Рулет онлајн. Сигурен систем 100%

  • Креатор на темата Креатор на темата *Orce*
  • Време на започнување Време на започнување

*Orce*

*ORCE*
Член од
14 мај 2009
Мислења
19
Поени од реакции
18
Имам мало искуство во играње на рулет, но имам многу прочитано. Ке бидам краток и ке се обидам што е можно подобро да објасно како функционира ова.
Рулетот неможе никој да го победи, имам неколку пати ставено и играно по сите сите системи и на крај најдов начин како.
Ке напишам како успеав.
Јас и уште двајца другари правиме акаунти на онлјан казино. После два дена добиваме порака за триплбонус. За 80 евра ставени добиваме бонус од 240 и играме со 320. Ова го нудат скоро 80% од казината онлајн.
Влог 80 + 240 бонус = 320 евра за игра ( моја уплата),
Влог 80 + 240 бонус = 320 евра за игра (уплата на пријател)
Влог 80 + 240 бонус = 320 евра за игра (уплата на пријател)
Седнуваме на иста маса на онлајн вртење каде што топчето го врти човек :).
- казиното мора да биде отворено од различни компјутери од различни рутери за да може да играте на иста маса.
-телефонски се договараме во исто време да ставиме пари на рулетот.

Јас ставам 311 од 1 до 12 и на нулата 9.
Другарот става 311 од 12 до 24 и на нулата 9.
Другион другарот става 311 од 24 до 36 и на нулата 9. (на нула ставаме сите во случај да падне пак да изиграме)

Се паѓа на пример *2*. Мојата добивка е 3*311=933 евра а они губат.
933 за да ги извадам морам да направам "бет" (вкупен број на ставени пари, односно да ги "превртам" парите од ставено до 9600 евра. Да ставам 96 пати по 100 евра на рулетот). Ова е услов на повеќето казина за да можеш да ги извадиш парите.

Одкога ке добијам 933 евра за да ги извадам мора да играм БЕТ до 9600 евра.
Ставам 100 на црно 100 на црвено и 6 на нула ( губам 6 евра во случајов) Имам бет од 206 евра
Ова го правам 47 пати и губам 47*6=282 евра ама имам бет од 9600 евра и може да вадам.

Е сега математика е следна. 3 луге по 80 евра уплата е еднакво на 240 евра.
Еден добива 933 евра.
За вадење поради БЕТ од 9600 евра губи 282 евра и му остануваат 651 евро.
651 евро кога ке ги вадиш ти го зимаат бонусот од 240 и ти остануваат 411 евра
411 ги делите на тројца и имате 137 евра
137 евра - 80 вложени = 57 ЗАРАБОТЕНИ
Ова е мој начин и си го крстив ***легална превара*** која функционира.
Чекам ваше мислење за ова. :)
 
Тешко е да ти ја сконта некој поентата како го праиш тоа.. али свака Час за тоа што ги праиш, кул е скроз....
Кажи ми за колку време колку пари напраи и колку изгуби, .т.е колку си напраил чист профит од целиот муабет? :)
 
мислам прогресија со почетен влог од 1е би било ок у играва и се сосема доволни со бонусот што ти го даваат...
со форсирање на една боја сигурен е ќарот само мењај сајтови и не прави мн пари во денот за да не станеш сомнителен :)
 
Или можете сите да седите еден до друг со компјутерите - еден од домашниот интернет и двајца од 3Г.
 
Кога ќе ти ги репнат тие 3-400 евра и тебе и на другарите за превара, тогаш да видам дали ќе бидеш толкав ентузијаст.
 
Колку ќе си зиан ако еднаш во овие
Ова го правам 47 пати и губам 47*6=282 евра ама имам бет од 9600 евра и може да вадам.
излези зелено наместо црно црвено и утниш 200 евра ? :D
 
Ни зијани ни губи црно црвено плус може и на сите линии да стаи едини ризик му е нулата.Али и со одреден влог секоја рака на нулата може да добие.
Финтата е што ова се смета за измама и нема шанси да се земат парите.
 
И цела мака за 50 евра ќар, и овај бонус го нема во сите казина, и колку се онлајн казината од кој што можиш да се регистрираш од Македонија?
 
мислам прогресија со почетен влог од 1е би било ок у играва и се сосема доволни со бонусот што ти го даваат...
со форсирање на една боја сигурен е ќарот само мењај сајтови и не прави мн пари во денот за да не станеш сомнителен :)

Прогресија тешко веќе, знае да влече иста боја едно 15 пати па дури и повеќе, ако играш прогресија тогаш треба да најдеш Live Casino соба во која што ќе играат барем над 20 луѓе, бидејќи така нема шанси да дава иста боја толку пати, оти ако си сам во соба тогаш ништо не правиш.

И цела мака за 50 евра ќар, и овај бонус го нема во сите казина, и колку се онлајн казината од кој што можиш да се регистрираш од Македонија?

Он почнал со 80 евра, земал 50 евра, замисли да почне со 300-400 евра?
Има доста онлајн казина кои што можеш да се регистрираш со Македонија како земја, исто така и бонусите се достапни за истата.

Друго што треба многу да се пази е исто интернетот и компјутерот, доколку ти замрзне еднаш тогаш готово, отидоа сите влогови у вода, пошто таму многу малку време има за вложување, 20тина секунди.
 
Ако почне со 300-400 евра ќе добие нула, т.е. ќе ги изгуби вложените пари. Овие т.н. системи можно е да функционираат само еднаш. Едноставно не се исплати ризикот.
 
Ни зијани ни губи црно црвено плус може и на сите линии да стаи едини ризик му е нулата.Али и со одреден влог секоја рака на нулата може да добие.
Финтата е што ова се смета за измама и нема шанси да се земат парите.
Ни нулата не му е ризик затоа што става 6 евра на неа на секое вртење, а ако падне 0 може да добие 216. Но како што рече во првиот пост, ова треба да се направи 47 пати. А ако успееш ова да го направиш повеќе од 5 пати без да те спречи казиното да играш ондак играш во најглупото казино на свет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom