Фан Клуб: Интер

Шалот од старт ја утна формацијата. Што му требаше да стартува со нагасаки и додо од лево,само се гушеа и не знаеја кој игра одбрана ,а кој напад.
А одбранава е посебна приказна,Ранко го претрчуваат како сакаат. Мора да се проба со Видиќ и ЈЈ како тандем ,полошо сигурно нема да изиграат.
П.С. Барем има еден играч што вреди во тимов и дава мала надеж. Браво за Кова.
 
Тренериве ни се специјалисти за тактички измени во корист на противникот :)
 
Тоа е тој фетиш на левокрилни бекови на Манчини.
Максвел, Коларов и еве сега Додо.

Се надевам ја сфати грешката и никад више нема да ми играш со дупли лев бек. И Медел ни под разно не смееш да го оставаш на клупа.
Паласио ти друже не си Меси па да те чекам ја 3 месеци гол да дадеш, мрш у пичку матер.
Ти Нагатомо ако не разбираш центаршутеви или побарај помош или побарај трансфер.
 
Пишав дента кога го потпишаа манчио, типични за него беа оние раниери потези со играње на Максвел ко лево крило, еве го денес на дело, и тоа сам си ја призна грешката после 40 минути само погреши што Додо го извади а не оној косоокион хобит, таа грешка у чекори и лузерај од потег негатива од 2 гола го кошташе, добива играч мање на терен со играње на бек ко крило а пред одбраната го нема Медел да коси све живо и диво.

Иначе Манчио вика, Видиќ требал да докаже дека заслужува првотимски статус, а ја уште одговор неам на прашањето, кој кур е па ранокија тоа да го заслужува у последни година дена, а ко капак на се и капитенската лента да ја има. :facepalm:

Лоша утакмица, демек добро е што се вратиле од 2 гола негатива, али фактот што дозволија на мизерен начин тоа да се деси денес ги чинеше уште поголемо оддалечување од тоа трето место, кое со 2 погодени засилувања у јануар и те како ќе беше реалност, вака ... :popce:
 
Добро второ полувреме. Море, повеќе од добро.
Конечно една утакмица да ни ги мрдне малце гзовите, што од една страна е добро, ама од друга..... си спремив листа на проблеми за кој ќе размислувам додека Кузманович ментално се дрибла самиот себеси на пола терен.
Ај нека остане за другпат.
Манчини има сменето нешто во системот што го игра. Дури човек и да се изненади, дали ова е човекот што и до продавница идеше со 3ца Дм и (факинг) Станкович како полушпиц. Ја не го памтам ваков од Интер, а богами ни од Сити.
И баш ми е мило ако еволуирал тактички овие години, па да видиме и ние фудбал од 2014 година. Иако прерано е да се оцени било што.
Пресингот беше посебно добар, бwаво.Можеби е и притисок од менаментот за, покрај поефективна, да имаме и визуелно и естетски подобра игра, па тоа и да им бил услов кога го потпишувале договорот (што се надевам дека е така, и за следните тренери), али во секој случај, барем на делови, го контролираме натпреварот, а тоа right there е подобрување од Волтер.
Ќе видиме како ќе оди натаму.

Само на тој малиот, Бонацоли, мора да му дадат повеќе минути, талентиште! Каква левица има. Сега видов дека е само 17 години од Примавера и дека руши рекорди на сите страни. Браво и за Манчини што му даде шанса.
Кова растура. Ништо ново тука. Волеј што ги удри по муцка сите doubters.Се надевам дека нема да иде повеќе од 10-12 гола сезонава, зошто ќе ни го грабнат на лето.
А Икарди нека иде и нека работи ко машки ескорт, ебати пензи-то. Сериозно, нека си го земе тој истетовиран изговор од талент и нека иде да се дупи по јахти некаде.
 
Воглавно сите акции и шанси ни беа некако насила и со безпредметни нафрлувања во стилот на англиските екипи,тоа одсекогаш му било стилот на Манчини и затоа труби по медиумите дека му се потребни крила во тимот и дека неможи со Гуарин и Паласио како лажни крила да ги оствари своите замисли...Ако донесат крила јас и тоа како ќе бидам радосен безразлика колку да се неквалитетни,бидејќи веќе 3-4 години се купуваат играчи стрикно од средниот ред а не некои со офанзивни крилни задачи или монструозни бекој како Мајкон....проблемот е тоа што нема којзнае колку на пазарот во Италија,а во Европа тешко кој би си го дозволиле со вакви финансиски средства
 
Иначе Манчио вика, Видиќ требал да докаже дека заслужува првотимски статус, а ја уште одговор неам на прашањето, кој кур е па ранокија тоа да го заслужува у последни година дена, а ко капак на се и капитенската лента да ја има. :facepalm:

Mоже си имат нерасчистени сметки од минатото со Немања. :anco:
 
Па и ја така мислам дека се имаат спукано уште од времето на Манчестерските дербиња.

Еве ти си за Јунајтед па кажи ако знаеш нешто.

Шознам не ми иде на памет конкретно со Видиќ да имало нешто.
 
Ако за нешто не треба да се грижиме кога е во прашање Манчини тоа е неговата наклонетост кон младите фудбалери. Ако ви текнува он го пушти Балотели во игра на само 17 години ако не се лажам, еве сега и со Бонацоли тоа е случај. За тоа му симињам капа.

Иначе ајде сите да ми се јават на рапорт што викаа дека Нагатомо не бил проблем односно дека не играл лошо. Искрено ако има погодено еден центаршут сезонава ја го сечам, а настрана играта во одбрана каде го поминуваат како сталка. Поима нема сакатуријата бе, нек се гони што побрзо од тимов, да не му ја гледам таа искривена хобитска фаца. Не дека он е главниот проблем во тимот ама прв треба да лета. Ранокија мислам дека ги истроши сите кредити веќе, зашо срамота е ова што го прави. Секој меч ради негови грешки примаме голови.

За Гуарин немам зборови, каков талент, каква градба..., али коа Господ не му дал у тоа тимбата џабе е.

Третото место и не изгледа така недостижно али сепак со овој фонд на играчи недостижно е, за жал. Плус за да бидат трето место треба да сврзат едно добри 5-6 победи во серија, што мислам е немогуче.
 
Третото место и не изгледа така недостижно али сепак со овој фонд на играчи недостижно е, за жал. Плус за да бидат трето место треба да сврзат едно добри 5-6 победи во серија, што мислам е немогуче.

:pos:

Тие кутрите две победи со ред неможат да напрат,вакво нешто за Интер е научна фантастика....па од Парма изгубивме бе,зарем е потребен некаков коментар?...
 
Абе зборам хипотетички, што би ни било потребно за да пркнеме, ама пишав дека е невозможно. Ќе тепаме една-две утакмици и ќе изгубиме од Парма а притоа тоа ќе им биде единствената победа у сезоната. Е таков шит е Интер.
 
Возможно е, постојат секакви серии, победнички, губитнички... еднаш имавме ненормална серија нерешени. Секое коло се кандисував да одам да уплатам и се премислував, што пара можев да направам тогаш... кога конечно се решив да уплатам, Интер ко Интер...

Во моментов единствена серија што може Интер да ја направи е Титаник. Радувајте се на по некој блесок, како вчера на пример кога постигнавме два гола. Тоа не е мало достигнување.
 
bokirene.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom