Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Kako не е возен ич,а си го гледал на водно.
Според ,мене цената е висока,али и лазе знае да ги опердаши доста кога им ги продава бајковите.

Одам пред 2-3 недели да прашам за педали и ми вели 7000 денари.
Што педаљи ќе беа за 7000:zver:
ами што е Водно да го качиш со тој бајк по асвалт, мојон што е со послаба опрема на извртени 4 000 по земја, камења па нема мука сеа за сеа, иначе ете бајкот се продаде за една вечер, кога го ставија, тогаш и отиде...

а педали јас пред 2 месеци си нарачав од chainreactioncycles ( http://www.chainreactioncycles.com/mk/en/shimano-m530-spd-trail-mtb-pedals/rp-prod67249 ) стигнаа за 3 недели, ако не ти се брза нарачај си...
 
За квалитетни делови, само Chainreаction, се што сум порачал до сега од кај нив немало промашај. Плус цените им се топ, поефтини се од кај нас.
Ако бараш Ок педаљи оди во Бајкстоп, знам летото имаа од Wellgo (платформа). Или пак овие, сепак поефтини од кај Лазе, гледам доста ги возат DH и ги фалат.
Едина мана е то шо се плаќа 10%данок и 18%ДДВ, јас од кај нас ништо немам купено, све земам од чеинриекшан. Но некогаш кај нас на царина не ни ги отвараат пратките, некогаш ко за беља ќе ги отворат, то е будалска држава и слепци љуѓе.
Корисничката поддршка им е одлична, едноставно нема промаш со нив, се што продаваат им е со висок квалитет и одлични цени.
 
а педали јас пред 2 месеци си нарачав од chainreactioncycles ( http://www.chainreactioncycles.com/mk/en/shimano-m530-spd-trail-mtb-pedals/rp-prod67249 ) стигнаа за 3 недели, ако не ти се брза нарачај си...
Добро, ти возиш SPD, јас ги мразам. Топ се за пумпање темпо, ама и добри за паѓање, посебно ако не си навикнат, како мене. :D
Инаку со душа ги чекам овие да ми ги донесат, Shimano Saint MX80, викаат топ педаља. Ќе видиме на пролет што ќе кажат. :)

1859582_1.jpg
 
Ами нов сум и јас релативно со спд, денес баш на средно при тргнување се залепив на земја хаха, еден дедо ми вика ти дечко у место бе паѓаш, како ли возиш :D
за земја помагаат многу, точакот баш го владееш, нема бегање лево десно, да ти излизгаат нозе, да те исфрли од точак ради дупка...
Прв пат коа отидов со спд на чистилиште, паднав 5-6 пати :)
 
Добро, ти возиш SPD, јас ги мразам. Топ се за пумпање темпо, ама и добри за паѓање, посебно ако не си навикнат, како мене. :D
Инаку со душа ги чекам овие да ми ги донесат, Shimano Saint MX80, викаат топ педаља. Ќе видиме на пролет што ќе кажат. :)

1859582_1.jpg
Од CR ги нарача? И колку те коштаа? Колку што знам овие ги користат 99% за даунхил. :D
 
Пријател од странство ќе ми ги донесе. Инаку, неполни 50 ЕУР ме чинат. На попуст.
Точакот ми е All mountain геометрија и сакам поагресивно офроуд да возам. Така да добро ќе ми дојдат.
 
Уште го имаш Спешалајзот или се поднови?
 
Едина мана е то шо се плаќа 10%данок и 18%ДДВ, јас од кај нас ништо немам купено, све земам од чеинриекшан. Но некогаш кај нас на царина не ни ги отвараат пратките, некогаш ко за беља ќе ги отворат, то е будалска држава и слепци љуѓе.
Корисничката поддршка им е одлична, едноставно нема промаш со нив, се што продаваат им е со висок квалитет и одлични цени.
До 45 евра не се плаќа.
 
Добро, ти возиш SPD, јас ги мразам. Топ се за пумпање темпо, ама и добри за паѓање, посебно ако не си навикнат, како мене. :D
Инаку со душа ги чекам овие да ми ги донесат, Shimano Saint MX80, викаат топ педаља. Ќе видиме на пролет што ќе кажат. :)

1859582_1.jpg
5кa педaлa. Претежнo се кoтисти зa дх и aм. Нoгaтa вooпштo не се лизгa, дури и нa влaжнo време...
 
До 45 евра не се плаќа.
До 22.5 евра не се плаќа, од 22.5 до 45евра само 18% ДДВ, над 45 евра данок и царина. Пак ќе речам, реалноста е поинаква, мене 70% од пратките не ни ги имаат чепнато, за другото сум платил.
Се е до царина, нешто врви нешто не, како ќе им се фати уз рака така.
 
Да го имам, но само рамката остана од него. :)
И јас имав едно време замисла да го правам "агресивен", ама не му стои на таков точак...
 
од кога стана и ти стручњаќ? Зошто да не му стојат педаљите. А и на крајот не се тие за убавина на точакот туку за грип да имаш на ногата. Размисли малце пред да пишувш.
 
Не сум, не се ни правам стручњак. Само кажав дека најчесто тие педаљи ги возат ДХ. Стварно незнам во што сум го докажал мојот експертизам. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom