Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум, не се ни правам стручњак. Само кажав дека најчесто тие педаљи ги возат ДХ. Стварно незнам во што сум го докажал мојот експертизам. :)
Ич не ми е до изгледот, повеќе ми е до квалитетот и грипот.
Пред тоа возев VP педаљи и при удар во карпа на патот ми се скинаа два пина и се деформира платформата. А не возев многу брзо и ударот не беше директен туку само клизнав на карпата со педаљата.
За мокро не сакам ни да зборам, неколку пати ми се има лизнато ногата, на раб да паднам.
Овие (Shimano) многу лесно се сервисираат и имаат невиден грип на мокро.
Блинг-блинг изгледот не ми е толку битен, за разлика од квалитетот.
И не ми е јасно, што ако ги возат за DH ?? Изгледот е тој, универзален.
 
Ич не ми е до изгледот, повеќе ми е до квалитетот и грипот.
Пред тоа возев VP педаљи и при удар во карпа на патот ми се скинаа два пина и се деформира платформата. А не возев многу брзо и ударот не беше директен туку само клизнав на карпата со педаљата.
За мокро не сакам ни да зборам, неколку пати ми се има лизнато ногата, на раб да паднам.
Овие (Shimano) многу лесно се сервисираат и имаат невиден грип на мокро.
Блинг-блинг изгледот не ми е толку битен, за разлика од квалитетот.
Не ни кажав дека е битен изгледот:D. Само знам од читање дека педаљава е 10/10 и дека ја возат најчесто ДХ/АМ. Затоа и прашав. И никаде не кажав дека само за ДХ и АМ се. И јас на моево имам некои flat педаљи.
Иначе:
444aaa5639.jpg
 
Последно уредено:
Не ни кажав дека е битен изгледот:D. Само знам од читање дека педаљава е 10/10 и дека ја возат најчесто ДХ/АМ. Затоа и прашав.
Иначе моето
444aaa5639.jpg
Да, сега ми текна на твојов точак. Поосновно моделче. Зависи што сакаш и колку буџет имаш. Може да се среди. Дека нема да го личи, грешка си. :)
Инаку мојот точак е АМ.
 
јас да си прашам во врска со инсталација на брзиномер. дали магнетот / сензорот прави разлика каде истите ќе бидат поставени на тркалото / вилушката ( погоре подоле ) или сеедно е ?
 
Според сите закони на физиката и математиката е сеедно :)

Sent from my Nexus 7
 
јас да си прашам во врска со инсталација на брзиномер. дали магнетот / сензорот прави разлика каде истите ќе бидат поставени на тркалото / вилушката ( погоре подоле ) или сеедно е ?
Мене во Pro-Sport ми го наместија ама во тоа книжурето што иде со брзинометарот пишува на колку сантиметри и како се монтира, колку е битно тоа појма немам. :D
 
Нема величина напишано, али мислам дека е 16", ако ти одговара зимај.
 
Се работи за Big 7 40D, мислам дека е модел од 2013-та. :)

Знаци ок е сепак. Пошто исто и јас барав модели за Big 7 40 D, али на сите на горниот дел на рамката е означено Big Seven, а на овој бајк само speed пишува, а и штендерот ми бодее очи малку....... a дечково врска нема што продава. Ок, фала мн :)
 
И јас го приметив истото (Speed). За да бидеш 100% сигурен, прашај во Бајкмаркет, тие се увозници на Мерида. :)
 
Го исконтактирав дечкото од Бајкмаркет, ми потврдија и со нивна слика дека деф. е тој модел од 2014 год. На нет тешко беше да се најде слика баш од оваа страна. Така да одам утре да го видам, и се надевам ќе си го земам :) Фала дечки на помошта :)
 
Со 26-ка или со 29-ка мтб, би било полесно искачувањето на угорнина по асфалт?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom