Греење со пелети

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Vo drugata tema za evtino zatopluvanje imav pisano za edni rodnini koi imaat pecka na peleti no namesto peleti stavaat semki od cresi/visni koi cinat 70€ ton. A potrosuvackata e malce (zanemarlivo) pogolema vo odnos na peletite.

Sent from my U8600
Баш ме интересира од каде се снабдуваат тие семки?
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
@annaja01, rodninata semkite gi zemal od okolina na Stip. Vo princip site sto se zanimavaat so prerabotka na ovosje (cresi, visni) imaat i semki. Zatoa najdobro rasprasajte se kade ima takvi pogoni i ke vi kazat cena.

Sent from my U8600
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517
Јас веќе втора година по ред се грејам на котел на пелети, се исклучив од Топлификација, а радијаторите ги поврзав со новиот котел на пелети со моќност од 12 киловати, кој е наменета за станови до 100 метри квадратни. Бојлерот во купатилото исто така може да ја загрева водата преку парно греење и исто така е поврзан со котелот за да ја грее водата во бојлерот.

Имав проблем со чистењето на пепелта, која е многу ситна, поради што може да го задуши моторот на обичната правосмукалка и да ја расипе. Ова го решив со купување на правосмукалка која е наменета исклучиво за пепел и за ситна прашина, ме чинеше околу 4.000 денари. Но и со оваа правосмукалка, морам да признаам дека искуството со чистење на котелот барем еднаш неделно, не е баш пријатно искуство.

Главен проблем се издувните цевки, кои доколку не се што е можно пократки и што е можно поблиску до некој надворешен ѕид низ кој треба да поминат цевките за да ги исфрлат издувните гасови надвор од домот што е можно полесно и што е можно побрзо, тогаш можат да се задушат, бидејќи освен издувни гасови, исфрлаат и пепел, која со тек на време ќе ги задуши цевките и котелот ќе престане да работи.

Конкретно проблемот е во местоположбата на котелот во мојот стан. Котелот е наместен во ќош, а издувните цевки, кои се алуминиумски и не се заваруваат, туку се лепат со самолеплива алуминиумска трака, имаат дури 3 кривини, а котелот колку и да работи, сепак не може да ја истурка целата пепел низ тие кривини. Со тек на време, вообичаено после 1 ипол месец, мора да се извадат цевките и да се исчистат, а потоа повторно да се вратат и залепат со нова самолеплива алуминиумска трака.

Пелетите исто така можат да предизвикаат проблем. Мора да се биде максимално внимателен со изборот на пелети. Кога го купив котелот, нарачав и 100 вреќи пелети од Прилеп, не знаејќи колку само можат да направат беља бидејќи не беа чисти. Во вреќите имаше остатоци од дрвца, мали тврди дрвени парчиња кои и мало дете може да ги скрши како чачкалици за заби, но сепак доволно тврди за да ја заглават спиралата која се врти и ги внесува пелетите во котелот. Во зимата 2012/2013, два пати се заглави спиралата и морав да чекам да дојдат сервисерите, а бидејќи котелот го купив од Охрид, морав да ги чекам речиси цело попладне додека да дојдат и барем уште саат време додека го отвораат котелот и ја вадат заглавената спирала. Во тие два наврати додека ги чекав сервисерите да дојдат од Охрид до Скопје, котелот не работеше и нормално, радијаторите останаа ладни. Од тогаш сум максимално внимателен кога купувам вреќи со пелети, внимателно ги бирам вреќите за да се осигурам дека нема никаква трага од дрвени парчиња во нив, бидејќи можат и тоа како само да направат беља. Најчесто купувам Forest Enterprises пелети од Србија, кои ги има на бензиските пумпи на Макпетрол и во некои супермаркети кои продаваат алат и слично, како што се Хубо Маркет или Меркур и Бриколаж во Автокоманда.

Како капак врз сето ова, бидејќи јас живеам во станбена зграда, вреќите со пелети ги чувам во оставата во подрумот, а лифтот не оди во подрумот, поради што морам сите вреќи една по една да ги качувам по скали од подрумот до приземјето, па во лифтот, па откако ќе се качам со лифтот, ги растоварувам од лифтот до терасата, вообичаено поминувам месец дена со 20 до 25 вреќи, но тој еден ден во месецот кога ги качувам тие 20 до 25 вреќи од подрумот до лифтот, па од лифтот до терасата, воопшто не е пријатно и удобно искуство.

Кратко и јасно, чистењето и одржувањето на котелот е ептен заебано, а ако имате сопствена остава на истиот кат на кој се наоѓа печката/котелот на пелети, тогаш не би требало да имате проблеми со сместувањето на вреќите, се додека внимавате какви пелети купувате.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас веќе втора година по ред се грејам на котел на пелети, се исклучив од Топлификација,
Благодарам на исцрпните информации
Уште те замолувам да не информираш за цената по која ги купуваш пелетите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.018
Поени од реакции
12.517
Благодарам на исцрпните информации
Уште те замолувам да не информираш за цената по која ги купуваш пелетите.
Хехе, е за тој дел не можам да те информирам, бидејќи јас сум задолжен само за физичката работа, а нарачките и финансиите ги води мајка ми, на која и дојде идејата да го баталиме парно греењето од Топлификација и да преминеме на домашно парно греење преку котел на пелети. :D

Немој да ме држиш за збор, но мислам дека 100 вреќи од по 15 килограми ги купуваме по цена од 300 евра, тоа доаѓа околу 180 денари по вреќа. Последната пратка мислам дека чинеше 160 денари по вреќа, но немој да ме држиш за збор, бидејќи навистина не сум упатен во тој дел.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
103
Поени од реакции
67
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264

Првиот ок, али овој вториот со цена од 17 денари за 1кг, за еден тон се добива цена од 17 000 ден или 276 евра :eek: Не ми е јасно кога цената во соседството се движи од 150-200 евра за тон Србија и Бугарија, овие нашиве сакаат преку ноќ да се збогатат.
 
Член од
9 април 2012
Мислења
50
Поени од реакции
14
Еден мој пријател се грее на палети и ми кажа дека платил 14 300 (и тоа преку пријател нешто) за тон . Од тоа што го слушам од него и од други тоа е некако скапо со оглед дека за камин или котел на палети треба да платиш многу повеке па според негови математики некако инвестицијава не му изгледа многу исплатливо.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
103
Поени од реакции
67
Првиот ок, али овој вториот со цена од 17 денари за 1кг, за еден тон се добива цена од 17 000 ден или 276 евра :eek: Не ми е јасно кога цената во соседството се движи од 150-200 евра за тон Србија и Бугарија, овие нашиве сакаат преку ноќ да се збогатат.
Кога продаваш на помали количини, нормално е цената да е поголема, затоа 17 ден. е килограм. Сигурно за поголеми количини цената е друга.

Барајте си попусти зошто трговците се флексибилни особено за поголеми количини.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Оние што споменавте котел.... тоа се тие котли кои се комбинирани...котел-камин.
Ме интересира потрошувачката на класичните котли на пелети, оние кои целата своја енергија ја користат на радијаторите.
Која е нивната потрошувачка....или пак потрошувачката на горилник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom