Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Два бенда со многу специфична боја на вокал. Вокално ако ги споредувам Еditors > The National, Мет нема големи вокални способности lets be real, на специфичност и емоција се вади. А додуша и песните на The National не се многу многу мелодични па не е голем минус тоа. Музички гледано The National >> Еditors. Многу повеќе ми лежи музиката на првите, многу почесто ги слушам... Иако се гледани како меланхоличен бенд мене пак ми се ептен фил гуд песничките, ете не знам оти, така се осеќам кога ги слушам, таква атмсфера ми ствараат. Некаква среќна меланхолија, не знам како да објаснам..

Тhe National +1
Мет има многу специфичен баритон кој е навистина тежок некој да го долови и покрај тоа што нема некој гласовен опсег.
Најдобар пример е за тоа Џони Кеш кој слично како и Мет нема гласовен опсег, ама дава препознатлив печат на неговите песни,
Има дури и изрека...Кога Џони ќе препее твоја песна, таа не е повеќе твоја.

Апропо темава гласам за The National и покрај тоа што Editors ми се исто така драг бенд.

Музички се поздрели, имаат подобри текстови кои заедно со гласот на Мет ги прават еден од најдобрите бендови на денешницава.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Нареден дуел, два бендови кои се поврзуваат со прогресив рокот и металот. Иако навидум различни, сепак творештвото им се сечи во овие правци. Па да видиме како би изгледал и овој дуел :D




VS
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.844
Поени од реакции
6.595
Ги сакам Porcupine, али Dream Theater се пред нив у некои ствари. Главно у нелигавење :D. Така да глас за Dream Theater :roker:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.222
Dream Theater all the way. Едни од најдобрите музичари свиреле во бендов, вокалот можеби им е најслабата алка. Искрено многу помалку сум ги слушал Porcupine али театарциве сметам дека се повеќе за мене.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.213
Поени од реакции
1.713
Ги сакам многу и едните и другите, ама повеќе го сакам Mike Portnoy, па за него гласам. :D
How about Mike Mangini? :вонзем:

Ги слушам и уживам во Porcupine Tree поготово кога патувам или возам.

НО, Dream Theater all the way. Маестро на секој инструмент, легендарен бенд. Ми оставиле силен впечаток од настапите во живо, ги гледав 2 пати. Бендиште, многу долго на сцената, каква музика имаат создадено батките е за почит. Технички многу спремни, звучеа феноменал, без грешка.

Еве еден поздрав со пивото:
Breaking All Illusions

Сечено е интрото на почеток, али какво отварање солото на Петручи.:cuc:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Да направиме поинтересно, PTree, некако повеќе ме влечат они:roker::roker::roker::roker:
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
How about Mike Mangini? :вонзем:
Супер е и Мангини и одлично се вклопи во ДТ, иако јас повеќе го преферирав Марко Минеман за таму, али тоа е друга тема на муабет, да не го тупиме сеа.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И јас за Поркјупајн гласам, иако немаат јак гитарист (мислам на технички спремен) како Петручи, кој ми е во топ 3 на сите времња. Што се однесува до тапанарите, мене Гевин ми е подобар од Портној. Значи Портној е преопасен, ѕверотина, но стилот на Гевин, со повеќе нагласената џез жичка, мене лично повеќе ми се допаѓа.

Нешто кое ме напнува во Дрим, е вокалот. Значи ич не го можам. Човечето си има чист глас, добар вокал е, но ја има онаа фреквенција која ми смета на увово. Па затоа омилени ми се песните во кои помалку иди до израз пеењето и повеќе се инструменталки. Да речиме Home ми е ептен опасна песна, со етно елементи.

Од друга страна, Стивен ми е еден од најголемите музички умови и креативци на сите времиња, не само во последно, или во минатиов век после 80ти. Одличен музичар и перфекционист, и со Porcupine и со соло-кариерата. Растура максимално.

Мојот глас оди кај Porcupine, плус ради онаа поврзаност која ја имав со братучед ми и бендов, пред да си замини. Од кај 2008-ма до кај 2010-та, ептен ги слушавме.

Porcupine Tree-Anesthetize
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Dream Theater - зашо се далеку покреативни и особено ми се свиѓаат у живо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom