Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто упорно негираш дека ако некој нема сознание за добро и зло, џабе ти е да му објаснуваш?
Го читаш Св. Писмо и упорно лажеш дека Бог не му кажал на Адам, т.е. дека немал сознание за последицата.

Дали ако јас на далтонист му објаснам дека зелените коцки мора да бидат лево а црвените десно, тоа ќе е доволно?
Што значи дали е доволно?
Дали далтонистот има сознание или нема?
 
И што сакаш да кажеш со ова? Дека не им било забрането сознанието за добро и зло? Кон тоа целиш?

И како им било забрането, кога веќе имале избор?

Кога Бог им понудил на Адама и Ева да јадат од допуштеното дрво и кога Адам и Ева би јаделе од допуштеното, тоа значи дека ем би Го послушале Бога, ем би Го одбрале Бога, оти забранетото дрво и изборот на јадење од забранетото дрво, ем би бил знак за нивна непослушност и совеглавост, ем би бил избор човеков за битисување без Бога, односно за битисување без Животодателот.
 
Еве како ја менува, напишано со големи букви:

наведуваш што Бог им забранил, а не наведуваш што Бог претходно веќе им допуштил па изведуваш „заклучок„ дека Адам и Ева немале појма што е добро за што зло, иако тоа веќе им било укажано.
И на компјутерот можеш да му кажеш што да одбере а што да не одбира, тоа тој ќе го изврши, но пак ќе нема сознание што едобро а што зло.
Втора работа. Ако веќе можеле да распознаваат добро и зло, која е поентата да им забраниш, кога веќе знаат?
 
И на компјутерот можеш да му кажеш што да одбере а што да не одбира, тоа тој ќе го изврши, но пак ќе нема сознание што едобро а што зло.

Компјутерот го одбира она кое програмерот му го наложил софтверски: компјутерот нема слободна волја и не може да одбира што е добро а што зло.
 
Го читаш Св. Писмо и упорно лажеш дека Бог не му кажал на Адам, т.е. дека немал сознание за последицата.
Вие сте тие кои лажете! Никаде не сум рекол дека Бог не му кажал! Тоа е лага, твоја не моја! Јас го кажувам тоа што е очигледно - дека сознанието за добро и зло им било забрането и дека истиот тој што им го забранил, потоа ги товари за одговорност!
Што значи дали е доволно?
Дали далтонистот има сознание или нема?
Ако ти намерно направиш некој да не распознава бои а потоа му дадеш зелени и црвени коцки, и му велиш сите коцки можеш да ги ставаш на десната страна, ама зелените несмееш на левата! Дали е нормално и праведно да го казниш, ако тој стави зелена коцка на лева страна?
 
Втора работа. Ако веќе можеле да распознаваат добро и зло, која е поентата да им забраниш, кога веќе знаат?

Не им забранил, туку јасно им укажал што смеат а што не смеат, како и последиците од тој избор.

Ако Бог намерил само да им забрани, Он би нашол поинаков начин на забранување, а не чиста ситуација, во која волјата од створениот човек, без присила, можела да одбере и одлучи со кого и како ќе битисува човекот: со Бог или без Бог.
 
Компјутерот го одбира она кое програмерот му ги наложил софтверски: компјутерот нема слободна волја и не може да одбира што е добро а што зло.
Слободната волја не е услов за да разбираш добро и зло! Таа е само можност да одбереш од опциите што ти се на располагање! Можеш да имаш слободна волја да одбереш само три можности, можеш да имаш слободна волја да одбереш милион опции.
И компјутерот може да има капацитет да одбере милион опции, а може да има капацитет да одбира и само помеѓу три, тоа пак нема да му даде способност да разликува добро и зло.[DOUBLEPOST=1417472036][/DOUBLEPOST]
Не им забранил, туку јасно им укажал што смеат а што не смеат, како и последиците од тој избор.

Ако Бог намерил само да им забрани, Он би нашол поинаков начин на забранување, а не чиста ситуација, во која волјата од створениот човек, без присила, можела да одбере и одлучи со кого и како ќе битисува човекот: со Бог или без Бог.
За да ги разберат последиците, потребно им е сознание за добро и зло, а токму тоа им било забрането.
 
Слободната волја не е услов за да разбираш добро и зло!

А бе како да не: еве, мојов ПЦ одлично знае и секој ден ми советува што е добро а што лошо за моето здравје... :confused:[DOUBLEPOST=1417472207][/DOUBLEPOST]
Можеш да имаш слободна волја да одбереш само три можности, можеш да имаш слободна волја да одбереш милион опции.

Може: во теоријата на хаосот може све...

Кај Христа, може само две нешта: со Него или без Него. „Трето„ нема, а нема ниту „шеснаесетто„.
 
А бе како да не: еве, мојов ПЦ одлично знае и секој ден ми советува што е добро а што лошо за моето здравје... :confused:[DOUBLEPOST=1417472207][/DOUBLEPOST]

Може: во теоријата на хаосот може све...

Кај Христа, може само две нешта: со Него или без Него. „Трето„ нема, а нема ниту „шеснаесетто„.
Како што реков, на твоја жалост, реалноста и вистината немаат ништо со твојата заблуда, верувања и тврдоглавост.
 
За да ги разберат последиците, потребно им е сознание за добро и зло, а токму тоа им било забрането.

Ајде, пак од почеток:
„...Адам и Ева не знаеле што е добро па Бог им бил крив што одбрале зло...„.
 
Ајде, пак од почеток:
„...Адам и Ева не знаеле што е добро па Бог им бил крив што одбрале зло...„.
Ако знаеле, зошто им било забрането? Ако знаеле, зошто одпосле им се отвориле очите?
Ако ти веќе знаеш да читаш, која е поентата да ти забрани некој да имаш сознание како се чита?
 
Вие сте тие кои лажете! Никаде не сум рекол дека Бог не му кажал! Тоа е лага, твоја не моја! Јас го кажувам тоа што е очигледно - дека сознанието за добро и зло им било забрането и дека истиот тој што им го забранил, потоа ги товари за одговорност!
Ако Бог му кажал, имал ли Адам сознание или не?
Јас го кажувам тоа што е очигледно - дека сознанието за добро и зло им било забрането и дека истиот тој што им го забранил, потоа ги товари за одговорност!

Забраната никако не значи дека била трајна, напротив.

Ако ти намерно направиш некој да не распознава бои а потоа му дадеш зелени и црвени коцки, и му велиш сите коцки можеш да ги ставаш на десната страна, ама зелените несмееш на левата! Дали е нормално и праведно да го казниш, ако тој стави зелена коцка на лева страна?
Почна и сам себе да се извртуваш.
Одговори, има ли далтонистот сознание или не, ако веќе си му објаснил како што рече?
 
Како што реков, на твоја жалост, реалноста и вистината немаат ништо со твојата заблуда, верувања и тврдоглавост.

Ајде, наведи го начинот на кој Бог би бил должен да им укаже на Адама и Ева како „изгледаат„ доброто и злото.
 
Ако Бог му кажал, имал ли Адам сознание или не?
Ако знаеле, зошто им било забрането? Ако знаеле, зошто одпосле им се отвориле очите?
Ако ти веќе знаеш да читаш, која е поентата да ти забрани некој да имаш сознание како се чита?
Почна и сам себе да се извртуваш.
Одговори, има ли далтонистот сознание или не, ако веќе си му објаснил како што рече?
Ако има, како може да биде далтонист?! Ете јас сум му објаснил дека на лева стррана не смее да става зелени коцки, ама тој е далтонист!
 
Ако знаеле, зошто им било забрането?

Допуштено им било доброто, а забрането им било злото.[DOUBLEPOST=1417472724][/DOUBLEPOST]
Ако знаеле, зошто одпосле им се отвориле очите?

Очите им биле отворени и пред гревот.
Со отворените очи после сторениот грев, Адам и Ева ја увиделе својата огревовеност.[DOUBLEPOST=1417472776][/DOUBLEPOST]
Ако ти веќе знаеш да читаш, која е поентата да ти забрани некој да имаш сознание како се чита?

За да ме поучи, оти тој „некој„ е попаметен од мене, и да ме спречи да прочитам погрешни нешта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom