Дали Исус убиваше или даде наредба да се убива?

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Верникот кој верува во Господ Спасител Исус Христос може да пати во формата, но не и во битието. Во формалната страна на исполнувањето на верата оди нагоре и надолу, но со самата вера битието му е смирено. И кога човекот е во својата суштина задоволен не е баш тоа патење. Ако во формалноста му оди надолу тоа е повеќе како затемнување.
Двете страни на совршенството, (формата и суштината) имаат самостојно постоење, но влијаат едно на друго. Кога во формата оди надолу битието не ја губи задоволноста, но му се случува затемнување на битието. Ако во формалниот напредок нештата одат на подобро, тогаш битието не е суштиски позадоволно, останува исто задоволно само доживува осветлување.
При тоа иако суштината има предност, имаат исто значење со формата. Така Господ го воспоставил вистинското совршенство без недостаток: и целосна задоволеност и можност за развој.
И во Небесното Царство каде сите се восхитуваат едни на други, се е и ќе биде совршено. Целосно задоволни во битието, а со можност за бескраен напредок во формалниот свет кое не е релативно туку има значење како и битието.

Така на секој верник што и да му се случува, на кое и да е скалило, тој секогаш ќе биде посреќен од било кој безбожник.
(y)

Ние знаеме, дека на оние кои Го љубат Бога,
сé им служи за добро!

(Римја. 8:28)

44. И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
45. “Отстранете се од тоа општество и Јас во еден миг ќе ги погубам!” Но тие паднаа на колена.
46. И му рече Мојсеј на Арона: “Земи ја кадилницата, стави во неа оган од жртвеникот, сипи темјан и носи го тоа што поскоро кај народот и помоли се за нив, зашто гнев излезе од лицето на Господа, и почна да ги погубува луѓето.
47. И зеде Арон, како што рече Мојсеј, и се најде кај народот, и ете почна помор меѓу народот. И тој исипа темјан и се помоли за народот:
48. застана меѓу мртвите и живите, и смртта престана.
49. Изумреа од поморот четиринаесет илјади и седумстотини души, освен умрените по делото на Кореја.

14.700 души испотепа госпо во овој случај
 
.

Библијата се чита и се спроведува онакак како што Исус Ја читше и спроведуваше,
а не како што тоа го прават антихристијанските буквалисти, кои биле, се и ќе останат слепи
за Духот Христов!

.
 
10. Одговори Илија и му рече на педесетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и да те изгори тебе и твоите педесетмина.” И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.
 
.

Кога го видоа тоа учениците Негови, Јаков и Јован, рекоа:
“Господи сакаш ли да кажеме да падне оган од небото и да ги истреби, како што направи Илија?”
Но Он се сврте кон нив, ги искара и рече: “Вие се’уште незнаете чии Духовни чеда сте;
зашто Синот Човечки дојде, не да погубува човечки души, туку да спаси!

(Лука 9:54+)
...

Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител;

- кој што всушност и е Илија (Mat.11:14) -
но најмалиот во Царството Небесно е поголем од него.
(Мат. 11:11)

.

Our-Prince-of-Peace-LP-2vlnbxo2joxbdki3kcvpq8.jpg

fir.jpg
49 Jac дојдов да фрлам оган на земјата
Лука 12
 
.

Јас ве крштавам за покајание со вода, но Оној што иде е посилен од мене;
јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.

(Мат.3:11)

...

А кога дојде Педесетница (Духовден), сите беа собрани на едно место.
И одненадеж се чу бучава од небото, како кога дува силен ветар и ја исполни целата куќа во која седеа.
И им се појавија јазици како од пламен, кои се разделија и над секого од нив застана по еден.
И тие сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на други јазици,
како што Духот им даваше да говорат.

(Дела. Ап. 2+)

.
pentecost1.jpg

.

Библијата се чита и се спроведува онакак како што Исус (и Апостолите после примањето на Светиот Дух) Ја читаше и спроведуваше,
а не како што тоа го прават антихристијанските буквалисти, кои биле, се и ќе останат слепи
за Духот Христов
!

.
 
14.700 души испотепа госпо во овој случај

Е добро де, Тој дал Тој зел. И мене ми дал живот на земјава и мене ќе ми заврши. И на сите.

Дали некој од учесниците на темава ја гледате целата слика или само сликата овде на планетава.
Кој верува во Исус верува дека после смртта на телото има нешто. Значи ако веруваш дека Бог ги зел душите на било кои луѓе, треба да веруваш дека Бог ги дал. И дека има нешто после тој ден за тие луѓе.
Ако не веруваш дека Бог ги дал, и дека се што е, овде е на земјава, оти мислиш дека имал сила или постоел за да ги земе (во ваш термин да ги убие)?
 
Значи ако јас пукам во некого со пиштол и тој ако умре тоа е оти госпо решил да му земи душата а не оти јас сум пукал во него
 
Е добро де, ...

Гревот и смртта не потекнува од Совршениот БОГ, туку од Неговиот (и човековиот) најголем противник!

Луѓето коишто Го одбиваат Заветот на Милоста БОЖЈА (Христос), колку и да читаат, се трудат, ревнуваат, ... се’ им е за џабе, бидејќи таквите наликуваат на слепци кои талкаат во темнина и паѓаат во дупката на погибелта.

Во моментов читам една книга, пишана од еден книжник со иранско/исламски корени, кој пред известни години постанал христијанин. Денес (за разлика од мајкаму) тој е одпадник од вистинската вера Христова и пишува (лажни) книги, држи (лажни) говори, (лажни) предавања, ... со цел да Го престави Христа и Апостолите во лажна (слична на кураишката) светлина. За жал, известни души кои што се далеку од Светиот Дух БОЖЈИ и Христов, безглаво ја голтаат таа блувотина и веруваат на лажниte сведоштва, со што и тие постануваат прелажани лажговци!

Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на праведноста,
отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед која им е предадена.
Ним им се случува она што го вели потврдената поговорка:
"Песот се враќа на својата блувотина" и "Избањатата свиња се враќа да се валка во калта."
(2 Петр. 2:22)

reza_aslan-zealot.jpeg

.
 
Значи ако јас пукам во некого со пиштол и тој ако умре тоа е оти госпо решил да му земи душата а не оти јас сум пукал во него
Ако ја гледаш малата слика човекот умрел оти ти си пукал.
Ако ја гледаш големата Господ е семоќен и ти со пиштолчето си ништо во споредба со неговата моќ, ако Тој сакал човекот да живее ќе преживеел. Хипотетички ете сакал да го земе.
 
Значи госпот е крив шо умре чоеко
 
Гревот и смртта не потекнува од Совршениот БОГ, туку од Неговиот (и човековиот) најголем противник!
Ништо не се случува без да знае Бог. Тој ни дал право на слободна волја. Одтука се тргнало. И ако Тој сака сето тоа да го прекине мислиш дека не може?
Значи госпот е крив шо умре чоеко
Ама то што умрел човекот не е некоја штета во големата слика, сите ќе умриме. Во малата слика, во деталот се гледа штетата. Во моментот е многу болна смртта за тие што остануваат, ама времето прекрива секаков траг. Кога ќе чуеш дека некој пред 100 години умрел млад или стар или на чуден начин сеедно ти е. Или во Сирија денес. Да не е овде и сега. Тоа не плаши нас сите, смртта овде и сега. Душа немаме да не останиме без блиските. Заправо се плашиме од животот, многу е тежок со блиските е полесен. Смртта не е ништо, Господова работа.

Ништо не се случува без да знае Бог. Тој ни дал право на слободна волја. Одтука се тргнало. И ако Тој сака сето тоа да го прекине мислиш дека не може?

Сигурно дека може, но тоа не би било на база на слободна волја, нити доброволност, кои засигурно се Божја Волја, додека убиствата, лагата, похлепата, алчноста, маките, ... и сиот грев воопшто, засигурно не се Божја Волја!

Или, можеби сакаш да ми кажеш дека грешам? o_O

Епикур уште векови пред христијанството го посочил проблемот со семоќноста и злото, но очигледно човечката ограниченост истрајува покрај се.
Семоќност, каде семоќниот неможе да смени нешто не е семоќност. Доколку пак тоа што не се сменило, сепак има намена и цел, значи дека не е зло, туку така е перцепирано од оние чија моќ на разбирање е ограничена.
Или како што уште пред повеќе од 20 векови, грчкиот филозоф забележал:

Is God willing to prevent evil, but not able? Then he is not omnipotent.
Is he able, but not willing? Then he is malevolent.
Is he both able and willing? Then whence cometh evil?
Is he neither able nor willing? Then why call him God?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom