Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
А мене не ми е јасно како може нешто паганско, значи некое верување кое е ветер на магла, кое е бабини деветини и слични такви изрази имаме за нешто или некое верување кое нема никаков ефект со тие обреди и адети кои ги прават луѓето, да биде битно и составен дел на христијаните и никој тоа не го спречува, нити ги подучува луѓето дека тоа што го прават е воздух, нема ефект за христијанскиот живот.

Грижата за мртвите не е паганска измислица, туку дел од ве(р)бата кај зазлични народи, од различни времиња. во исто верување: дека после овоземниот, постои и вечен живот.

Тоа го практикуваа(т) и паганите, и незнабожците па и евреите.

Верувањето во задгробниот живот е потврдено не од паганите, туку од самиот Господ Христос, Кој умре и воскресна и не‘ повика да битисуваме во заедница со Него во вечноста, во Царството Небесно.

Према томе, не е точно дека рисјанската грижа за мртвите е без ефект.[DOUBLEPOST=1417465356][/DOUBLEPOST]
Со оглед на тоа дека твојот критериум за вистина е единствено тоа што тебе ти одговара, може и милијарда пути да кажеш дека сум у криво, тоа нема да ја смени вистината.
.

Чија вистина, твојата?...
И која е таа, дај конечно, напиши ја.[DOUBLEPOST=1417465436][/DOUBLEPOST]
Неможеш да го смениш тоа што го пишува во библијата, а пишува: "Од секое дрво може да јадете, освен од дрвото за спознавање на доброто и злото".

Не ни имам намера да ја сменам: ти си тој кој го крати болтуваниот дел од стихот.[DOUBLEPOST=1417465491][/DOUBLEPOST]
Како што кажа @Let 3

Сега ќе речеш и: „..како што кажа @SuBZerO..."...:pos:
Или како што би рекол мојот омилен професор: „Афирмативен заклучок од негативен пример„.
 
Последно уредено:
Чија вистина, твојата?...
И која е таа, дај конечно, напиши ја.
Вистината нема сопственик, на ваша жалост. Не е ни моја ни твоја. И сакал или не, вистината е дека во Битие стои дека бог ги создал Адам и Ева без сознание за добро и зло, и потоа ги казнил затоа што "погрешиле". На глава да стоиш, неможеш да го смениш тоа што го пишува, можеш само да признаеш дека библијата не е наменета да се чита и толкува буквално, но премногу ти е испран умот за да направиш таков чекор.
Не ни имам намера да ја сменам: ти си тој кој го крати болтуваниот дел од стихот.
Не е ништо кратено, секој може да провери.
Сега ќе речеш и: „..како што кажа @SuBZerO..."...:pos:
Или како што би рекол мојот омилен професор: „Афирмативен заклучок од негативен пример„.
Трол си бил, трол ќе си останеш.
 
И историјата и сегашноста укажуваат на тоа дека некритичкото прифаќање на одредени изјави како неприкосновена Божја вистина доведува само де две прилично лоши последици - 1. Лажна увереност дека знаеш нешто што навистина не го знаеш. 2,
Bold- кога разговараш за религија ова не треба да ти е предрасуда.
Во време на плурален религиозен критицизам, кој практично академски сегде е прифатен, ваквите позиции се апсурдни.
2, Лажна увереност дека смееш да правиш работи што во никој случај не би ги правел ако наместо во светите книги погледнеш во својата душа.
Зошто твојата позиција „гледање преку душа“ да е ок, мојата „гледање преку Христос“ не е?
 
Последно уредено:
Грижата за мртвите не е паганска измислица, туку дел од ве(р)бата кај зазлични народи, од различни времиња. во исто верување: дека после овоземниот, постои и вечен живот.

Тоа го практикуваа(т) и паганите, и незнабожците па и евреите.

Верувањето во задгробниот живот е потврдено не од паганите, туку од самиот Господ Христос, Кој умре и воскресна и не‘ повика да битисуваме во заедница со Него во вечноста, во Царството Небесно.

Према томе, не е точно дека рисјанската грижа за мртвите е без ефект.[DOUBLEPOST=1417465356][/DOUBLEPOST]

Значи јас не го негирам тоа верување, туку обредот кој го практикуваат е ист во целост што го правеле претходно паганите. Невозможно е тоа да е христијански обичај или даден од страна на Господ токм утака да се грижа за мртвите. Затоа и на тоа мсилев на самиот обред дека е без ефект.
 
Испушти една многу битна работа, Адам и Ева немале сознание за добро и зло, тоа им било забрането, а казнети се поради тоа што посегнале по него. Апсурдот е во тоа што без концепт за добро и зло, неможеш да бидеш товарен за одговорност од страна на оној што тој концепт ти го ускратил, забранил.
Ова е нешто кое постојано го игнорираат.
Адам незнаел дека треба да го послуша Бог? Намерно ли упорно извртуваш?
 
:pos::pos::pos::vozbud::vozbud::vozbud: Паганизмот бил бабини деветини и ветер и магла, а верувањето дека Бог сам на себе е татко, кој доаѓа да го спаси светот од "гревот" што тој самиот го допуштил и неможел да го спречи (а семоќен е и сезнаен) не е ветер и магла и не е бабина деветина?! :tapp:
Па целото ваше христијанство е спој од крадени пагански обреди, поклопување на пагански празници и асимилација на пагански богови во денешни светци!
Очигледна апсурд ја игнорирате, немоќни да ја објасните апсурдноста на проблемот со злото и семоќноста, а прогласувате други религии за ветер и магла?!

Јас не негирам дека христијанството во обид да ги христијанизира паганите или словените го прифатиле тоа, но затоа треба според мене да се врати кон изворното христијанство што го практикувале христијаните кои биле живи сведоци на проповедањето на Господ Исус Хрисотс. Значи милсма за ранохристијаните.
 
Адам незнаел дека треба да го послуша Бог? Намерно ли упорно извртуваш?
Адам немал сознание за добро и зло! Како може да обвиниш некого, ако ти самиот си го создал без тоа сознание? Кој извртува?!
Јас не негирам дека христијанството во обид да ги христијанизира паганите или словените го прифатиле тоа, но затоа треба според мене да се врати кон изворното христијанство што го практикувале христијаните кои биле живи сведоци на проповедањето на Господ Исус Хрисотс. Значи милсма за ранохристијаните.
Со кое право ги прогласуваш другите религии за ветер и магла? За бабини дветини?
 
Адам немал сознание за добро и зло! Како може да обвиниш некого, ако ти самиот си го создал без тоа сознание? Кој извртува?!

Со кое право ги прогласуваш другите религии за ветер и магла? За бабини дветини?

За тебе религија е тоа во што верувале словените? Во идоли? Во дрвени ликови и измислени личности? Господ Исус Христос е вистинска личност која има дела позади себе. Слепи прогледале, луѓе воскреснувале итн. Па не знам сега разликата е очигледна.
 
За мене е ветер и магла да веруваш дека си се родил со наследен грев, и сега што правиме?
И паганите верувале дека нивните богови се вистински, дека луѓе прогледувале, проодувале....
Не е ништо пореален твојот Исус од боговите што ги прогласуваш за ветер и магла.
 
Значи јас не го негирам тоа верување, туку обредот кој го практикуваат е ист во целост што го правеле претходно паганите. Невозможно е тоа да е христијански обичај или даден од страна на Господ токм утака да се грижа за мртвите. Затоа и на тоа мсилев на самиот обред дека е без ефект.

Тоа што го чинат статистичките православни македонци на гробиштата, не значи дека е и правилна грижа за мртвите, сторена надвор од црковниот ред.

Обредот не е без ефект, затоа што не знаеме што и‘ е досудено на душата од упокоениот и не го знаеме нејзиното привремено одредиште, но токму грижата од живите за мртвите и молитвите кои Црквата ги упатува кон Небесата, може да им биде од голема корист на душите од упокоените.[DOUBLEPOST=1417467975][/DOUBLEPOST]
Вистината нема сопственик, на ваша жалост.

„На жалост„?
Е оти на жалост, кога Црквата веќе ја поседува вистината, а ти никако нејќеш да ни ја напишеш...
Кој е овде за жалење: тој кој нема или тој кој веќе има?
 
За мене е ветер и магла да веруваш дека си се родил со наследен грев, и сега што правиме?
И паганите верувале дека нивните богови се вистински, дека луѓе прогледувале, проодувале....
Не е ништо пореален твојот Исус од боговите што ги прогласуваш за ветер и магла.

Они верувале но дали физички е докажано дека постоела таква личност? Кај е тој доказ дека физички бил присутен некој од тие богови?
 
Не е ништо кратено, секој може да провери.

Ето, јас ќе проверам и ќе ти помогнам...

Еве како.
Велиш:

„...Адам и Ева немале сознание за добро и зло, тоа им било забрането,...„

Превземено од:

http://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанстовото-и-останати-убедувања.71895/page-144#post-6977184

Јас напишав:

„...Не ни имам намера да ја сменам: ти си тој кој го крати болтуваниот дел од стихот...„

Превземено од:

http://forum.kajgana.com/threads/Дискусија-за-Атеистите-Исламот-Христијанстовото-и-останати-убедувања.71895/page-146#post-6978343
 
Адам немал сознание за добро и зло! Како може да обвиниш некого, ако ти самиот си го создал без тоа сознание? Кој извртува?!
Ти извртуваш!
Бог отворено и јасно му кажува дека ќе умре, ако не го послуша.
 
Тоа што го чинат статистичките православни македонци на гробиштата, не значи дека е и правилна грижа за мртвите, сторена надвор од црковниот ред.

Обредот не е без ефект, затоа што не знаеме што и‘ е досудено на душата од упокоениот и не го знаеме нејзиното привремено одредиште, но токму грижата од живите за мртвите и молитвите кои Црквата ги упатува кон Небесата, може да им биде од голема корист на душите од упокоените.[DOUBLEPOST=1417467975][/DOUBLEPOST]

Кога почнало ова да се практикува? Дали го практикувале апостолите, или почнало многу подоцна низ вековите што следеле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom