Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Допуштено им било доброто, а забрането им било злото.
Ако немаш концепт за едното, немаш ни за другото. Неможе да знаеш што е добро, без да знаеш што е зло. Тие се контрасти еден на друг! Плус, во библијата пишува дека им е забрането и тоа и тоа:
Битие 2:
16 И му заповеда Господ Бог на
човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17 освен од дрвото за познавање на добротo и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.”
Link
 
Ако има, како може да биде далтонист?! Ете јас сум му објаснил дека на лева стррана не смее да става зелени коцки, ама тој е далтонист!
Бидејќи е далтонист и си му објаснил, не треба да те послуша?
 
Ако немаш концепт за едното, немаш ни за другото. :

...што е човечко мудрување, а не и Божја премудрост...[DOUBLEPOST=1417473022][/DOUBLEPOST]
Неможе да знаеш што е добро, без да знаеш што е зло.

Можеш: послушај што ти советуваат и тоа ти е појќе од доволно.[DOUBLEPOST=1417473097][/DOUBLEPOST]
Тие се контрасти еден на друг! :

Доброто е створено, злото е нестворено и е извртено добро.
Има добро, нема зло. Каде е контрастот?
 
Очите им биле отворени и пред гревот.
Со отворените очи после сторениот грев, Адам и Ева ја увиделе својата огревовеност.
Не е точно. Битие 3:7 Јасно си стои - "Тогаш им се отворија очите"

За да ме поучи, оти тој „некој„ е попаметен од мене, и да ме спречи да прочитам погрешни нешта.
Ккао ќе те спречи да имаш сознание за читање и пишување, ако ти веќе знаеш да читаш и пишуваш?
 
Ако немаш концепт за едното, немаш ни за другото. Неможе да знаеш што е добро, без да знаеш што е зло. Тие се контрасти еден на друг! Плус, во библијата пишува дека им е забрането и тоа и тоа:

Види го болтот:
„...освен од дрвото за познавање на добротo и на злото...„.
 
Види го болтот:
„...освен од дрвото за познавање на добротo и на злото...„.
Да, на познавање на доброто и злото! Не на доброто без злото.
 
Последно уредено:
Ккао ќе те спречи да имаш сознание за читање и пишување, ако ти веќе знаеш да читаш и пишуваш?

Со добронамерен и корисен совет, оставен на прифаќање или неприфаќање од мојот слободен избор и одлука.[DOUBLEPOST=1417473410][/DOUBLEPOST]
Да, на поснавање на доброто и злото! Не на доброто без злото.

Велиш?

Овде:

http://forum.kajgana.com/threads/Ди...станати-убедувања.71895/page-149#post-6978786

го болтуваш (нагласуваш!) доброто, а не способноста за познавање.
 
Со добронамерен и корисен совет, оставен на прифаќање или неприфаќање од мојот слободен избор и одлука.
Добронамерноста нема врска со фактот што ти веќе знаеш да читаш а некој накнадно ти го забранува тоа....тоа е апсурд, глупост е.
 
:vozbud::facepalm::tapp: Ти знаеш што значи далтонист?
ТИ!, али у духовна смисла. Еве читај се и промучкај. Збориш за не смее да става(Ипссисимув далтонизам:tapp:).
Ако има, како може да биде далтонист?! Ете јас сум му објаснил дека на лева стррана не смее да става зелени коцки, ама тој е далтонист!
Дали далтонистот ќе ги стави коцките или ќе те праша за кои коцки му зборуваш?
 
Добронамерноста нема врска со фактот што ти веќе знаеш да читаш а некој накнадно ти го забранува тоа....тоа е апсурд, глупост е.

Во извртената ментална оптика, добронамерноста е глупост, слободната волја не е аргумент, но затоа се‘ што е производ од фантазијата, магловитоста и бесцелноста, само по себе е несоборлива вистина...
 
ТИ!, али у духовна смисла. Еве читај се и промучкај. Збориш за не смее да става(Ипссисимув далтонизам:tapp:).

Дали далтонистот ќе ги стави коцките или ќе те праша за кои коцки му зборуваш?
Значи пробај некоја вијуга да акривираш и одпочеток внимателно читај: Ако ти намерно создадеш некого да не распознава бои, а потоа му кажеш дека смее да става и зелени и цервени коцки на десната страна, ама не смее да става зелени коцки на левата, дали тоа ќе биде доволно? Дали предупредувањето да не става зелени коцки од лево е доволно, ако ти си го создал човекот да биде далтонист?[DOUBLEPOST=1417476006][/DOUBLEPOST]
Во извртената ментална оптика, добронамерноста е глупост, слободната волја не е аргумент, но затоа се‘ што е производ од фантазијата, магловитоста и бесцелноста, само по себе е несоборлива вистина...
За испраниот ум, логиката е апсурд, вистината е лага, разумот е лудост а лагата вистина.
 
Значи пробај некоја вијуга да акривираш и одпочеток внимателно читај: Ако ти намерно создадеш некого да не распознава бои, а потоа му кажеш дека смее да става и зелени и цервени коцки на десната страна, ама не смее да става зелени коцки на левата, дали тоа ќе биде доволно? Дали предупредувањето да не става зелени коцки од лево е доволно, ако ти си го создал човекот да биде далтонист?
Да не ти се проблем вијугите не би го демантирал примерот и тоа со тешко промашување.

Бог не му го ускратува познанието на човекот! Тоа од примерот твој значи, не е создаден да биде далтонист.
Адекватен пример на Библијата би ти бил, доколку си создал далтонист во смисла што не ги знае боите, а треба да помине раскрсница и ти природно ќе му забраниш да не поминува додека не научи бои.
 
За испраниот ум, логиката е апсурд, вистината е лага, разумот е лудост а лагата вистина.

Сеуште не се сеќавам за која вистина пишуваш...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom