Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
inace ne se kontraj zasto bliska borba od vakov tip e pozaebana i poteska od onaa na sirok front..Ova mislam deka mozat da ti go potvrdat drugive momci od tuka
Зависи од ситуацијата,од индивидуата и највеќе од непријателот.Ако непријателот располага со тешка артилерија и авијација,а ти не,тогаш би било самоубиство да се обидеш фронтално да му се спротиставиш.
Така да,нема правило,за кого-како и кога-како..
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619

Џабе ти е артилерија и авијација ако имаш ископано ровови од куќа до куќа,цели патеки,високи по метар-метар ипол.Ќе има жртви,ама пак нема да го исчистиш селото.Арачиново беше баш таков случај,го гранатираа цело време и на крај кога почнаа да влагаат ЕСН и ЕСЗ од една страна и од друга регуларна полиција и Лавови и ПЕП,се стопираше акцијата.

Иако и тие бомбардирања не беа скроз со одврзани раце,пример надлетуваа само 1 или 2 сухои од можни 4,1 или 2 хеликоптери од не ми текнува точен број но ги имаме многу повеќе на располагање...тенковите беа далеку од сите употребени и ред други работи.Се наредуваше да се тргнат на резервни аеродроми хеликоптери,авиони,тенкови...
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381

Точно е тоа што си го напишал, ама тоа се однесува на фронтална војна.Задачата на спец. единици е неконвенционално војување на територијата на непријателот, што значи мала група на специјалци да нападне цел на непријателска територија. Тука факторот бројка, артилерија, тенкови и др паѓа во вода.
 
Така де.Тоа и пишав,зависи од ситуацијата,од индивидуата и највеќе од непријателот.Под ситуација спаѓаат и специфичностите на теренот,фортификациите,итн..Во конретната ситуација,обид за фронтална борба ќе беше рамен на самоубиство за учките.
Исто така,ако во конкретната ситуација,учките наспроти себе имаа политички помоќна држава,ќе лапаа напалм и немаше многу фајде да видат од фортификациите.[DOUBLEPOST=1418573958][/DOUBLEPOST]
Точно е тоа што си го напишал, ама тоа се однесува на фронтална војна.Задачата на спец. единици е неконвенционално војување на територијата на непријателот, што значи мала група на специјалци да нападне цел на непријателска територија. Тука факторот бројка, артилерија, тенкови и др паѓа во вода.
Па добро,не беше муабетот за диверзии,општо беше,што е позаебано,или барем јас така го сфатив.Борба во населено место може да искрсне во мал милион ситуации,апсења,чистење на терен...
Инаку,секоја планина си има своја тежина,за мене фронталниот начин на војување е најзаебан.Затоа и пишав,за кого-како и кога-како.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Џабе ти е артилерија и авијација ако имаш ископано ровови од куќа до куќа,цели патеки,високи по метар-метар ипол.Ќе има жртви,ама пак нема да го исчистиш селото.Арачиново беше баш таков случај,го гранатираа цело време и на крај кога почнаа да влагаат ЕСН и ЕСЗ од една страна и од друга регуларна полиција и Лавови и ПЕП,се стопираше акцијата.

Иако и тие бомбардирања не беа скроз со одврзани раце,пример надлетуваа само 1 или 2 сухои од можни 4,1 или 2 хеликоптери од не ми текнува точен број но ги имаме многу повеќе на располагање...тенковите беа далеку од сите употребени и ред други работи.Се наредуваше да се тргнат на резервни аеродроми хеликоптери,авиони,тенкови...
Другарче повеќе пати сум ти кажувал и пак ќе ти кажам.У арачиново први влегоа волците како и секогаш тие се водат според нијното мото кое знаеш како гласи,тие беа првите на борбената линија.После дојде и еден тим од 8 души на есз предводени од генерал мајор стојанче ангелов.Волците чистеа напред а тигрите беа позади нив ги проверуваа куќите и лешовите на учките.Се додека на вториот ден од офанзивата на арачиново го погодуваат стојанче и тигрите бегаат од селото и до прекинот на огнот не се ни враќаат.Останатиот расположлив состав на тигрите и доброволци на пеп беа во брњанци соседното село на арачиново каде исто така се водеа многу тешки борби во кои загинаа 3 тигри и еден пеп од струмица.Лесна им земја.Еден од нив беше мој сограѓанин сега да не му го пишувам името и презимето оти сум го спомнувал повеќе пати.Тој,уште еден тигар и типацот од пеп умираат од армиска граната,додека третиот и најмладиот од тигрите учките го погодуваат во главата.Поради тие 4 загуби полицијата односно ЕСЗ и ПЕП се повлекуваат од селото и тоа останува во рацете на учк.Тој третиот најмладиот од неговото погодување во главата веднаш го префрлуваат во амболантата и живее на апарати како обичен предмет.И ако не се лажам така живее 6 дена кога мајка му се согласува да го исклучат од апаратите.Нека му е лесна земјата
Исто така другарче лавовите да беа формирани тогаш ама тие не учествуваа во ниедна борбена акција,тие единствена работа им беше кога заврши војната ги обезбедуваа и чуваа кризните жаришта како радуша,тетово и неговите села,кумановските села како прво слупчане и другите.Толку од мене
:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Лавовите беа и во неколку села,како Жилче,каде што биле спакувани жителите да бегаат но кога дошле они се осетиле сигурно и останале.Самиот факт што самата Лавови беше од доброволци,е доволен доказ за нивниот патриотизам.Не заборавај дека после 2001 имаше голема работа МВР за чистење на населби и села од учките,за кои можеби не знаеме,а сигурно била вклучена единицата,бидејќи беше со најголема бројност,а и добра обученост.

Престани да ги омаловажуваш останатите единици,сите се бранители од прв до последен,и не ИЗБЕГАЛЕ тигрите туку добиле НАРЕДБА да се повлечат.Не зборувај со толкава сигурност за се,бидејќи сите твои а и мои информации се од други луѓе-постари,кои што можеби и биле во таа 2001.

И тоа повлекување на ПЕП и ЕСЗ од другата страна,не знаеш дали било од што се уплашиле,а јас верувам дека не било поради тоа,туку поради наредба.Од таа 2001 се збогатија многу луѓе,посебно оние на позиции во МВР.

И за крај,каде била во сево ова обичната армија,тоест шкорпиони и леопарди ? и каде биле извидниците,соколи,останатите единици ?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Не омаловажувам само поради една причина а тоа е што нашата полиција во тоа време немаше никаква обука за таков тип на борба тоа се однесува и за есз.Единствено специјализирани за таа работа беа ЕСН.Другар можеби било наредба,а можеби и поради загубата се повлекуваат ама не е битно,битното е што тројца луѓе паднаа од армиска граната.За во брњанци ептен убаво знам пошо чичко ми поранешен главен инструктор на есз со 11 години стаж во единицата беше во брњанци.Тој и мојот сограѓанин што умре во брњанци беа еден до еден,сеуште се сеќавам наредниот ден беше погребот.Многу значи ептен многу тигри имаше на погребот на човекот,и чичко ми беше тука лицето му беше целото пожолтело од тоа што го видол а замисли 11 години беше во есз.Сега е главен во обезбедувањето на Б.Ц
А за останатиот дел на армијата не знам.Има луѓе кои биле во војната и во битката за арачиново тие ако знаат нека пишаат.Соколите во 2001 не беа формирани,а извидница не можеш да пуштиш да чисти село со фронтална тип на борба.
 
UncleSam

Будока
Член од
23 јануари 2011
Мислења
269
Поени од реакции
509
@Semper Fi не е толку важно, но чисто информативно, селото се вика БрњаРци.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Соколи се формирани 1992 година, подоцна одат под ЕСН, учествуваат во 2001.После војната се враќаат под ВИНГ, се до циганот кога умре и ставање забрана за падобраснтво, сега се еден вод другите се под бсн и РБ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom