Македонија ќе добие нов државен грб

Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Секојдневно веќе осум години наназад се среќаваме со парадоксални одлуки кои имаат за цел тотално обезличување, разнебитување на македонскиот народ и сквернавење на историјата.Сведоци бевме на поставување на споменик на погребникот Симеон Радев на зградата на МНР, тогаш интелектуалците ги снема, занемеа( со исклучок на мал дел).Сведоци бевме на поставување на споменик на крвникот Тодор Александров и тоа среде Скопје, никој не застана да направи протест или демонстрација.Сведоци сме на деславизацијата на македонскиот народ, наметнување на антички глупости, на измислување на некаква си историја што не постои.Како да е срамота да се чувствуваме Словени! Сведоци сме на најболното, на деградирање на најсветлата точка на нашето минато НОАВМ, на партизаните, на комунистите, на антифашистите, на прогресивната левица во тоа време.Дојде време да се срамиш да кажеш дека си антифашист.Почитувани пријатели, ова е грбот на Република македонија и овој треба да биде и тоа со петокрака ѕведа, ЦРВЕНА.Зошто? Секаде во светот , секоја нација или народ како симбол има нешто што придонесло за нејзиното постоење.Историски гледано наназад, непобитен факт е дека за прв пат во историјата ние успеавме да добиеме државност на чело со ЦРВЕНА петокрака, ниту со крст, ниту со кокарда, ниту со лав.Се прашувам сега од каде е лавот на грбот што ни се наметнува и со која цел се прави тоа? Очиледно дека лавот е симбол на кралство што ние како македонци никогаш сме го немале( Самоилово царство е недефинирана категорија и лавот не датира од тогаш, затоа да не го мешаме).Во најблиското соседство го имаат Бугарите кои имаат држава над 1000 години,Тоа за жал е факт.Факт е дека утре покрај со Грците ќе си го навлечеме проблемот и со Бугарите.Дали тоа некој намерно го сака? На повидок е нов конфликт за добар изговор дека против нас има теорија на заговор и сите не мразат, ѓо небаре сме повиканата нација што ќе доминира со светот. Зошто и кому му пречи петокраката?Нека се изјаснат сите и од позиција и од опозиција!!! Веднаш ако се луѓе со став, ако не се лицемери.Таква ни била историјата, ние светла точка видовме во НОБ , благодарение на тогашната идеја за комунизам и раководството на КПЈ на чело со Тито.Тоа е непобитен факт. По не знам кој пат ќе се повторам, за прв пат видовме што е сопствена држава, децата да ни учат на мајчин јазик, азбука, книги на македонски, МАНУ, клиника, НУБ, ДПМ, се што има предзнак македонско, за ПРВ ПАТ. Дури и МПЦ се возобнови во 1967 година и тоа со декрет на КПЈ. За прв пат црквата се нарече македонска, и тоа е непобитен факт.Имаше пред тоа Босанска, Српска, Бугарска, Грчка но Македонска не, од времето на социјализмот е, Охридска архиепископија да, тоа е веќе факт.Се снимија најповеќе филмови за комитите и војводите и книги се напишаа во тој социјализам, многу повеќе од сега.Од феудална станавме индустриска земја.Цела федерација одвојуваше да се направат фабриките што се запустија.До денешен ден од продавање на добрата од социјализмот се полни буџетот на РМ. За прв пат ние македонците се најдовме составен дел на еден договор како рамноправен народ со другите балкански народи!!! Да не се заборави.Ова некому му пречи!.Уште кога се гласаше во собрание да се тргне петокраката од грбот јасно беше дека наскоро и грбот ќе се менува, за жал и тогаш не бевме со некои реакции на свесна нација. Претпоставувам заради додворувањето кон запад и наводниот срам дека личи на социјалистички грб, на мнозинството тоа не им пречеше.Се прашувам кој срам и зошто?Единствен симбол што ги зближуваше луѓето од разни етникуми и религии беше петокраката. Кога може во еден Париз да има улица Сталинград и секаде на запад да се почитува Црвената армија, зошто кај нас да не може петокраката? Кој ни е крив што низ цел животен век требаше да се појават комунистите и да ја донесат државноста? Па нас како народ не ни е срам да имаме да го величаме а дури и да имаме пиво со Крали Марко-турски вазал, син на српски крал, кој загинал борејќи се на страна на Османлиите, убиен од влашки војвода, борејки се против сопствениот брат.Го величаме Александар Македонски , тако му, мајка му , тетка му и сите други кои во тоа време се служеле со освојувања колежи, палежи , бесења итн..Нешто за што во денешно време се завршува во Хаг. Тоа не е срамно, срамна е петокраката! Аферим
Да се вратам на парадоксот и глупоста, за која за воља на вистината сите сносиме вина, и фашизоидната власт а и ние како опозиција.Срамно било да имаш петокрака, потсетувала на комунизмот кој имал жртви, од гулуци до Голи оток? Имало,и тоа е факт.Но заслугите на комунистите за македонскиот народ се многу поголеми одошто жртвите од тоа време, повеќето бугарофили и сталинисти.Од сите југословенски народи, македонскиот од комунистите имаше највеќе профот, доби државност.ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, повторно ќе се повтотам.Градиме музеј на жртви од комунизмот, и тоа кај нас најлибералниот а од друга страна величаме докажани соработници на НКВД , на Сталин, дури и институти се именуваат по нив.Но зарем за време кога е создаден овој грб со лав системот бил цвеќе за мирисање, не обезглавувале, немало колежи, палежи , бесења, варварство, силување, инквизиции и сите други негативности?Значи тие не се жртви а оние од коминизмот се?И што обележува лавот, нација или територија? Па тогаш немало формирани нации, тоа е земски грб на некое темно време. Грб кога воопшто и немало изградени национални чувства, грб од времето кога секој не јавал, не молзел, не палел, колел и бесел, не смуѓел.Е сега ќе си го носиме тој грб на едно темно време а ќе се срамиме од ЦРВЕНАТА петокрака која ни донесе државност.Ќе се умилкуваме на Европа и западот кој е поголем антикомунист, безрбетници.Факт е дека упорно и безглаво прифаќаме да ни се избриши минатото од колективната меморија.Се што е од тоа време треба по нечив налог да го снема, а ние сме послушници.Толку заслужуваме како народ.реков секој народ како симбол има знак од некое светло минато само ние од ЦРНИЛА. Само на балканот се слават поразите, понижувањата, нечовечноста, малтретирањата и обезличувањето.Доаѓаат темни времиња( DARK AGES), со поткупен народ, со подмитени пензионери, со владеење на страв, со народ кој за 200 евра застанува на барикадите но од другата страна, против слободата, против себе, неводејќи сметка дека џабе им е партиско вработување кога нивните деца во родната грутка немаат иднина.СО СРЕЌА НЕКА ИМ Е НА ТИЕ ШТО ГО ДОЗВОЛИЈА НОВИОТ ГРБ, НО НИЕ , ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ ОБЕЗЛИЧЕНИ ЌЕ ГИ ЧУВСТВУВАМЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ , ЌЕ НЕ АПСАТ, ЌЕ НИ МОНТИРААТ ПРОЦЕСИ А ТИЕ ШТО ДОЗВОЛИЈА ЌЕ ОСТАНАТ НЕМИ НАБЉУДУВАЧИ.
— со Сојуз На Борци Скопје во Skopje.

