Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Како ќе има опозиција кога нема клима за опозиција? Сите медиуми се купени, вршат притисок на сите страни ако кажеш било што против нив. Или си со нив или против нив нема трето. Класичен фашизам.
Тоа не ги прави овие сегашниве опозиционери помалку неспособни. Не ги бива и тоа е, нам на политичката сцена очајно ни се потребни млади луѓе, свежа крв, со идеи, план за дејствување, без прангите од сегашниве партии. Затоа што како што овие на власт добро се закотвени ниедна бомба на аболициран криминалец нема да ги тргне од власт. Пленумци, размислете. (y)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
На добар пат си, провери си утре на сметка може Санта Клоуз може порано ќе помине кај тебе :D
Абе бегај преваранти! Уште за првиот протест не сте ми исплатиле не па за овој!
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Овоа беше масовен излез,моја проценка е дека имаше околу 8 000 луѓе :cool:
На рекорд беше јако кога аплаудираа постари луѓе од тераси..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Малки е романтичарски но мое право е да се надевам дека полека ќе се зголемува независното мислење во Македонија и дека луѓето ќе знаат сами да градат свои слични ставови. Дека ставовите на граѓаните нема да бидат цитати од Курир, Плус Инфо или партиски соопштенија.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Направи ги построги условите за упис на факултет и стави приемен, намали ги квотите за уписи, посебно на хуманистичките науки, построги критериуми при изработка на дипломските, помалку бубање на факт (од кои голем дел без никаква практична примена) и повеќе изработка на практични проекти......
Лесно спроводливи и логични чекори кои за разлика од ова екстерно (или државен испит како и да е) и ќе постигнат нешто.
Доволно е да се воведе еден строг приемен испит, а и што е најбитно повеќе ПРАКСА треба да им се воведат на студентите,а не дополнителни теории да им бапнат..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Доволно е да се воведе еден строг приемен испит, а и што е најбитно повеќе ПРАКСА треба да им се воведат на студентите,а не дополнителни теории да им бапнат..
Навистина не знам која е целта на ова што сакаат да го направат.
Дали се навистина толку глупави и стварно мислат дека ќе направат нешто, дали сакаат да одвлечат внимание од некоја друга поголема работа или после наметнувањата на 100 глупости на овој народ се осеќаат осилени и мислат дека може сите во државава да не прцаат во здрав мозок ради чисто задоволство тоа не знам што е работата.
Ама има мал милион ефтини и лесно спроводливи работи кои можат да се направат и кои делуваат,на овие им текнува ќе лупаме екстерно.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Греша BBC бре, коа курир рече едвај 2000 тогаш толку биле. Колку само во рок од 5-6 часа курирци се изглупираа со нивните статии.

Патем, коа сум тука. Секоја чест за сите средношколци, студенти, татковци и мајки, баби и дедовци, со еден збор секоја чест за сите присутни :bravobe:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Овоа беше масовен излез,моја проценка е дека имаше околу 8 000 луѓе :cool:
На рекорд беше јако кога аплаудираа постари луѓе од тераси..
Штета како не им текна да се симнат доле меѓу нас студентите и другите пензионери што беа, па заедно сите да аплаудираме...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Зошто ви пречи тоа што Курир избројал помалку од 3 илјади луѓе а не ви пречи што Плус Инфо изброја 18 илјади. И едното и другото се лага , мене и двете ми пречат на пример.
 
H

HoT IcE

Гостин
Колку ми е криво што неможев да дојдам, ама секоја чест за сите што сте биле. Многу сум среќен што сме во толкава бројка, сите заедно со иста цел без разлика на партија, религија или социјални статуси, сите заедно за иста цел. Неможам уште да верувам дур ги гледам вестиве и како пробуваат да не омаловажат и да дадат погрешни информации за тоа колку студенти биле присутни и за која цел се бориме. Кога ги гледам температурава што ме задржа дома, и главава што ме искина, уште толку ме боли, од денес мавам бојкот на глупиве медиуми у државава.
Уште еднаш, ве сакам највеќе на цел свет!:cuc:
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Факултетската управа на Правниот факултет денеска го отфрли концептот за државен испит како противуставен. Оваа вест денеска ни ја потврди и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски кој рече дека материјалот, кој што е образложен на четири-пет страници им е поделен на сите вработени да се изјаснат.

Студентскиот пленум побара од Правниот факултет да донесат за „екстерното“, по што деканот на овој факултет свика Факултетска управа, на која како што се дознава, со стручни аргументи и забелешки, од страна на повеќе професори бил отфрлен концептот за државен испит.

Конечната одлука ќе биде донесена в петок, а претходно професорите на Управата ќе дебатираат и ќе ги спротивстават аргументите за и против.

Овој потег доаѓа откако Министерството за образование до сите ректори на универзитетите го испрати концептот за државен испит, а потоа, во петокот бил препратен до деканите да го разгледаат и анализираат концептот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=EA34143C57EA6640B8B7DBE142D298A8
 

Kajgana Shop

На врв Bottom