Арачот во турско бил 1 од 10. Пример, јас имам 10 јаболки, 1 за турчинот, 9 за мене, ако немам ништо, ништо не ни бараат. Тоа се цели 10% данок, ама од она што го имаш произведено, а денес кога ке ти акнат казна 5000 евра за 1 кутија патики која немала декларација, па ти дали имаш, дали ти е новоотворен бизнисот, никој не те прашува,или пломба ке ти стави и ке чекаш од небо да ти паднат пари за да плаќаш кредит со кој си го отворил дуќанот, па сега видете кој к*р го јадеме ние денес.
На лингури им е дадена моќ, ама исто како што им е дадена може да им биде одземена + казна за лингуришање на работна позиција, па после да ги видам кога ке немаат моќ што,каде и како ке работат, се се враќа како бумеранг, карма е правилниот израз.
Има ли останато Македонец од некоја стара расна лоза и кога ке седне кај што му е местото?
Понекогаш се прашувам дали нашите иселеници испаднаа поголеми патриоти од тие што останаа овде и дали ние ке придонесеме повеќе за Македонскиот народот, ако се иселиме во некоја економски појака држава?
Печалбарите повеќе заработуваат од нас, пари влеваат во државава преку нивните фамилии кои останале овде и лобираат за Македонија.
Ние, јадеме бурек и бели пецива со 200 евра у џеб.