spiros
Шалом Алеихем!
- Член од
- 7 септември 2008
- Мислења
- 3.225
- Поени од реакции
- 986
Верникот кој верува во Господ Спасител Исус Христос може да пати во формата, но не и во битието. Во формалната страна на исполнувањето на верата оди нагоре и надолу, но со самата вера битието му е смирено. И кога човекот е во својата суштина задоволен не е баш тоа патење. Ако во формалноста му оди надолу тоа е повеќе како затемнување.
Двете страни на совршенството, (формата и суштината) имаат самостојно постоење, но влијаат едно на друго. Кога во формата оди надолу битието не ја губи задоволноста, но му се случува затемнување на битието. Ако во формалниот напредок нештата одат на подобро, тогаш битието не е суштиски позадоволно, останува исто задоволно само доживува осветлување.
При тоа иако суштината има предност, имаат исто значење со формата. Така Господ го воспоставил вистинското совршенство без недостаток: и целосна задоволеност и можност за развој.
И во Небесното Царство каде сите се восхитуваат едни на други, се е и ќе биде совршено. Целосно задоволни во битието, а со можност за бескраен напредок во формалниот свет кое не е релативно туку има значење како и битието.
Така на секој верник што и да му се случува, на кое и да е скалило, тој секогаш ќе биде посреќен од било кој безбожник.

Ние знаеме, дека на оние кои Го љубат Бога,
сé им служи за добро!
(Римја. 8:28)
сé им служи за добро!
(Римја. 8:28)