Јешуа го заробија римјаните, 600 легионери биле пратени од римскиот намесник да го фатат тој опасен бунтовник. Значи дека Рим го сметал Јешуа опасен. Таков пленик никогаш не би го предале во раце на неговите евреи. И по други детали се гледа дека не е вистина дека Јешуа го суделе евреите. Во Писмата се вели дека јешуа е суден пред еврејскиот суд (Синедрин) во куќата на првосвештеникот. Синедиринот НИКОГАШ не се состанувал во приватни куќи, Синедиринот НИКОГАШ не се состанувал ноќе, Синедиринот НИКОГАШ не се состанувал на вечер пред Пасха или за Пасха. Од уста на еверјски првосвештениок НИКОГАШ нема да излезе прашање “Ти ли си Христос, син Божји“. Тоа би било богохулење од страна на самиот првосвештеник, и Синедиринот НИКОГАШ не казнувал со смрт за претскажување на уништување на храмот, постои историски запис за некојси Јешу, син на Ананиј, кој во храмот, за време на гозбата на Табарнакул прорекнал уништување на храмот и свештенството. Казна за таквото богохулење - беше камшикување. Синедиринот НИКОГАШ не казнил никој за смрт кој за себе тврдел дека е месија. Е секга покрај сето тоа, Писмата сакат да не убедат дека сепак ради сето тоа Синедиринот се сотанал на недозволено место, во недозволено место, првосвештеникот изрекол богохулна реченица и решиле да го казнат со смрт за дела за која не е ни предвидена смртна казна. После ова Писмата не убедуваат дека евреите не смееле да извршуваат смртни казни !!?? па затоа го предале на римјаните. Ако се прелистаат писмата, ќе видиме дека комотно Синедиринот извршувал смртни казни пример Стефан кој директ од храмот го извеле надвор и каменувале, Јаков, братот на јешуа, исто бил осуден и убиен од страна на Синедииринот, Јаков братот на Јована, исто осуден и убиен од еврејскиот суд... самиот Павле додека бил евреин член на судот кажува за себе дека затварал и убивал припадници на црквата. Така да е невистина дека евреите не можеле да го извадат Јешуа надвор и каменуваат до смрт ради верски злостор. Евреите и во време на римската власт имале надлежност да ги решаваат своите верски недоразбирања, да судат и казнуваат свои верници према законот. Рим ниту го интересирала нивната вера ниту верските прашања, римјаните дур и и самите многу пати ги повредувале еврејските свети закони (велагувале вооружени и со пагански симболи во нивните градови и свети места, истакнувале пагански симболи на истакнати места во Ерусалем, подигнувале свои пагански олтари и изведувале свои пагански обреди во своите касарни, палати, логори и дури ги терале свештениците да во своите дневни молитви во храмот го споменуваат римскиот цар како бог и му принесуваат жртви. Во однос на вера, евреи и рим беа не два посебни света туку две посебни галаксии. на римјните не им беше гајле дали еврејски суд ќе најде виновен некој евреин што го фатиле да цепи дрва во сабота, или спалил свитоци од тора, па ради то го каменувале или камшикувале. Така да прикаската за некакви судења и обвинувања од страна на евреи кон Јешуа дека богхулил - не се вистина, напротив, Јешуа беше ортодоксен јудеец, назарен по уверување, кого народот го пречекувал воодушевено како месаја и нивен цар. Како поткрепа дека јешуа беше јудеец е и дека после неговата смрт, неговите следбеници ги водел брат му Јаков, се молеле во храмот и принесувале жртви а јаков беше почитуван и сметан за свет човек колку беше ревносен во почитувањето на старозаветните закони и прописи. Никаква нова вера не донесе Јешуа. Неговиот злостор беше од друга природа, од политичка, злостор на бунт против Рим и римската власт во Јудеја, Е заради то тој беше обвинет, осуден и распнат од римската власт. Следно ќе го разгледаме судењето пред римскиот суд (Пилат).....