Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Адам не разликувал добро и зло,

Да де, Адам бил робот и немал појма ш‘о пра‘и...

Ај почни со Постанокот, каде е убо‘ напишано дека Бог го створи Адама не како дебил, туку како разумно, слободно волно и кон добри дела склоно битие.[DOUBLEPOST=1419023571][/DOUBLEPOST]
Ако Бог е сезнаен и семоќен, можел да го предвиди секој можен исход и да го спречи доколку не требало да се случи.

Доколку Бог лично упаднал и го спречил Адамовиот избор, тогаш сам Бог, кој на Адама му всадил слободна волја и разум, би бил укинувач на она кое Он самиот веќе го дал.[DOUBLEPOST=1419023644][/DOUBLEPOST]
Тоа е концепт на политеизмот - многубожтвото.
Ако постои само еден креатор, тогаш се е негова креација, се е негово дело.

„Јас се согласувам со моето мислење„, вели еден мој колега...:icon_lol:
 
Да де, Адам бил робот и немал појма ш‘о пра‘и...

Ај почни со Постанокот, каде е убо‘ напишано дека Бог го створи Адама не како дебил, туку како разумно, слободно волно и кон добри дела склоно битие.

И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло“

дури од ко касна од плодот узна Адам што е добро а што не
 
Доколку Бог лично упаднал и го спречил Адамовиот избор, тогаш сам Бог, кој на Адама му всадил слободна волја и разум, би бил укинувач на она кое Он самиот веќе го дал.:icon_lol:
Ако Бог не го спречил тој избор затоа што би бил укинувач на она кое тој самиот го дал, тогаш зошто истиот тој избор го смета за грешка? За проклетство? За зло?
 
И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло“

дури од ко касна од плодот узна Адам што е добро а што не

Кога Адам к‘сна од погрешното воќе, Адам не стана бог: да станеше, немаше да умре.

Со погазувањето на првата Божја Заповед до човекот (во Рајот), Адам покажа непослушност кој својот Творец, а секоја непослушност кон Бога е грев, која има последици.[DOUBLEPOST=1419024217][/DOUBLEPOST]
Ако Бог не го спречил тој избор затоа што би бил укинувач на она кое тој самиот го дал, тогаш зошто истиот тој избор го смета за грешка? За проклетство? За зло?

Секое противење на доброто, само по себе е зло. Така, по учењето од Црквата, злото не постои, нема своја смисла и суштина (Постанокот никаде не вели дека злото е створено!), па затоа злото настанува само ако слободноволно битие се инаети кон веќе створеното добро, односно, зло е секое извртување на доброто.

Затоа, лукавиот ги излажа Адама и Ева не со апсолутна лага, туку со извртена вистина.
 
Кога Адам к‘сна од погрешното воќе, Адам не стана бог: да станеше, немаше да умре.

Со погазувањето на првата Божја Заповед до човекот (во Рајот), Адам покажа непослушност кој својот Творец, а секоја непослушност кон Бога е грев, која има последици.[DOUBLEPOST=1419024217][/DOUBLEPOST]

Секоте противење на доброто, само по себе е зло. Така, по учењето од Црквата, злото не постои, нема своја смисла и суштина (Постанокот никаде не вели дека злото е створено!), па затоа злото настанува само ако слободноволно битие се инаети кон веќе створеното добро, односно, зло е секое извртување на доброто.

Има и нешто друго кое мене не ми е јасно. До пред каснување од јаболкот адам и ева не се множеле, не се ниту сексале, така му доаѓа. Ваљда тоа е делото на каснувањето од јаболкото станале свесни за тоа и зато виделе дека се голи па се покриле.
 
Адам и Ева биле голи и пред да згрешат, имале отворени очи и пред да им се отворат, но биле и облагодатени, енергески „покриени„ преку своите тела, со благодатта Божја, а воедно, Адам и Ева биле непорочни и неострастени.

„Покривањето„ на нивните тела е последица од првиот грев, кога телата им стануваат смртни.
 
Адам и Ева биле голи и пред да згрешат, имале отворени очи и пред да им се отворат, но биле и облагодатени, енергески „покриени„ преку своите тела, со благодатта Божја, а воедно, Адам и Ева биле непорочни и неострастени.

„Покривањето„ на нивите тела е последица од првиот грев, кога телата им стануваат смртни.

друже, имале ли секс или немале пред каснувањето на јаболкото?
 
Со погазувањето на првата Божја Заповед до човекот (во Рајот), Адам покажа непослушност кој својот Творец, а секоја непослушност кон Бога е грев, која има последици.[DOUBLEPOST=1419024217][/DOUBLEPOST]

.
Oд каде да знае Адам што е добро а што не. Адам немаше поим што е добро а што не. Секоја слободна воља се базира на тоа да знаеш, да разликуваш добро од лошо. Адам немаше таква способност.
Зато и велам, за да се разбере, како на далтонист да му дадеш да избере црвено топче од куп црвено и зелени топчиња и да го казниш ако не избере правилно
 
Секое противење на доброто, само по себе е зло. Така, по учењето од Црквата, злото не постои, нема своја смисла и суштина (Постанокот никаде не вели дека злото е створено!), па затоа злото настанува само ако слободноволно битие се инаети кон веќе створеното добро, односно, зло е секое извртување на доброто.

Затоа, лукавиот ги излажа Адама и Ева не со апсолутна лага, туку со извртена вистина.
Ако Бог е совршено и апсолутно битие, ќе може да ги предвиди и спречи сите непотребни, штетни и погрешни исходи, доколку тоа не е случај, доколку од гледна точка на Бог постои било што кое тој го перцепира како непотребно, зло, проклето...тогаш тој не е апсолутно битие, не е Господ.
 
Толку се разбираш ти од мудрост. Господ Бог го користи злото за добро. На крај ќе видиш како ќе биде изигран сатаната. Само тоа не може преку ноќ да се случи, и затоа сатаната тргнал во војна.
 
Што би правел јас без мудроста ваша!
 
друже, имале ли секс или немале пред каснувањето на јаболкото?

Имале

27 И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
28 И ги благослови Бог, и им рече: “Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа.....
 
Не си во право, првите потомци се родиле после јаболкото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom