После неуспешниот напад на римскиот гарнизон во Ерусале при што беа заробени Бараба а неговата група на зелоти фатена или разбиена, Јешуа со својата група (која го нападна храмот) се повлече на Маслиновата гора, со цел после да се извлечат во Галилеја. Галилеја се уште беше под власт на евреите и таму Рим немаше свои единици. Но пред да тргнат на пат кон Галилеја, римската војска подпомогната од помошни еврејски единици ја опколи маслиновата гора и во воена акција го зароби Јешуа. Евангелијата тој настан на заробување на Јешуа гисто така го замаглуваат, така да на просечен верник прикаската за фаќање на (нивниот) Исус, опфаќа десетина римски војници и можеби дваесетниа евреи... но реалната акција против историскиот Јешуа беше многу посериозна, во постарите верзии на евангелијата јасно е наведено колку римски војници биле пратени во потера по Јешуа - една кохорта, плус неодреден број на еврејски стражар (ауксилари). Една кохорта е составена од 600 легионери, а заедно со помошни трупи составени од локално население или донесени од соседни провинци достигнува и до 2000 луѓе. Така да на Јешуа и неговата група беа пратени најмалце 1000 вооружени римјани и евреи. Тоа значи дека Пилат знаел добро со кој си има работа, сигурно е дека не кренал 600 легионери оти некој еврејски свештеник се пожалил дека некој нивен учител проповедал дека е син божји, туку кренал 100 а можеби и 2000 војници да бара опасен бунтовник против римската власт кого народ го сметал за нивен цар, околу кој биле вооружени следбвеници и кој учествуваше во синхронизиран напад на храмот и римскиот гарнизон. Во Писмата покрај прикривање на бројката на војници кои рим ги пратил на Јешуа се замаскируваат и незгодните називи, знаеме дека називите зелот, беа преведувани како патриот, или не се ни преведувани така да Симон кананит всушност е Симон Зелот или Барјона значи исто бунтоник против власта а не презиме, така и кога Исус наредува да се земат мечеви или кога проверува дали купиле мечеви неговите следбеници - се користи назив “нож“ као поблаг и побезопасен збор. Како што кажав погоре историската, вистинската прикаска за Јешуа беше позната и меѓу евреи и меѓу римјани па и меѓу евреи во дијаспора, и дека Јешуа бил од кралско потекло и дека го сметале и признавале за цар и дека бил со вооружена група и дека упаднал со таа група во храмот и дека Бараба во тоа време нападнал на римски гарнизон и дека римјаните пратиле војска и го заробиле и дека римјаните го распнале како бунтовник заедно со уште двајца зелоти... таа историја не можеше да се преќути но можеше да се измени со популарни “толкувања“, замаглувања, расплинувања. Едноставно, нема да се спомнуваат постојаните војни на евреи со рим, мечевите ќе станат ножеви, легија на римски војници ќе стане некоја помала неодредена бројка, упадот во храмот ќе се престави како духовен чин, римското судење и егзекуција... е тука нема шо да се менува, евреите не распнувале, али ќе се створи прикаска дека народот кој вчера го славел Јешуа за цар кога влегуваше во ерусалем) - денес одеднаш се сменал и истиот народ се собрал и со сила ги натерал кутрите беспомошни и уплашени римјани да го распнат. Но во следото пишување ќе го потегнеме и прашањето на судењето на Јешуа и што навистина се случило таму