А кај била (совеста) пред да никне?...Или никнала „онака„, како емергенциски настан?
Искрено ова прашање се сведува на она упорно детско прашање после секој даден одговор: А зошто?
Тоа е азијатска „јинг-јанг„ доктрина, не и црковна а не е ниту здраворазумна.
Тука воопшто не се согласувам со тебе. Како прво тоа не е исклучиво јинг јанг доктрина, а второ мислам дека не ме разбра добро така да ќе дообјаснам:
Зло или добро сами по себе не можат да се спознаат како такви, туку само во споредба на едно десјтвие со друго може да се окаратеризира како подобро или полошо од другото. Или со други зборови, човек кој е роден глув не ни знае што е тоа звук и не пати поради тоа, додека човек кој оглувел накнадно, до крајот на животот ќе му недостига звукот од неговата омилена музика.
А доколку разумот не би постоел, кој и на каков начин би расудувал за нештата како „добри„ или „лоши„?
Фала Богу разумот постои како еволуциска придобивка на човечкиот род, така да прашањево нема никаква потреба да го одговараме. Но, во чисто теоретска смисла, доколку немавме разум немаше ни да знаеме што е добро а што лошо.
Во тој контекст еве една верзија на одредени настани (малце е долгичко па кој има време нека чита, кој нема поентата е во последната реченица):
Многу одамна си живеел некој човек и гледајќи го светот околу себе приметил дека луѓето многу патат и дека работите би биле многу подобри доколку некои работи се избегнуваат да се прават колективно од сите. И решил тоа да им го каже:
Човекот - Луѓе, а бе нема смисла ова што се тепаме и убиваме меѓу себе. Размислував и ми текна доколку најдеме начин заедно да работиме и да се почитуваме повеќе да не си нанесуваме зло и да не крадеме едни од други дека ќе бидеме многу посреќни.
Луѓето - Од кај бе па ти толку паметен испадна, ај глеј си ти таму работа и не ни се мешај во нашата да не ти удриме и тебе ќотек. Ти нас ќе ни кажуваш како било подобро!
Човеков се повлекол и се замислил како да ги натера сериозно да ги сфатат неговите согледувања. И му текнало и после некое време повторно му се обратил на луѓето:
Човекот - Луѓе, бев некое време во планината и таму ми се појави оган од грмушка и ми проговори Бог!
Луѓето - Што е тоа Бог?
Човекот - Тоа е креатор на се што гледаме, сезнаен, семоќен, сеприсутен. И тој е згрозен од нашето однесување и ми рече да ви ги соопштам неговите десет заповеди и дека тој кој нема да ги почитува ќе биде казнет и вечно ќе гори во пеколот!
Луѓето - Еј абе ова сериозно звучи, дај за секој случај да послушаме, кој знае да не е вистина ова па да гориме во пеколот. А не е ни лошо ова, да не се убиваме да не крадеме едни од други, тоа меже стварно добро ќе испадне. Еј овој наш Бог стварно е мудар.
Човекот (сам за себе) - Море мајката, кога јас истово им го кажував за малце ќе ме отепаа, а кога измислив дека тоа ми го кажало некое сезнајно битие, одма прифатија.... море глуп народ, бога ми може и не заслужуваат вака да им ги отворам очите. Ама од друга страна па вака ќе бидне и поарен светот за мене и моето потомство. Само да не земат после да ми ги извртуваат зборовите....
И отогаш човекот бил познат како Мојсие, Авраам, Ное, Исус, Мухамед итн. итн.
И еве денес и јас ви кажувам дека е повредно човек сам ако сфати што е добро а што лошо отколку тоа да му биде наметнато од семоќниот Бог.[DOUBLEPOST=1418240587][/DOUBLEPOST]
Уште еден кој го покажа широкоградието на атеизмот.
А зарем не точно ова што го кажав? Зошто се чувствуваш подобро кога Бог ти ја кажува вистината, отколку кога тоа јас го правам?