Колку само вистина има во постов.
Затоа што пра дедо ми го сечеле обесен наопаку висејќи тогашните „партијски“ затоа што се залагал за самостојна Македонија, а не за „братсво и јединство“.
Ете затоа нејќам петократки, КПЈ, Тито, Че Гевара, Сталин и слични работи

А сега ти праќам официјална покана за влез во XXI век.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.487
Поени од реакции
5.581
Затоа што пра дедо ми го сечеле обесен наопаку висејќи тогашните „партијски“ затоа што се залагал за самостојна Македонија, а не за „братсво и јединство“.
Ете затоа нејќам петократки, КПЈ, Тито, Че Гевара, Сталин и слични работи

А сега ти праќам официјална покана за влез во XXI век.
Многу црно-бело се гледа на Тито но ништо не може да го оспори фактот дека тој лично ја направи Вардарска Македонија независна држава во 1945. Погледај ја работата од друг агол, на пример ако останеше тогаш српскиот крал тој никогаш немаше да ја признае Македонија. Бугарија и Грција во овие 100 години не ни го вратија нашиот дел, од која причина Србија да го врати делот кој беше легитимно нејзин.

Идејата на Тито за братство и единство, еднаквост меѓу народите е причината за нашата денешна држава и јас би сакал грбот да биде поврзан со тоа време. А за социјалистите што имаат направено за државата да не ни почнувам.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
52
Поени од реакции
68
Треба да се измисли некој нов симбол кој ќе не обединува сите а не вака како сега поделби. Некој симбол што никој не го користел а го има во Македонија. Постои ли таков симбол во Макеодонија?
Имаме таков симбол...

 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.508
Поени од реакции
9.325
Многу црно-бело се гледа на Тито но ништо не може да го оспори фактот дека тој лично ја направи Вардарска Македонија независна држава во 1945. Погледај ја работата од друг агол, на пример ако останеше тогаш српскиот крал тој никогаш немаше да ја признае Македонија. Бугарија и Грција во овие 100 години не ни го вратија нашиот дел, од која причина Србија да го врати делот кој беше легитимно нејзин.

Идејата на Тито за братство и единство, еднаквост меѓу народите е причината за нашата денешна држава и јас би сакал грбот да биде поврзан со тоа време. А за социјалистите што имаат направено за државата да не ни почнувам.
не се нервирај бадијала, грбот си е топ, не мора на све да се плука па макар да доага и од партијата која не ти е симпатична и не ти е по кеиф.
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Бугарија и Грција во овие 100 години не ни го вратија нашиот дел,
за кој "ваш" дел говориш? За Струмица ли, која мег'у 1913 и 1919 беше дел од Бугарија?

од која причина Србија да го врати делот кој беше легитимно нејзин.
кој те излажа дека бил легитимно српски? Посочи ми барем еден плебисцит, анкетирање на населението на Вардарска Македонија дека сакало да биде под Србија. Или барем еден консенсус на Великите сили дека навистина Вард. Мк морало да припада на Србија.
 
Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Мене многу ми се бендисува новиов предлог за грб, со тоа што наместо лавот да се стави една овца како симбол за народов. :facepalm:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.487
Поени од реакции
5.581
не се нервирај бадијала, грбот си е топ, не мора на све да се плука па макар да доага и од партијата која не ти е симпатична и не ти е по кеиф.
Не плукам, само сметам дека и претходниот беше добар ако не и подобар и немаше потреба за нови непријатности со соседите. Глупо е да се глуми хардасс со грб со сменати бои или со статуа воин на коњ. Ако се толку јаки нека направеа статуа Александар Македонски и грбот да си беше од вистинското ВРМО.

за кој "ваш" дел говориш? За Струмица ли, која мег'у 1913 и 1919 беше дел од Бугарија?



кој те излажа дека бил легитимно српски? Посочи ми барем еден плебисцит, анкетирање на населението на Вардарска Македонија дека сакало да биде под Србија. Или барем еден консенсус на Великите сили дека навистина Вард. Мк морало да припада на Србија.
Тоа е веќе друга тема и имаше многу начини ако сакаше Србија да си го задржи. Кога можеше Грција да го задржи каде зборуваа друг јазик и скроз различен менталитет многу лесно можеа да не претопат посебно во тоа комунистичко општество.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Имаме таков симбол...

Што ќе му фалеше на овој симбол да ни биде грб? Со никој сосед немаше да се замериме, никој до сега не го користел, со тек на време ќе го прифатат граѓаните и ќе стане наш сосавен дел од живото.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom