Ја подржувам идејата, редно беше. Речиси четврт век сме независна држава а уште го имаме оној социјалистички грб, анахронен, прегазен од времето на сите можни начини. Додека беше само стариот грб, ај не беше добро но се трпеше оти тој имаше каква-таква историска основа од 60 години. Но кога пред некоја година ја извадија петокраката, нашиот грб излгедаше како кастриран, смешен и несериозен за една нормална држава (не дека сме). Не беше нормално таков социјалистички грб да имаме само ние, Белорусија и непризнаената држава Приднестровие.
Е сега се јавуваат две дилеми.
Прво, имаше на форумот некои кои доста се разбираа до хералдика, ме интересира која е историската основа баш на овој грб, црвен со жолто, а на обратно жолт на црвена позадина, основата сигурно постои но ме интересира од каде е.
И второ, за грбот треба 2/3 мнозинство и бадинтерово, како ќе се натераат ДУИ и ДПА да гласаат за овој грб кој нема ниедно албанско обележје, нешто мора да им се даде за возврат, прашање е што.
Но дека државата мора да добие национален грб, тоа е сигурно.