Го гледав конечно
I Origins денес. Се гледа од одма дека се работи за истиот режисер и сценарист, не само ради тематиката која се обработува заедно со филозофскиот и метафизичкиот шмек на филмот, туку и вметнување на актери од претходниот негов филм
Another Earth и овде, иако во споредни улоги, ако не главни. За маани и критики можам да најдам 1001, како повеќето кои така се настроени кога гледаат некој филм. Искрено со оглед на приказната што се обработува, и тематиката, можеа одредени делови подобро да се сработат, и да не бидат преочигледни и очекувани. Предвидливоста многу ми пречи кога гледам филм затоа што не уживам во него, нема изненадувања, шокови, твистови. Тоа ставено на страна, филмот е сепак солиден според мене. Поставува одлични прашања, и за тие кои се филозофски настроени или кои сакаат такви филмови со кои после можеш со саати да дискутираш за тематиката во него, ова е одличен филм. Бидејќи токму тоа и го прави. Јас го гледав за жал сам, па немав со кого да дискутирам за истиот. Но да напоменам, ако го гледате со друштво, гледајте некој like-minded круг нека биде за да може да има дискусија, филмов не е за секого (колку и да звучи клише ова

). Филмов иначе има добро сценарио (пак, според мене), и има материјал за доста мемиња и цитати да се намножат по нетов, што секако, доколку беше поуспешен од што е, веројатно тоа и ќе се случеше. Има 8/10 од мене, и покрај мааните што ги спомнав.
Као демек мал review ќе беше ова ама се зголеми

. Можно е да направам и поголемо и подетално review во соодветната тема, ако ме мавне расположение и се сетам да пишам.