Македонија ќе добие нов државен грб

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
многу ми е драго што некои луѓе што на другите постови на форумов се праат неутрални сега си го покажуваат лицето. Дури и оваа идеја не ви се допаѓа? Барате мани, а Лурц уште објаснува дека лавот никогаш не бил симбол на македонија. Знаев дека си тешка комуњара а на други им наоѓаш замерки. Афионот и планината дома да си ги закачиш. Пред куќа.[DOUBLEPOST=1417805985][/DOUBLEPOST]
И грците го сметаат и? Ради тоа треба да се држиме до афионот?

Дури? Аман бе!
Место да седат мадро како прави лавови, они маани ќе наоѓаат.
 
Од кожа се вадам кога некој ќе рече дека лавот е симбол на ВМРО-ДПМНЕ. Тука више разликите не се партиски туку....иам еден куп пријатели кој политички кој не-политчки ориентиран и само закоравените од другиве или пак необразованите сметаат дека сонцето од кутлеш, лавот и тн. се вмровски симболи.
Не е незнаење во прашање, во тоа биди убеден. Затоа и нема простор за дискусија. Ама ќе биде интересно да се гледаат како Македонци го плукаат македонскиот грб повеќе од Ахмети.
 
Само сметам дека круната горе е непотребна, ние не сме монархија, имаме силни републикански традиции, тој дел треба да се исфрли.

Освен ако Грујо не планира наскоро и за цар да се прогласи. @Inglourious Basterd , можда имаш некој инсајдерски информации. ;)
 
това спондилозата ште направи белја лекар трјабва да прегледа тези заболјаванија
 
Само сметам дека круната горе е непотребна, ние не сме монархија, имаме силни републикански традиции, тој дел треба да се исфрли.

Освен ако Грујо не планира наскоро и за цар да се прогласи. @Inglourious Basterd , можда имаш некој инсајдерски информации. ;)
Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

Е сега, како круната го симболизира републиканското уредување не знам, тоа некој хералдичар треба да објасни.
 
Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

Е сега, како круната го симболизира републиканското уредување не знам, тоа некој хералдичар треба да објасни.

Ај сеа озбилно прашање, зошто на сите најави на оваа вест се сигурни во албанскиот глас, има некаква врска со „бомбата“ на Заев или кутриот пак ќе остане заебан како досега? Офтопик, ако и оваа не му успее, неговите од партијата верувам дека ќе го исфрлат и дискредитираат набрзо.
 
Јас и лична карта и пасош треба да менувам за некој месец.
Ама тие кои штотуку извадиле или требаше да ѝм трае уште некоја година, ја наебале на сета сиромаштија.

Битно Буџетот да се полни.
 
Со 5 кули кои оставаат впечаток како пет столбови, односно 5 колони.

Не заборавајте дека 5-та колона, односно 5-от столб ги означува предавниците.

Очигледно пвеводбениците се нашле себеси во овој грб па затоа го прифатиле, бидејќи и тоа како само одговара на нивната предавничка улога во македонското општество.

grb.jpg
 
Ептен сиромашко изгледа, ко во Paint да е цртано. Тој што е од 17-ти век е многу убав.
Coat_of_arms_of_Macedonia_1620.jpg
 
Ја подржувам идејата, редно беше. Речиси четврт век сме независна држава а уште го имаме оној социјалистички грб, анахронен, прегазен од времето на сите можни начини. Додека беше само стариот грб, ај не беше добро но се трпеше оти тој имаше каква-таква историска основа од 60 години. Но кога пред некоја година ја извадија петокраката, нашиот грб излгедаше како кастриран, смешен и несериозен за една нормална држава (не дека сме). Не беше нормално таков социјалистички грб да имаме само ние, Белорусија и непризнаената држава Приднестровие.

Е сега се јавуваат две дилеми.

Прво, имаше на форумот некои кои доста се разбираа до хералдика, ме интересира која е историската основа баш на овој грб, црвен со жолто, а на обратно жолт на црвена позадина, основата сигурно постои но ме интересира од каде е.

И второ, за грбот треба 2/3 мнозинство и бадинтерово, како ќе се натераат ДУИ и ДПА да гласаат за овој грб кој нема ниедно албанско обележје, нешто мора да им се даде за возврат, прашање е што.

Но дека државата мора да добие национален грб, тоа е сигурно.

Нема да ги кошта повеќе од еден тендер.

Веќе ништо не ми е чудно во оваа држава , ја уништуваат и за тоа добиваат гласови , овие сега и сите пред нив.
 
This is wrong on so many levels.

1. Нема, ама апсолутно никаква потреба да се менува стариот грб, макар бил и со Карл Маркс и Тито на него. Домашните граѓани се рамнодушни во поглед на него, а во меѓународни води не предизвикува никакви бранови. Брука било да се има таков грб = детски муабет.
2. Го менуваш со нов, кој сигурно ќе предизвика реакции кај блгарското.
3. Со нов, во кој нема ништо „албанско“, ни па мултиетничко, а државата ни е нели, оаза на мултиетичноста. Заради што, албанското малцинство ќе бара нешто друго во размена и тоа нешто баеѓи големко.

Чист популистички потег, со кој ќе се потпикнат под тепих уште некои тековни проблеми и тивко ќе се вметнат други важни “реформи“.
 
Нема да ги кошта повеќе од еден тендер.

Веќе ништо не ми е чудно во оваа држава , ја уништуваат и за тоа добиваат гласови , овие сега и сите пред нив.
А ти шо се засекира не ми е јасно, ко и онака ви оди во прилог тоа уништување?
 
Ај сеа озбилно прашање, зошто на сите најави на оваа вест се сигурни во албанскиот глас, има некаква врска со „бомбата“ на Заев или кутриот пак ќе остане заебан како досега? Офтопик, ако и оваа не му успее, неговите од партијата верувам дека ќе го исфрлат и дискредитираат набрзо.
Бомбата на Заев е бомба од која гори само Ахмети. И си бара чадор. Ќе видиме допрва што се е договорено, бидејќи Ахмети пред некој ден од Тетово најави дека ДУИ ќе прави чекори што не се најавени во програмата, бидејќи се појавиле нови ситуации во општествено-политичкиот живот. Мислам дека ова е само почеток.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom