1. Некој што не учел воопшто, нема да заврши факс. Освен со врски. Кои кога веќе ги има, ќе му завршат работа и на екстерното. Зборувај ми како така ќе се реши корумпираноста.
2. Луѓе џаболебари би вложиле во еден куп пари, време и енергија (во учење), за на крај 2000 прашања да ги обесхрабрат? Таквите воопшто не се џаболебари, а тие што се, чим нашле начин како да се шлепат, ќе го искористат (или слични) и на екстерниот. Повторно, како во оваа ситуација екстерното излегува продуктивно? На крајот на краиштата, зошто би чекале да завршат факултет за да „почнат со лижење партиски газ“?
3. Колку што ти можеш да тврдиш дека некому ќе му остане нешто в глава. Тој што се интересира, ќе памти, тој што не - нема, пред колку било испити испоставувај го.