Да да дискриминирачки и ограбувачки затоа што треба да платиш тоа што на црно работиш а во социјално си пријавен како невработен.
На крај краева за ваше општо добро е бидејќи на старост кога нема да можете да работите ќе имате барем какви такви приходи или и тогаш ќе бидете на социјална цуцла и уште повеќе ќе плукате по државата.
Да беше за наше добро немаше да се буниме, нели?
Авторскиот договор не е работа на црно, не знам од кое ќоше на умот ја извади таа логика.
Во социјално си пријавен како невработен, зошто и бил пријавен како вработен кога еве да речеме си сликар, или графички дизајнер, преведувач и слично кој работи на хонорар од проекти, а нема постојана работа.
А и тие кои работат со склучен договор на дело, никој не смее да ги обврзува да плаќаат придонеси, кога можеби иститие не сакаат да ги користат. Зашто некој да ме тера да плаќам здравствено, кога и онака мој термин е тешка пропаст и секако ќе се обратам на приватен лекар.
Дискриминирачки е затпа што одредени групи на луѓе се бесрамно изземени од законот. И тоа оние со најголеми примања.
Или и тоа не ти пречи?
Да, супер е да имаме примања во нашата старост, ама и до тогаш ќе треба да живееме некако, не мислиш?
А кога станува збор за социјална цуцла, тоа да одиш и да им го кажеш на оние што се истепаа за работа на државно место. затоа што во случајов НИЕ хонорарците ќе им ја плаќаме нивната социјална цуцла.
И ДА, ќе плукам по државата се додека прават вакви моронштини.