Неможам да се воздржам, а да не искоментирам. Тие што ме знаат од форумов знаат дека не сум политички определен и дека сум против сите политичари. Ова го кажувам во случај да помислите нешто такво читајќи го постот надоле. Кратко и јасно ако не ви се чита надоле: Го поддржувам овој Студентски марш, и многу ми е мило што се разбудија студентите. Поопширно подоле.
Колку и сите да пробувате да ја тргнете политиката од протестов сепак ја има. Едните идат контра протестот, а другите собираат поени со протестот. ВМРО на една СДСМ на друга страна. Доказ за тоа се известувањата на медиумите во државава. Во државава нормално е да пукаат бомби, да има кражби, брцање со нож, претепување на студенти и разни немири, ама е ненормално да помислиш дека студенти можат да излезат во толкава бројка. Е за среќа и тоа стана реалност, па владините медиуми се изгубија при првиот марш па објавуваа за цицките на Станија, додека другите известуваа од терен. Некој да кажеше дека студенти можат да дигнат ваков глас немаше никој да поверува, се смени приказната.
Дојде на ред и вториот марш со дупло поголема бројка од минатиот пат. Како и тогаш така и сега владините медиуми останаа неми, па кога видоа дека се во тесно истиот марш го нападнаа од сите страни.
Ова се денешните наслови од владините медиуми и говна како Сител и Курир. Очај и беда. Ова е доказ во каква држава живееме. Само будали можат да идат контра нивната иднина - студентите. Да ги негираш студентите, е исто како да си го негираш идентитетот. Иднината на државата не зависи од пензионерите, од насловите на Курир и Сител, од Груевски, од Гордана, од Жерновски, од Брако и сите нив. Иднината е на студентите. А, кога ќе видиш масовност од нивна страна значи нешто не штима и време е за промени, ама не дај да ги усереме ние сме влада ние сме моќ.
На другиве гомна не знам кои сајтови им се освен центар њуз. Па еве ги нивните наслови:
Очигледно е кој иде контра иднината, а кој собира поени за иднината. Ама сите си имаат ист мотив - влада и моќ. Да не се лажеме дека овие другиве се борат за младината и иднината. Главната битка се води преку медиумите, сакале вие/ние да признаете или не. Гласот се слуша преку медиумите, поготово во оваа држава. Груевски или простиот министер за образование да не ќе се предомислат ако видат 5000 студенти на улица? Не, напротив. Ќе реагираат кога ќе видат дека светските медиуми пренесуваат и идат контра нив, тогаш ќе бидат уплашени. Првите чекори се направени со масовност, останува медиумската битка. А, денес да не беше твитер, тешко дека некој ќе знаеше за протестиве.
Огромно браво до сите што излегоа, и до тие што не излегоа како мене, а ја поддржуваат оваа акција. Ние сме иднината, тоа е најбитно!!
Е сега малце и негативно ќе коментирам и очекувам повеќето да не се сложат со мене, но сепак тоа е мое мислење и вреди исто колку и вашето без разлика дали се согласувате со мене или не.
Во далечната 1997 година на протести излегоа студентите. Од тогаш не се памти некоја масовност се до денес односно првиот протестен марш.
Во 1997 година имаше транспаренти „Нејќам три, нејќам два, сакам еден јазик јас", „Љубовта е хемија, образованието е Македонија", „Ние не сакаме туѓо, своето си го браниме", „Сите во школо, Софија во џамија", „Сите школи на Македонски" и многу други да не ги набројувам.
Тогаш во првите редови беа Антонио Милошоски и други владини функционери. Тогаш се скандираше против Албанците, а денес истите тие се функционери на една држава. Тогаш се повикуваше на единство меѓу Македонците и се извикуваа пораки против Албанците. Дури имаше и протести со глад, и пароли „Со свинско ве купија".
Зошто го спомнувам ова?
Затоа што за мене е несфатливо да марширам со Албанци рамо до рамо. Неможам да го употребам другиот збор за Албанци затоа што е против правилата. Секоја чест за Албанците има супер луѓе кај нив, но тука ги нема таквите тука се оние дивјаците од Косово и од околината дојдени само за проблеми. Марширате со луѓе што секако ќе имаат поголема плата од вас, а вие сте со диплома и во сопствена држава.
- На вас економисти не ви е мака со дипломите да работите у веро на каса, додека они без дипломи работат во министерства?
- На вас правници не ви е мака со дипломите да работите за ич пари, најчесто и вработени во нешто трето, а не по струка т.е. да ви ги зимаат местата ?
- На сите останати зар не ви е мака да рмбате за мизерни плати, а поминувате низ пекол или веќе сте го поминале дур завршите факултет, додека они работат во држава администрација и се со полни џебови?
Не ви е мака кога ќе отидете во МТВ по документи и пола од нив уште не знаат граматика и мешаат јазици албанско-македонско-англиско бидејќи уште не го знаат јазикот на државата која ги бутнала во државна администрација и од тоа јадат леб?
Сега некој ќе рече сите сме студенти, не е битна верата. Точно сите сме студенти, ама дали сите учиме исто ? Дали сите ги потиме столиците до 6 сабајле ? Дали сите се откажуваат од многу работи и остануваат дома за да учат? Дали сите се еднакви во системот ?
Несфатливо е за мене на протести да се апелира да не се носат национални симболи и истите како на минатиот да се тргаат. Секој со ВМРОвски симбол треба да се тргне од масата, како и СДСМ или било која партија, но национален симбол ? Тотално погрешно.
Едните додека мака мачат со студирањето, додека живеат во мизерни услови во студентски домови, додека немаат греење, ладење, топла вода, чисти соби и кревети, додека немаат услови за живеење и гледаат што побрзо да го завршат факултетот со учење 24/7 другите си ги купуваат дипломите или едноставно вадат ДУИ/ДПА книшка и работат во министерство. Епа срце ми се кине, а вие осудете ме како сакате. Тоа не е нормално и никој нема да ме убеди во спротивното.
За мене ова е несфатливо и неприфатливо. Неможам да се помирам со тоа дека јас треба да скапам од учење на факултет, а некој според рамковен да си добие државна функција. И немој да се обидувате да ми докажете дека не е така. Отидете во МТВ за документи и проверете дали има еден Македонец што е вработен. Отидете во МВР да видите сооднос Македонци - Албанци. Отидете во здравство видете сооднос Македонци - Албанци.
И на крај отидете со една дијагноза кај Македонски доктор и кај Албански па да се уверите во нивната стручност. Или во било кој орган на државава проверете ја стручноста нивна.
Да не должам многу горе доле тоа е се што имам да кажам, и пак уште едно големо браво за сите студенти.
Со ваква бројка нема зезанции. Камо среќа сите идни маршови да се со ваква бројка па и поголема. Се докажа кој е засегнат за иднината на државата.