
Целиот овој концепт за екстерно тестирање е една голема измама која мора да се спречи уште пред да започне да се реализира.
Еве ти кажи на кој начин? Јас сварно немам идеа, 10 000 студенти тие со 0 ги множат, како да не постојат.

Гледаш дека се спремни лажни јавни дебати да направат, да затвараат врати, да не известуваат за протести, спремни се на се само да го избуткаат тоа што го замислиле. Еве денес помина на влада, го гледа пренос. Жалниот Абдулаким ќе каже 4 збора, Груевски ќе му се уфрли во сред реченица го надополнува, па се смеат како на пазар и помина се. Останува уште собранието, собранието во кое нема опозиција. Така да, толку е.
 
Дечки јас мислам дека треба сите да се радуваме. После полагањето на државниот испит кој содржи 5 прашања, значително ќе се зголеми квалитетот на образованието во Македонија, и тоа ќе придонесе за произведување на стручен кадар кој ќе биде конкурентен на пазарот на трудот. Ќе се реши проблемот со невработеноста и сите ќе бидат среќни и задоволни. Доколку непотизмот, препишувањето, поклонувањето на оценки, ниските критериуми и слични работи ги има се' повеќе, тоа нема да промени ништо, поради воведувањето на државниот испит.
 
Еве ти кажи на кој начин? Јас сварно немам идеа, 10 000 студенти тие со 0 ги множат, како да не постојат.

Гледаш дека се спремни лажни јавни дебати да направат, да затвараат врати, да не известуваат за протести, спремни се на се само да го избуткаат тоа што го замислиле. Еве денес помина на влада, го гледа пренос. Жалниот Абдулаким ќе каже 4 збора, Груевски ќе му се уфрли во сред реченица го надополнува, па се смеат како на пазар и помина се. Останува уште собранието, собранието во кое нема опозиција. Така да, толку е.

Толку е за тие кои веруваат дека не можат да извршат притисок врз државата и врз власта.

Студентите треба да организираат уште помасовни протести на секои 2 или 3 дена пред Собранието на Република Македонија и да не се откажуваат од нивните барања.

Доколку Собранието сепак ги усвои измените, тогаш на студентите единствено им останува во знак на револт да се отпишат и да си продолжат со студиите во странство.

Да, секако дека станува збор за многу скап потег, тежок за реализирање, но кога зборуваме за илјадници студенти, таквиот потег и не е толку тежок.

Доколку студентите заедно се организираат за сместување и префрлување на странските универзитети во соседството, ќе успеат да продолжат со своето образование во странство и редовно нека ги предупредуваат денешните средношколци, односно идните студенти, за да знаат што ги чека доколку се запишат на факултет во Македонија.

Кога бројот на студенти на универзитетите ќе се преполови, на пвеводбениците ќе им текне да воведат екстерно тестирање/државен испит за тие кои веќе дипломирале, па и за тие кои се само со завршено средно образование, па дури и за тие кои се само со завршено основно образование, бидејќи се очајнички гладни и жедни за пари.

Секогаш може да се изврши притисок врз државата и власта, тоа што не треба да се прави, е да се каже дека тука завршува борбата и дека толку е.
 
Еве ти кажи на кој начин? Јас сварно немам идеа, 10 000 студенти тие со 0 ги множат, како да не постојат.

Гледаш дека се спремни лажни јавни дебати да направат, да затвараат врати, да не известуваат за протести, спремни се на се само да го избуткаат тоа што го замислиле. Еве денес помина на влада, го гледа пренос. Жалниот Абдулаким ќе каже 4 збора, Груевски ќе му се уфрли во сред реченица го надополнува, па се смеат како на пазар и помина се. Останува уште собранието, собранието во кое нема опозиција. Така да, толку е.
имаше добар предлог само не знам кај го видов, ниеден да не запише година во август/септември. Да се бојкотираат уписите во јуни. Е тогаш ќе ги видам. Аш планираниот буџет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom