Греење со пелети

Член од
11 октомври 2014
Мислења
29
Поени од реакции
10
Pa dobro, ama 220 ne e isto kako 160. A kaj tebe kako e so potrosuvacka i so kvadrati grees?
Kaj mene pechkata e alfa plam 40 kvadrati edna vreka denot vo najladni denovi sega nesto poveke od pola[DOUBLEPOST=1417081629][/DOUBLEPOST]
http://ekopeleti.bg/ceni
U bugarija se mnogu poeftini, od 120-150 evra na ton
Momentalno vo Bugarija dobri peleti nema shansi da se najdat pod 160 evra za t0n + 18 % ddv + 20-30 evra po ton za prevoz zavisno od dalechinata na utovarot pa sega smetaj.Evtinite peleti se od seno, slama, sonchogled zatoa vnimavajte shto kupuvate.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Kolku sto mi e mene poznato tie peleti od soncogled se pokaloricni i toa za 50+% vo odnos na tie od drvna masa. Taka da imas fakticki dupla usteda, em neli poeftini se em pokaloricni. E sega kako gorat i dali im smetaat na peckite ti najdobro znaes poso imas pecka na peleti. Nie sam na slepo da nagagjame matematika. :)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Јас ги пробав пелетите од сончоглед и не сум воопшто задоволен, напротив не беа воопшто калорични и имаа многу пепел после согорувањето. Разликата се осеќа многу едноставно, печката на зададена јачина на работа да речеме на 3-ка, со користење на букови пелети се осеќа многу поголема топлина која излегува од печката за разлика од сончогледовите пелети.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дали некој има од котлите PELLING 25KW и колкава му е потрошувачката на пелети за час/ден ?

Ви благодарам ...
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
12
Поени од реакции
9
Главен проблем се издувните цевки, кои доколку не се што е можно пократки и што е можно поблиску до некој надворешен ѕид низ кој треба да поминат цевките за да ги исфрлат издувните гасови надвор од домот што е можно полесно и што е можно побрзо, тогаш можат да се задушат, бидејќи освен издувни гасови, исфрлаат и пепел, која со тек на време ќе ги задуши цевките и котелот ќе престане да работи.

Конкретно проблемот е во местоположбата на котелот во мојот стан. Котелот е наместен во ќош, а издувните цевки, кои се алуминиумски и не се заваруваат, туку се лепат со самолеплива алуминиумска трака, имаат дури 3 кривини, а котелот колку и да работи, сепак не може да ја истурка целата пепел низ тие кривини. Со тек на време, вообичаено после 1 ипол месец, мора да се извадат цевките и да се исчистат, а потоа повторно да се вратат и залепат со нова самолеплива алуминиумска трака.
Твојот пост доста ме загрижи. :( сакав да ставам печка во стан, ама цевките да ми бидат долги околу 6 метри со 3х90степенски кривини, од кои 4м во хоризонтала, и башка да ги затворам со Termo izol и керамичко платно...
Дали си се заинтересирал дали постојат на пазарот циклони за ваква намена?
Во мелничката индустрија циклоните успешно го решаваат проблемот со ситната прашина(паспаљ) при многу поголема циркулација. Дали можеби тој проблем на таложење пепел, нема да се реши со обичен таложник(Т профил) веднаш после првата кривина и циклон.
Ама ако велиш дека е толку сериозно при поголема должина на издувните цевки, доколку на пазарот нема вакви реениа, ништо од мојот проект.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Јас ги пробав пелетите од сончоглед и не сум воопшто задоволен, напротив не беа воопшто калорични и имаа многу пепел после согорувањето. Разликата се осеќа многу едноставно, печката на зададена јачина на работа да речеме на 3-ка, со користење на букови пелети се осеќа многу поголема топлина која излегува од печката за разлика од сончогледовите пелети.
Tie eftinite od 160 denara se od soncogled ili drvo?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517
Твојот пост доста ме загрижи. :( сакав да ставам печка во стан, ама цевките да ми бидат долги околу 6 метри со 3х90степенски кривини, од кои 4м во хоризонтала, и башка да ги затворам со Termo izol и керамичко платно...
Дали си се заинтересирал дали постојат на пазарот циклони за ваква намена?
Во мелничката индустрија циклоните успешно го решаваат проблемот со ситната прашина(паспаљ) при многу поголема циркулација. Дали можеби тој проблем на таложење пепел, нема да се реши со обичен таложник(Т профил) веднаш после првата кривина и циклон.
Ама ако велиш дека е толку сериозно при поголема должина на издувните цевки, доколку на пазарот нема вакви реениа, ништо од мојот проект.
Доколку планираш да купиш печка на пелети, а не котел на пелети, тогаш можеби нема да го имаш тој проблем.

