Реформи во подфорумот музика (АНКЕТА)

Дали се согласувате со новиот начин на постирање во подфорумот музика


  • Вкупно гласачи
    56
  • Гласањето е завршено на .

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Значи темава ја отворам за да се запознаеме со една измена која ќе пробаме да ја воведеме како општо правило во подфорумот музика. Целта на измената ќе биде поголема прегледност и полесно отворање/листање на различните теми во овој подфорум. Во време кога некои се вклучуваме преку телефоните и ѕиркаме што има на кајганава, мислам дека постирањето медиа содржини ито како ја усложнува работата, ја кочи прегледноста и создава нервоза при листањето на содржините.
Па така, во сите теми ќе пробаме да воведеме користење на url, т.е линк-врска. Пошто често пати ми стигаат пораки во кои одредени членови ме прашуваат како да постават вака линк, во оваа тема истото ќе биде објаснето сликовито.

Прв чекор, напишете го насловот на песната со букви пример Radiohead-Street Spirit, или пак направете му copy-paste на името на изведувачот и песната директно од јутуб тука.

Потоа го обележувате текстот со маусот вака радио.jpg и стегате на кајг.jpg кое се наоѓа во горниот дел десно од фонтот, промена на бојата на текст, големина на букви и слично.

Откако ќе кликнете на него, ви се појавува поле кое изгледа вака:
кајга.jpg

Следен чекор, стегате на црното празно место веднаш до URL, го внесувате линкот од јутуб т.е овој https://www.youtube.com/watch?v=BrZTNhW44 со помош на paste, и потоа кликате на копчето внеси.

И потоа песната ја добивате во посакуваниот формат вака обележана со црвенко Radiohead-Street Spirit.

Напомена: Добро внимавајте да го означите само текстот како што ви објаснив претходно. Ако означите поголема површина, тогаш постои можност да не ви се залепи линкот правилно.

Напомена 2: За да ја воведеме променава, постовите кои ќе содржат медиа линкови ќе бидат едитирани, само како текст, без линк, а оние кои ќе ја направат грешката ќе ги поучиме да ја ѕирнат темава. Ваквиот начин на постирање ќе се применува во СИТЕ ТЕМИ.

Па ајде да видиме како ќе ја воведиме променава :D
Со лесно!
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Секоја работа си има позитивности и негативност, освен смртта која е негативна (но во случај на наследување од страна на некој и таа можи да е позитивна). :)

Мораме да процениме дека придобивките се поголеми, отколку она што ќе го загубиме, во случајов препознатливост на песната по thumbnail.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Мене ми е сосем во ред. Од телефон не се уклучувам скоро никогаш, а на пребарувачот ми беа исклучени сите плагини, така да од thumbnails јас го гледав само ова:
Untitled.png
Но отсега деновите на сивило ќе станат минато. :D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.898
Поени од реакции
11.207
За момент прочитав - Реформи во образованието...

Него корисен совет, за кога ќе направите копи-пејст од линкот а не сакате истиот да биде со болдирани поголеми букви, туку нормални како овие што ги куцаме, треба да се селектира текстот/насловот и да се стисне на претпоследното десно горно копче кое гласи - Отстрани го форматирањето.

@Коловрт , ти си интересен човек :)
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
@turvior да ги искараш тие (победниците) што отвараат нова тема во КСЦ да не ставаат песма/албум/артист или што и да е, бидејќи имаат голема шанса пак да победат (како на пр.@социопатка21) Немам ништо против, ама одбрана на титулата не е интересно. Јас еднаш победив, направив нова тема, ставив песма, АМА реков да не ме гласаат, бидејќи така не е фер. Како олимписките игри да се оддржуваат во Македонија и пак Македонија да победи. Земи таму поразвикај му се...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Засега морам да констатирам одредени нерегуларности во спроведувањето на реформите :D, но се трудиме и понатаму да добиваме што повеќе позитивен фидбек. Некои од членовите веќе се навикнаа и успешно се носат со истите. Ајде има време.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.898
Поени од реакции
11.207

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
@Коловрт , ти си интересен човек :)
И ти си интересен. :D

Инаку трикот што го пишав горе е за Chrome и може да биде многу корисен. Посебно на вакви форуми каде може да има вметнато едно чудо вакви флеш елементи. Потребно е многу повеќе време дури да се вчитаат сите. Вака при отварање на страницата се заменуваат со ова сивото поле и нема да се вчита флеш ако не сакате вие.

Со три збора: побрзо оди вака.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Aко ја внесуваш музиката од Ред Џон оди вака некако :D

Пишуваш Queen-The show must go on

После обележуваш квин.jpg

После стегаш на она и ти се појавува ова:

кајга.jpg

После го внесуваш и потврдуваш на внеси и се појавува ова:

eror.jpg
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom