CafeDelMar
Luminance
За колку време се опоравува системот Мој термин? Веќе неколку денови, отпрвин немаше термин, после веќе најмалку 2-3 дена системот не им работи. И дали може на друг начин да се закаже за специјалист или мора преку МТ?
Јас пред година имав потреба од приоритетен упут, а системот и беше катастрофа, па и снема струја ... Тогаш матичната се јави во Министерство или ФЗО ( во тој хаос не можам да се сетам точно) на некој број ( веројатно го имаат сите матични) и со мој матичен број, дијагноза и останати податоци директно од таму ми направија упат затоа што имаат увид на се, матичната само го испечати. Што значи опција постои, е сега зависи од вашиот доктор.