Ама у фонд ќе ти одат парите, што се секираш?
Бедници до крај.. Во соопштението на сајтот на ПИОМ многу јасно стоеше кои категории се изземени од плаќање придонеси (функционери, спортисти и сл), а и на правилниците за пресметка се повторени истите.
Сега одеднаш, кога видоа дека колку очигледно дискриминирачки е тоа ОП, ќе плаќаат и функционерите кои земаат хонорар по основ на авторски договор/договор на дело. МАЈ ЕС ќе плаќаат. Ќе измислат сега нов тип на договор. Функционерски.
Прави професионалци се, нема што.
Мхм, ќе плаќа ако треба не е проблем. Ама ете, што да прави кога не треба.
Не е дискриминација, на кого каква му била среќата.
Јас се кладам дека услов за да се даде поддршка за мизеријава од закон била да се изземат ненаситниве биволи.
За мене ова е ирелвантно но во интерес на вистината уште еднаш
2. Договори кои не се опфатени согласно законските одредби од ЗПЗСО:
- Примања на професионални спортисти (премии, трансфери),
-
Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица),
- Надоместок по основ на стипендии,
- Договори за јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа,
- Договор за закуп,
- Волонтерство согласно со закон,
- Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници,
- Надоместок за врвни спортисти,
- Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
****
Сега тоа што некој намерно од медиумите го протолкуваа тоа како изземање за дог за дело и авторски договори тоа е друга работа. Јасен е членот и на секој правник му е јасен.