Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Не толку за законите (иако и тука има промена, стариот завет е полн со забрани и смртни казни) туку карактеро на господ, во стариот завет е многу насилен, едно две ќе истреби некој народ, ќе нареди да се заколат старци жени деца, ќе разурне градови, ќе фрли болести и страдања, ќе узенува изнудува пари и богатства, бара за него да се одвои дел од вен плен, со помош на мечки масакрирал деца.....Господ не се има сменето, но луѓето не се господ, не се сезнајни, учат и со тоа се менуваат. Барем некои учат, оние кои сакаат да напредуваат во премудроста. Од таму и односот на Господ не е ист. Зарем ти имаш ист начин на однос кон дете и возрасен. Дали откако порасне и почнеш да се однесуваш како со возрасен ти си се сменил карактерно. Во Стариот и во Новиот Завет правилата се исти. Во Новиот завет се бара стремеж за суштинско верување и обожување. Ако на човештвото веднаш му биле зададени новозаветните патеки за спасение по благодат, вера и дела на верата, еден единствен човек да речел, јас можев и самиот без помош да ги исполнам сите скалила за искачување до спасението. Господ ќе излезел неправеден и ќе била прекршена слободната волја на избор.
Читајќи го Стариот Завет може да се видат низ старозаветни формализми дека низ нив провејува нешто повеќе од бараниот чин. И како поминувало времето тогашните свештеници тоа го осознавале пример затоа Ап. Павле им го споменува Мелхиседек. Исто така и апостол Павле кога зборува за одредено старозаветно правило за воловите и вели што толку му е на Господ важно за воловите или тоа правило покрај тоа што е за воловите, има и нешто повеќе суштина во тој закон. Ако ги разгледаш внимателно ќе видиш дека по одредена шема на толкување може новозаветно да се протолкуваат сите старозаветни закони..
Прилично мрачен и опасен е старио бог, овој новио е смирен, незаинтересиран толку шо се случува, лабав, неодлучен.... дефинитиво се два сосем различни карактери, да беше старио бог уште на власт немаше да остај туку така неказнето да поминат многу работи во светот, имаше да паѓаат огнени топки и сулфур од небата, секој ден одреди на ангели со охнени мечови ќе летаа над нашите глави бранејќи ги праведните.....[DOUBLEPOST=1415348659][/DOUBLEPOST]
Жив си е ти уште?? Имав слушнато дека во момент на тешка депресија си се обесил.. или фрлил под воз не се сеќавам како беше.Обидот ти е благороден, но адресатот не тие адекватен, бидејќи тој обожава да Го обвинува Бога (и чедата Негови), да и’ робува на буквата и да се мајтапи со Духот, преку Кого единствено е можно спасението и разбирањето на Суштината на Вистината!
.