Македонија ќе добие нов државен грб

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.580
Поени од реакции
22.703
И пак стандардни верглања од едни те исти.
Улиците биле за крпење, Митко завршил факултет а работел како келнер, пукнала цевка во Татфталиџе, Вардар бил матен , семафорот на една раскрсница во Неготино не работел, интернетот бил спор ........
Се прво нека се среди, општеството да биди цакум пакум е дури после може да се мисли на вакви работи.
Интересното е што да се спомни на друга тема за друго нешто, пак ке бидат истите тие со истите муабети со исклучок на тоа што се спомнало во другата тема.
На пример ете да речиме дека во Неготино нема семафори и дека се донела одлука да се стави одма ке се јават како општеството не ни е средено, улиците биле за крпење, Митко завршил факултет а работел како келнер, пукнала цевка во Татфталиџе, Вардар бил матен , грб немаме донесено 20 и кусур години, интернетот бил спор ........
За темата колку што прочитав е само предлог. Повеќе ме интересира на кој начин тој предлог ке стани закон и ке влезе во устав. Дали народот нешто ке се праша или едноставно само со кревање на два прсти ке се усвои. Ако е така тогаш да не се разбудиме утре и со ново име како што направија комуњарите пред 20 години. Ако е тоа случај колку и да сакам сегашниот грб конечно да биди сменет, подобро тој да седи отколку на ваков начин да се менуваат работите па колку сака нека се хералдички и незнам како исправни.
Ете тоа е мојот став околу менување на државни симболи .
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Еве објаснување и за круната. (тенкс гугл).
Princely coats of arms display a princely crown and so on right down to the mural crown which is commonly displayed on coats of arms of towns and some republics.
A mural crown (Latin: corona muralis) is a crown or headpiece representing city walls or towers. In classical antiquity, it was an emblem of tutelary deities who watched over a city, and among the Romans a military decoration. Later the mural crown developed into a symbol of European heraldry, mostly for cities and towns.
http://en.wikipedia.org/wiki/Mural_crown
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.311
Поени од реакции
10.329
Кур мој ќе добие, треба да ни пресадат ,све бескичмењаци
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Како што кажав се гледа дека си од истата школа. Сега ретеририаш со ставот. Сега го сврте на антиката. Да овој симбол има корени во антиката меѓутоа историските извори говорат за овој знак како симбол на македонија и во средновековието. Грбовниците се сите од периодот од 1200 до 1900. Дали ова сега ти чини? :) За Грците ич гајле да немаш. И последно, ова вчера беше предлог на владина седница ваљда знаеш што значи тоа? Треба да помине расправа на комисија па во собрание...ќе се изнаслушаш додека го донесат. Сигурно ќе има и поезија малце.
Што ретерирам дај објасни ми ?
Антиката ја спомнав зошто тука цело време се спомнува Александар Македонски, а и ти самиот кажа враќаме грб кој сме го имале порано, па прашав дали на тој мислиш и ја продолжив дискусијата во тој правец. Е сеа кај го глеаш тука ретерирањето стварно сакам да знам.
Ако почнеме дискусија во детали за тоа каков треба да биде грбот, нема да биде продуктивно и ти ќе „победиш“, може не зошто си експерт туку зошто ја ич не се разбирам ни во хералдика ни во такви работи, затоа и нигде не коментирам дали подлогата требало да биде црвена, жолта, зелена, виолетова... или лавот да бил црвен, жолт, црн, зелен...
Мене ме интересира кое е објаснувањето за оваа промена.
И да, ја знам законодавната постапка не треба да ме учиш за тоа, ама знам и дека 90% од законите денес се донесуваат во скратена (мал дел и во итна) постапка, дека Собранието служи како печатница и дека дебата и издржано објаснување нема да видиме.[DOUBLEPOST=1417862697][/DOUBLEPOST]
За темата колку што прочитав е само предлог. Повеќе ме интересира на кој начин тој предлог ке стани закон и ке влезе во устав.
Во Устав нема да влезе зошто ако не се лажам Уставот упатуваше на регулирање со закон на овие прашања. Законот се носи и менува со двотретинско и бадинтерово мнозинство.
А иначе сеа после ова следи Владата да достави предлог за измена и дополнување на законот до Собранието и да почне редовната законодавна постапка со комисии, прво, второ, трето читање итн.
Е сеа ако се донесува по скратена постапка, мислам дека таму беше изоставено второто читање што значи дека побрзо би се донеле измениве, мада во ситуација кај што нема кој да им се противи (зошто како шо разбрав и дуи се согласиле да гласаат за ова), дури и во редовна постапка брзо би се донеле измениве.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Што ретерирам дај објасни ми ?
Антиката ја спомнав зошто тука цело време се спомнува Александар Македонски, а и ти самиот кажа враќаме грб кој сме го имале порано, па прашав дали на тој мислиш и ја продолжив дискусијата во тој правец. Е сеа кај го глеаш тука ретерирањето стварно сакам да знам.
Ако почнеме дискусија во детали за тоа каков треба да биде грбот, нема да биде продуктивно и ти ќе „победиш“, може не зошто си експерт туку зошто ја ич не се разбирам ни во хералдика ни во такви работи, затоа и нигде не коментирам дали подлогата требало да биде црвена, жолта, зелена, виолетова... или лавот да бил црвен, жолт, црн, зелен...
Мене ме интересира кое е објаснувањето за оваа промена.
И да, ја знам законодавната постапка не треба да ме учиш за тоа, ама знам и дека 90% од законите денес се донесуваат во скратена (мал дел и во итна) постапка, дека Собранието служи како печатница и дека дебата и издржано објаснување нема да видиме.
Па прво за југославија нешто збореше сега отиде во антика.
Овој грб бил користен проано во Македонија тоа кажав...од античките Македонци преку среден век, разловечко востание, илинденско востание и тн. Има континуитет. А инаку не сум никаков експерт, само имамчитано малку повеќе на оваа тема. Сепак никогаш не се залетувам да давам банални коментари од типот - ова е бугаркси грб или ова е вмровски знак. Тотално непознавање. (не зборам за тебе). А за објаснувањето зарем ти треба посебно објаснување? Од 1991 се дискутира за промена на грбот и еве сега дошло време. Во Собрание ќе се дискутира ама не знам што очекуваш да слушнеш? Ништо повеќе од ова тука што го дискутираме. Евентуално некој ако смета дека стариот грб е подобар другиве мислат дека овој е подобар затоа што грбот треба да отсликува нкекаков континуитет (а овој очигледно е таков). и тоа е тоа. Како кажуваш божем некогаш од 1945 до сега во нашиот парламент имало некоја легендарна расправа во која некој сменил став. 95% од расправите во парламент е препукувања и ПРЕплукувања.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.580
Поени од реакции
22.703
Во Устав нема да влезе зошто ако не се лажам Уставот упатуваше на регулирање со закон на овие прашања. Законот се носи и менува со двотретинско и бадинтерово мнозинство.
А иначе сеа после ова следи Владата да достави предлог за измена и дополнување на законот до Собранието и да почне редовната законодавна постапка со комисии, прво, второ, трето читање итн.
Е сеа ако се донесува по скратена постапка, мислам дека таму беше изоставено второто читање што значи дека побрзо би се донеле измениве, мада во ситуација кај што нема кој да им се противи (зошто како шо разбрав и дуи се согласиле да гласаат за ова), дури и во редовна постапка брзо би се донеле измениве.
Повеќе ме интересираше дали граѓаните ке се прашаат нешто околу ова. Пошто како викаат сложни калугери и во петок мрсат. Утре да не му текни да се договорат за нешто друго, па по скратена постапка или не да сменат уште нешто. Оти едно е да донесат некој закон или незнам што, ама сепак друго е кога се менуваат вакви осетливи работи. Подобро и да не помини кај народот отколку да се менува нешто вака осетливо само со гласање во парламентот. Од каде да знаеш утре што можи да ги стегнат овие од Еу или да им падне некоја луда идеја на глава. Сепак народот треба да биди некој филтер , брана или ајде ако сакаш и оправдување и грб на кој би се потприле кога притисокот би станал преголем.
Нешто од типот абе ние да во ред сфаќаме дека треба ова она, ама ете народот нејќи и толку од муабетот.
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Приметливо е дека твојот интерес за темата со грбовите е исклучиво сезонски, само сега откако се појави на вестите вчера.

Неќе да е лошо да посветиш повеќе време на подобро запознавање со сите факти, отколку придавање на субјективно игнорантни заклучоци зачинети со дневна политика.
Јас сум член на форумов едвај еден месец, така да немој да ми зборуваш за сезонски интереси.

Јас поставувам едно и единствено прашање:

Дали црвениот лав кој е предлог за државен грб е стилизација на грбот на Александар Велики?

Прашањево ќе го поставувам секогаш кога ќе пишам на темата.
Ако е така, тогаш зошто се крие и кукавички се заткрива како со Воинот на коњ, Таткото на Воинот на коњ и слични кукавичлуси?
Дури и ти се обидуваш да го сокриеш одговорот на прашањето

Дали црвениот лав кој е предлог за државен грб е стилизација на грбот на Александар Велики

со лавот од знамето на Разловечкото востание.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.668
Поени од реакции
21.105
мене воопшто не миу се допаѓа како тоа е изработен, ептен изгледа аматерски. во ред е и лав и штит и тоа горе што и да е, само малце требало подобро да се изработи.
btw тоа со црвениот лав асоцира на она што бил александар = воин кој се борел како лав а црвениот сегмент е што најверојатно бил џинџер самиот александар :D
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.208
.....не ја прочитав цела тема (сега за сега), но менувањето на грбот повлекува и менување на лични документи и еден куп други промени (на товар на граѓаните), а со цел полнење на дупката без дно
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
.....не ја прочитав цела тема (сега за сега), но менувањето на грбот повлекува и менување на лични документи и еден куп други промени (на товар на граѓаните), а со цел полнење на дупката без дно
Ова е една од побизарните теории. Никој нема да биде принуден да ја менува личната карта ради промена на грбот. Тоа е смешно.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.208
Ова е една од побизарните теории. Никој нема да биде принуден да ја менува личната карта ради промена на грбот. Тоа е смешно.
времето ќе покаже
(многу работи беа смешни, ама сега за краткотрајното смеење долго плаќаме)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Повеќе ме интересираше дали граѓаните ке се прашаат нешто околу ова. Пошто како викаат сложни калугери и во петок мрсат. Утре да не му текни да се договорат за нешто друго, па по скратена постапка или не да сменат уште нешто. Оти едно е да донесат некој закон или незнам што, ама сепак друго е кога се менуваат вакви осетливи работи. Подобро и да не помини кај народот отколку да се менува нешто вака осетливо само со гласање во парламентот. Од каде да знаеш утре што можи да ги стегнат овие од Еу или да им падне некоја луда идеја на глава. Сепак народот треба да биди некој филтер , брана или ајде ако сакаш и оправдување и грб на кој би се потприле кога притисокот би станал преголем.
Нешто од типот абе ние да во ред сфаќаме дека треба ова она, ама ете народот нејќи и толку од муабетот.
Мислам дека не е предвиден референдум за ова, ако не се лажам само во 2 закони беше предвиден референдум, а законот за знаме, грб и химна не беше меѓу тие. Нека ме поправи некој ако грешам.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Kajgana Shop

На врв Bottom