Пред Сити мол тепачка на тинејџери од Карпош и Чаир, едно момче заврши во болница
Едно момче е повредено и веднаш било пренесено во Градската болница „8 септември" по вечерашнава тепачка на две групи на улицата Разловечко Востание во скопската населба Карпош 4, во близина на Сити мол.
Тепачката избила меѓу две групи момчиња, едната од Чаир, а другата од Карпош поради сообраќаен прекршок за возење во спротивен правец во еднонасочна улица.
На местото на настанот присутни биле и припадници на Специјалната полициска единица, а детали за инцидентот се најавуваат за утре.
Скопјанец избоден со нож во Карпош 4 се бори за живот
Скопјанец бил избоден со нож во сообраќајна караница вечерва во скопската населба Карпош 4, јавува НетПрес.
Тој со неколку исекотини по телото и по главата бил однесен од случајни минувачи во болница, каде бил хоспитализиран во одделението за интензивна нега.
Според првичните неофицијални информации, нападантиот 23-годишник бил во возило со својот 19-годишен брат. Движејќи се по споредна еднонасочна улица, во близина на улицата Љубљанска кај „Сити Мол“, од спротивен правец наишло друго возило, во кое биле две засега непознати лица. Нема информации кое од двете возило се движело непрописно по еднонасочната улица. Но, настанала расправија меѓу возачите. Двете непознати лица излегле од своето возило и физичко го нападнале момчето. Едниот имал нож во рацете и му ги нанел повредите, по што влегле во својот автомобил и побегнале.
Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека трага по напаѓачите.