Едно лице запоседна кафуле во центарот на Сиднеј и киднапира околу 30 луѓе. Истражните органи сметаат дека е можно зад грабнувањето да стои приврзаник на Исламска држава. Полицијата воспоставила контакт со грабнувачот.
Плоштадот „Мартин плејс“ во центарот на Сиднеј е евакуиран, исто така и конзулатот на САД во непосредна близина, a Централната бакна е затворена. Ситуацијата во кафулето, кое истовремено е и продавница за чоколади и натаму е неизвесна. Засега е извесно дека се работи само за еден сторител, кој го зазема кафулето и најверојатно киднапира повеќемина.
Еден очевидец за австралиската телевизија ЕјБиСи информираше: „Вратата е затворена, тоа е чудно, таа никогаш не е затворена, еден маж со шапка и брада се шета наоколу, прво се слушна дека се работи за вооружен напад, потоа сите мораа да застанат на излогот и го покажаа знакот на терористичката група Исламска држава“.
Повеќемина луѓе во кафулето во центарот на Сиднеј стојат со подигнати раце на излогот на продавницата или со рацете се потпираaт на стаклотот и може да се види црн плакат со арапски букви.
Истражните органи сметаат дека е можно зад грабнувањето да стои приврзаник на терористичката група Исламска држава. Црниот плакат меѓутоа не го претставува знамето на терористичката група.
Премиерот на Австралија Тони Абот во кусото обраќање на телевизијата рече: „Во моментов не ни се познати мотивите на сторителот, дали има политички мотиви, но има знаци за тоа“. Полицијата сѐ уште го нема утврдено потеклото и мотивите на грабнувачот.
Според телевизијата ЕјБиСи во меѓувреме од кафулето успеале да побегнат седум лица. Претходно заменик шефот на полицијата во Сиднеј Кетрин Брн потврди дека во рацете на вооружениот грабнувач се наоѓале уште помалку од 30 луѓе. Полицијата во меѓувреме воспоставила контакт со сторителот, рече таа. „Но тоа ќе трае извесен период“, вели Брн.
Австралиската телевизија Канал 10 во меѓувреме информираше дека грабнувачот побарал знаме на ИД и телефонски разговор со австралискиот премиер Тони Абот. Според телевизијата сторителот тврдел дека во кафулето имало две бомби и дека депонирал уште два други екзплови на други места во градот.
Од септември во Австралија е подигнат степенот за тревога од тероризам, откако во Сидније беше уапсена гтупа приврзаници на Исламската држава. Тие тогаш планирале да киднапираат едно лице во Сиднеј и да го опезглават пред камера.
Австралија ги поддржува САД во борбата против терористичката група Исламска држава и е ангажирана во Ирак со повеќе стотици војници и некои борбени авиони.
Содржината е превземена од Дојче Веле
Овде може да ја следите заложничката драма во живо преку YouTube Live Stream каналот на Russia Today!
Според мене, ако е ова навистина напад на џихадист/и од ИД, изгледа навистина ќе ги исполнат заканите дека за Божиќ ќе извршуваат терористички напади.