Значи да бидеме на чисто............... Се работи за психички зависно адолесцентно "пораснато дете" во тело на возрасен. - дечко ти (25 год.)
Од друга страна ти си 22 год. сеуште си многу млада особа во развој, психички пред се! Ти треба време да се осознаеш самата себеси, и пред се да сфатиш каде ние тоа живееме... Девојко ова е Македонија....... тука поедини индивидуи сериите како "Малата невеста", "Сила", "Огнови на љубовта" итн. си ги сфаќаат доста озбилно.....
Ти треба време да созрееш, без навреда, пред се да осознаеш каде се наоѓаш и каде сакаш да се наоѓаш, и како треба својот однос да го прилагодиш кон околината.
Рака на срце без разлика што некои членови тука се чудат како постојат такви родители, и како тоа дечкото можело да подпаѓа под родителско влијание и други дрнгулајки, значи пред се тие немаат разбирање за ситуацијата........... сум видела секакви работи затоа не се чудам на твојот проблем...... па дури и доста е чест проблем, ако воопшто е проблем, на овие простори...........
Е сега...... друга работа што треба да разбереш и да си ставиш во глава девојче, е тоа дека, слушај постари како мене на пример

, е дека мажињава се зависни од родителско мислење, посебно македонските..... не е тоа заради тоа што се слабиќи,,,,.... иако понекогаш и тоа е причината, тоа е заради економската зависност од родителите која неизбежно внесува.... манипулирање, мешање во одлуките на младиот адолесцент, дечко ти...... што можеш ти тука......... ништо........... апсолутно ништо не може да ги премисли старците........ теле се учи, вол не.......и тврдоглави се повеќето,,,, мислат дека се најпаметни. едино дур не си заглибала подлабоко ти советувам да излезеш од таа токсична врска, пред да се случи нешто полошо, зашто како што реков, сами не можете да опстоите во државава, теоретски шанси немате......
а за да донесете одлука за заминување во странство и целосно одвојување и осамостојување, не сте сеуште зрели, за таа одлука треба да поминат бар уште 3 - 5 години минимум.......