Јас користам котел на пелети, кој е поврзан со радијаторите во секоја просторија во 4 собниот стан, вклучувајќи го и радијаторот во купатилото, па можеби затоа се таложи пепелта бидејќи котелот е голем и грее 4 простории.

Печките на пелети од друга страна, не можат да се поврзат со радијаторите и се многу помали, па претпоставувам дека се и полесни за употреба и за одржување.

Можеби проблемот е во производителот.

Мојот котел на пелети го има произведено македонска фирма Милкуз од Охрид со италијанска лиценца, додека во продавниците за котли и печки на пелети, како на пример Меркур во Автокоманда, продаваат печки и котли на пелети ЕкоШпар, произведени во Словенија.

Не сум го испробал тоа решение циклон, не знам ни како функционира.

Лично ти препорачувам убаво да се распрашаш во салоните кои ќе ги посетуваш, а каде што продаваат печки и/или котли на пелети.

Еве овој охриѓанецов, кога пред 2 години го купивме котелот на пелети од кај него, воопшто не ни кажа дека котелот мора да се отвора еднаш годишно за да се исчистат внатрешни цевки кои не можат да се извадат, а кои се полнат со пепел.

Мајка ми му се јави откако кујната почна да мириса на чад, по што тој после дури 2 години, ни кажа дека котелот мора да се отвори и да се исчистат тие внатрешни цевки. Правосмукалката за пепел и ситна прашина што ја купивме специјално за чистење на котелот, сепак е мала и не може да собира многу прашина и пепел, поради што едно 10 пати ја отворав и го тресев филтерот полн со пепел додека ги чистев тие цевки.

После ваквото искуство што го имав со таа охридска фирма Милкуз, не ја препорачувам на никого. Ај што упатството што ни го даде е на англиски јазик - на мене лично англискиот јазик не ми претставува проблем, но останува фактот дека можел да ангажира преведувачи за да го преведат на македонски јазик тоа упатство кое нема ни 10 страници - туку и да не ни каже дека треба да се отвора котелот и да се чистат тие внатрешни цевки еднаш годишно, за мене лично е многу несериозен однос од негова страна.

Но словенечките ЕкоШпар печки и котли на пелети можеби работат на поинаков принцип и можеби има полесен начин за чистење на тие внатрешни цевки, или па можеби има механизам за нивното чистење, наместо да се отвора котелот.

А кога сме кај печките на пелети, не верувам дека тие печки ги имаат тие внатрешни цевки бидејќи се многу мали.

Доколку имаат внатрешни цевки, како би ги чистеле истите, кога се толку мали ?

Затоа ти препорачувам да се распрашаш за чистење и одржување на печката/котелот на пелети кој(а) планираш да ја/го купиш.

• Дали ја/го даваат со упатство на македонски јазик ?

• Колку време трае гаранцијата ?

• Како се чисти и одржува ?

• Дали има внатрешни цевки кои мораат да се чистат еднаш годишно или некои други елементи кои бараат редовно одржување ?

Какви и да ти се плановите, држи се настрана од Милкуз охриѓаните, знам дека не е добро да зборувам вака за нив бидејќи таму работат охриѓани кои од склопувањето на тие печки и котли на пелети си го заработуваат лебот, но останува фактот дека се несериозна фирма, освен ако во меѓувреме се подобриле, а јас лично не верувам во тоа.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.080
Поени од реакции
23.536

Од каде Еко Шпар словенски пак сега?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517
Од каде Еко Шпар словенски пак сега?
Ги испомешал лончињата :icon_lol:
Во право си, ЕкоШпар не се словенечка фирма, туку македонска, но лиценцата по која ги произведуваат печките и котлите на пелети е или италијанска или словенечка.

И тие се од Охрид, исто како и Милкуз.

Меркур е словенечка фирма и ете од таму мешањето на лончињата. :icon_lol:

Но како и да е, јас имам свои лични поплаки за Милкуз, а за Еко Шпар, барем досега, не сум слушнал поплаки.
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61
Имам прашање до поупатените, дали има производство на пелети од македонско потекло и кои се најголеми произведувачи, како и за побарувачката каква е и дали има тенденции за раст или за намалување ?
 
Има прилепски произведувачи на пелети кои не се баш квалитетни, а цените не им ги знам.

Пелетите не се добро исчистени и во вреќите понекогаш има дрвца кои се мали, но сепак доволно тврди за да ја закочат спиралата која ги внесува пелетите во каминот.

Ако спиралата не работи и не може да ги внесе пелетите во каминот, тогаш печката/котелот на пелети е тотално бескорисна/бескорисен и неупотреблив(а), поради што ќе мора да доаѓа сервисер за ја одглави спиралата, а неретко тоа подразбира вадење на спиралата за да се отстрани дрвеното парче, а тоа ќе потрае минимум половина час.

Додај го на ова и времето потребно на сервисерот за да дојде, некои можеби ќе дојдат експресно, а некои можеби ќе дојдат дури после неколку часа, а ако се презафатени, не е исклучена можноста да дојдат во доцните вечерни часови, а можно е да дојдат дури наредниот ден, во зависност од тоа колку се зафатени.

Во текот на овој временски период, се додека не се отстрани дрвеното парче од спиралата, печката/котелот на пелети е неупотреблив(а) и освен ако домаќинството има алтернативен систем за греење, на зимски студови тоа е многу непријатна и неудобна ситуација.

Затоа е многу важно при производството на пелети да се одржува нивната чистота, бидејќи и најмалото дрвце може да ја/го направи печката/котелот на пелети неупотреблив(а).

Можеби има и други производители на пелети низ Македонија, но не сум запознаен со нивниот квалитет и нивните цени.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Имам прашање до поупатените, дали има производство на пелети од македонско потекло и кои се најголеми произведувачи, како и за побарувачката каква е и дали има тенденции за раст или за намалување ?
Да има македонски прозиводители, едни од подобрите што сум ги користел се Алпинпелет од Делчево, иначе имаш производители во Куманово, Струмица, Прилеп, Смојмирово, Богданци, а верувам дека има и други помали прозиводители кои се на почеток на производство па со тек на времето и нивната понуда ќе расте. Мое лично мисење е дека понудата постојано ќе расте, а за цените веќе оваа година се наоѓаат поефтини на пазарот, за разлика од претходната.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517
Еве баш денес, случајно или не, прошетав едно 60 вреќи со пелети до подрумот, гимнастика тешка 900 килограми, односно 450 килограми, земајќи го во предвид фактот дека со пријател мој ги растоварувавме и ги носевме вреќите.

Фирмата која ги достави пелетите е од Скопје, спроти Канал 5 Телевизија, но пелетите дефинитивно не се македонски, туку српски, бидејќи убаво пишува на вреќите дека се произведени во Србија. Не ја знам цената, мајка ми ги нарачала и ги платила вреќите, јас и пријателот само ги растоварувавме и ги носевме до подрум.

http://www.peleti.eu.mk/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom