Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
За на снег, и за даунхил... ако имаш како да се качиш горе а да не педалираш. ;)
 
друг форум, или фб група освен оваа на кајганa дали постои ?
Ништо, слабо. Порано имаше посебен форум за велосипеди, сега веќе не постои. На FB мислам дека има уште една група како Sporty sale, само не знам точно како се викаше (барај во search), ако ти е за тури, барај Bike cruising. Овде, на темава, веќе џабе пишуваме заради квази (Google) експертиве. :)
 
При расчистување денес во подрум најдов еден стар кинески велосипед(дури сум заборавил дека го имам):).При мала проверка видов дека се е во ред,освен амортизерот напред и една сајла за преден менувач,па ми дојде идеја да си го средам за низ град.:bravobe:

Е сега ме интересира дали се наоѓа воопшто добар амортизер за кинескиве велосипеди?Станува збор за врат 1 инч.Моментално има zoom,и е во лоша состојба,па би сакал кога веќе го менувам да ставам нешто подобро.

Дали воопшто имам некој избор за 1 инч или принуден сум повторно да одам со амортизер од класата на зоом?
 
Вилушка без амортизер, + синглспид конверзија? :)
 
Само кај Арсо, позади Вучко да прашаш. Тој има нешто делови останати од времето. За синглспид ќе треба да вложиш пари, што не ти се исплати за таков точак.
 
Кој е при пари и мераклија на јаки точачиња....
нека зима ич нека не се мисли, бајков е лудница и не е возен ама ич, не е развозен уште...
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/permalink/496700467134531/
Дај стави слика, кај мене не го отварат нешто, да му фрљиме некој опуљ.
 
100ka имаш м-4 за толку го продава 10 месеца работа

10849937_10203479405091364_7009591230702215793_n.jpg

10675541_10203479404091339_8415014930915073350_n.jpg
 
Кој е при пари и мераклија на јаки точачиња....
нека зима ич нека не се мисли, бајков е лудница и не е возен ама ич, не е развозен уште...
https://www.facebook.com/groups/201303700007544/permalink/496700467134531/
100000 денари.Не е малку претерана цената или така ми се чини мене ?[DOUBLEPOST=1418107821][/DOUBLEPOST]
Само кај Арсо, позади Вучко да прашаш. Тој има нешто делови останати од времето. За синглспид ќе треба да вложиш пари, што не ти се исплати за таков точак.
Не е за синглспид.Туку ориент 24 брзинец,ама амортизеров отишол и така остана фрлен.
Просто не верувам дека има за овие добри амортизери,па ќе набавам изгледа повторно зоом :(
 
Претерана е цената, еве бајк со скоро слични компонентни и стар колку овој за дупло помала цена.
Онде му се собрале другарчињата од клубот и го фалат за да ја лапни јадицата.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1408649
 
Ами 84 лајкови за една ноќ, сите ли му се од другарчињата од клубот, беспари е точаков...бар според мене, за тие пари, подобар точак не сум сретнал до сега.

29ка, rockshox sid, formula kocnici, Sram X0....нов е дупла цена, сум го гледал на Водно бајков, не е возен ич....дечково е мераклија само на бајкови, па си нарачал нов.
 
Kako не е возен ич,а си го гледал на водно.
Според ,мене цената е висока,али и лазе знае да ги опердаши доста кога им ги продава бајковите.

Одам пред 2-3 недели да прашам за педали и ми вели 7000 денари.
Што педаљи ќе беа за 7000:zver:
 
Одам пред 2-3 недели да прашам за педали и ми вели 7000 денари.
Што педаљи ќе беа за 7000:zver:
За квалитетни делови, само Chainreаction, се што сум порачал до сега од кај нив немало промашај. Плус цените им се топ, поефтини се од кај нас.
Ако бараш Ок педаљи оди во Бајкстоп, знам летото имаа од Wellgo (платформа). Или пак овие, сепак поефтини од кај Лазе, гледам доста ги возат DH и ги фалат.
 
Последно уредено:
Дечки како го миете велосипедот? Знам дека е ладно и сеа ретко се вози, ама како го миете? На youtube најдов секакви видеа од средство за миење кола па се до миење само со млаз вода..
 
Дечки како го миете велосипедот? Знам дека е ладно и сеа ретко се вози, ама како го миете? На youtube најдов секакви видеа од средство за миење кола па се до миење само со млаз вода..
Со црево и сапуница, како нов искача. Само не прскај (со јак млаз) директно во осовините, ќе ги зезнеш. Кога е ладно, најчесто со влажни марамици (за бебиња :D), вршат работа.(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom