Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не е потребен грб, зошто го менуваат врз основа на некаков си континуитет? Кога пред 400 години Македонија имала како држава или кралство лав за грб?
Од @jonovski сеуште чекам одговор зошто хералдичарите во 90тите предложиле еден, а сега сосем друг (да цитирам од некои текстови-треба да најде нов грб од грбовите на Александар). Која е причината за тоа менување на мислењето и дали смета дека се ќе помине така лесно во меѓународните односи.

@Io Sono Interista во ред цело минато не може да се изрази преку 1 симбол. Но кое минато го изразува лавот? Ако знаеме отприлика кога е создаден овој симбол и ако знаеме отприлика кога е основано првото ВМР движење, чиј е овој симбол и кој ќе се поистовети со него?
Не знам зошто ти е потребен симбол (грб) за да се сеќаваш на своето минато.
која е тогаш реалната потреба да го променат на оние кои сакаат да го променат? Што ќе добијат со тоа освен еден амблем. Истата логика може да се искористи двонасочно
 
Последно уредено:
@ZОТЕ , пак сега одлучи се, до лавот е проблемот или до бојата? Ти ја разбирам поентата со негативот, добар трик е тоа, во негатив исто ќе изгледаат. Се согласувам дека треба да има нешто што ќе прави разлика, штитови некакви, што знам. Сега прашање: кога би се изменил предлогот на тој начин да има лав, ама да се разликува (осетно) од партискиот на вмро, дали би бил прифатлив за тебе и зошто не?

Друго чисто како пример, кај албанските партии има орел како грб (ДПА мислам) па не гледам да си ги вадат очите зошто национален симбол се користи како партиски. Кај нас можеби проблемот е што прво симболот беше употребен од партија а дури подоцна ќе стане национален, па дел од населението поинаку го перцепира.

Значи симбол кој ќе ги обедини сите Макеоднци, значи симбол кој нема да има поделби партиски и слично. Таков симбол треба да се направи и мислам дека ќе нема проблем сите партии да го прифатат и народот исто така.

Значи не може да се направи симбол на лав кој нема да личи на тој партискиот.

Зашто не се откажат од партискиот грб? Ќе ми одговори некој мене на ова прашање? Зашто ме убедуваат во искреноста и различноста на грбовите?
 
Македонците ќе се поистоветат со него, исто како Албанците што се поистоветуваат со црниот орел или Србите со белиот. Во што е проблемот тука?

Точно е дека истата логика може да се примени за неменување и тука нема ништо спорно. Да се разбереме мене не ми смета овој грб што го имаме сега, но верувај дека некоја коалиција (можеби и оваа истата) кога тогаш ќе го смени и тогаш ќе го бараш ова што се нуди сега. Нема дно до каде можеме да отидеме, ова е пристојна можност за еднонационален симбол без рамковни срања, и не верувам да се укаже повторно.[DOUBLEPOST=1418483645][/DOUBLEPOST]
З
Зашто не се откажат од партискиот грб? Ќе ми одговори некој мене на ова прашање? Зашто ме убедуваат во искреноста и различноста на грбовите?
Веќе ти одговорив, нема потреба да се откажат од партискиот грб, еве и ДПА го употребува националниот симбол па од ДУИ не мрчат ништо околу тоа. Се согласувам дека има потреба да грбот изгледа доста поразлично од партискиот во негатив.

Ти каков симбол сакаш да не обедини национално, овца?
 
Тука е проблемот. Македонецот ќе се поистоветува со лав. Тој сега не се поистоветува со лав. Како што не се поистоветувал претходно со венецот, но со време се поистовети. Јас не сум историчар, но сметав на издржани одговори од историски аспект. И јас и многу други. Инаку се може да му се наметне на народот ако така гледаме.
 
Македонците ќе се поистоветат со него, исто како Албанците што се поистоветуваат со црниот орел или Србите со белиот. Во што е проблемот тука?

Точно е дека истата логика може да се примени за неменување и тука нема ништо спорно. Да се разбереме мене не ми смета овој грб што го имаме сега, но верувај дека некоја коалиција (можеби и оваа истата) кога тогаш ќе го смени и тогаш ќе го бараш ова што се нуди сега. Нема дно до каде можеме да отидеме, ова е пристојна можност за еднонационален симбол без рамковни срања, и не верувам да се укаже повторно.[DOUBLEPOST=1418483645][/DOUBLEPOST]
Веќе ти одговорив, нема потреба да се откажат од партискиот грб, еве и ДПА го употребува националниот симбол па од ДУИ не мрчат ништо околу тоа. Се согласувам дека има потреба да грбот изгледа доста поразлично од партискиот во негатив.

Ти каков симбол сакаш да не обедини национално, овца?

Чим не сакаат да се откажат од партискиот грб значи не се искрени во своите намери.

Што има дуи да се буни кога дуи не ја преставува албанија, тоа е мојата логика. дпа не носи симбол на макеоднија, носи симбол на друга држава која нас не не тангира.

Јас сакам волкот да биде симбол кој ќе не обедини.
 
Овој па од политичка партија бара да била искрена во своите намери :pos:

А бе нас не не тангира нив ги тангира, истата ситуација е. Волк да те изеде...
 
Овој па од политичка партија бара да била искрена во своите намери :pos:

А бе нас не не тангира нив ги тангира, истата ситуација е. Волк да те изеде...

Ама ние не го бираме орелот? Ако го стават орелот на дневен ред тогаш можеш да посочиш.

ЕПа чим не с еискрени тогаш јасно се гледа која им е целта. Кога некој полицаец ќе с ешета со партиски грб, војската ќе има партиски грб. Фудбалерите, ракоемтарите, кошаркарите, сите спортисти ќе имаат партиски грб. Треба уште нешто да се додаде?

Што му фали на волкот? Чопоративно животно, у заедница живе, многу интелегнтно.
 
Ако го стават волкот на дневен ред тогаш можеш да посочиш.
 
Кој сака да чита за историјата на новиот предлог грб - http://marpedia.blogspot.cz/2014/12/the-new-coat-of-arms-of-rep-of-macedonia.html
На англиски е, со многу сликички и коментар. ЕКСКЛУЗИВНО! Има и за лавот кај старите албански семејства.

Кој сака да чита за лавот во Илинденскиот период и непосредно по осамосојувањето (значи 18-20 век), овде - http://marpedia.blogspot.cz/2014/12/18-20.html
Македонски јазик со мнооогу сликички. :)
 
Предлогот за грб со старото знаме и буквата М од 1992 година е од непознат предлагач, а единствено се спомнува во неколку медиуми, каде е даден и описот но не и точниот изглед
 
Јас уште еднаш ќе прашам зошто темава не може да се најде во подфорумот Општи муабети? Значи ја нема, не може да се пристапи до неа освен преку нотификациите поврзани со темата.

На темата:
Почна превирањето во ДУИ заради предлог-грбот.
http://telma.com.mk/vesti/lavot-go-uriva-neprikosnoveniot-avtoritet-na-ali-ahmeti
„Расправата на претседателството на ДУИ за владиниот предлог за нов државен грб со црвен лав на жолт штит, се претворила во отворено незадоволство кон лидерот Али Ахмети. Весникот ЛАЈМ оцени дека синоќа во седиштето во Мала Речица како кула од карти се урнал дотогаш неприкосновениот авторитет на Ахмети. Мнозинството членови на Претседателството биле против да се прифати таков грб, а некои од неговите најблиски соработници и отворено искажале несогласување што Ахмети го прифатил предлогот од Груевски. Меѓу нив, министерот за правда Аднан Јашари, за кого Алсат јави дека најавил оставка на функцијата, потоа градоначалничката на Тетово Теута Арифи, Гзим Острени, Хазби Лика, Садула Дураку, Џеват Адеми, Нора Алити, Зулфи Адили, Муса Мусаи. Четворица пратеници најавиле оставки. На Ахмети не му помогнала поддршката од Абдилаќим Адеми и Беким Незири. Кулминација на незадоволството се случила кога Ахмети покажал пишан договор со Груевски за прифаќање на тој грб, на што остро реагирал Гзим Острени. Ахмети го напуштил состанокот, а одлука не била донесена. ДУИ, која е типичен пример за затворена партија, денеска не комуницира со новинарите. Теута Арифи, која имаше работна посета на една населба во Тетово , не сакаше за Телма да зборува на таа тема.“

Историчари од Албанија и КиМ со поддршка за предлог-грбот:
http://telma.com.mk/vesti/lavot-ne-e-sporen-za-istoricharite-od-sosedstvoto
„...лавот е свртен кон запад, што значи дека Македонија е определена да се припои кон западното семејство.“ :facepalm:

Други со порадикални предлози
http://24vesti.mk/debata-za-predlogot-za-nov-drzhaven-grb
99981.jpg


Јас пак ќе прашам: зошто се крие дека предложениот црвен лав го симболизира Александар Велики, кој Албанците го сметаат за свој и поради што немаа ништо против Коњот врз воин или како и да се вика официјално споменикот на Александар поставен на тоа што остана од плоштад Македонија?
 
Јас уште еднаш ќе прашам зошто темава не може да се најде во подфорумот Општи муабети? Значи ја нема, не може да се пристапи до неа освен преку нотификациите поврзани со темата.
opsti.JPG
 
upload_2014-12-15_19-59-27.png

Screenshot_2014-12-15-20-08-15.png Screenshot_2014-12-15-20-08-52.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom