Па ти ми си колега
Јас завршив Компјутерски мрежи Софија. Јас не би ти препорачал да арчиш време ниту пак пари на магистратура, ниту една компанија нема да ти ја побара особено некаде низ европа. Почни да бериш сертификати, доволно е да имаш 2-3 плус некоја година искуство и без проблем наоѓаш работа. Јас иако учев Бугарија никогаш не зедов пасош, повеќе од што ме мрзеше да се малтретирам со документи. И ете без проблем работам низ европа.
Има премногу компании кој што ќе ти средат за виза особено во IT секторот. Нормално треба да имаш одличен Англиски, плус нешто локален јазик да знаеш ако не аплицираш во UK. А и UK најтешко даваат виза од проста причина што не ги одобруваат поради премногу имигранти особено до Индија кој што целат стрикно IT. Или друга опција би ти препорачал, запиши мастер бг кој е околу 1700 евра на година , така и добиваш лична карта , работа гарантирано наоѓаш многу брзо (има премногу странски компании особено за IT) платата ти е 1000 евра и си плаќаш стан школарина итн. После 2 години завршваш магистратура и веќе имаш искуство во интернационална компанија и без проблем тераш каде што сакаш.