Не знам дали е проблем со Андроид тоа или со телефонот, ама ќе пишам тука. Алкател Ц7 имам, си работи без мака од кога е земен, со тоа што пред едно месец и пол појави информација дека мемориската картичка е оштетена и треба да се форматира, а откако ја форматив воопшто не ја препознаваше, како да нема. Ја проверив со адаптер и на пц, и таму не работеше. Нарачав од кинезите нова, ја ставив си работеше топ, префрлив нешто музика, си пее, се како што треба (ова сабајле). Сега, 6-7 саати покасно, откако пробав да инсталирам апдејт на телефонот и го рестартирав, повторно вика дека е оштетена и дека треба формат. Откако направив формат, вика дека е оштетена и не може да се користи. Ја ставив во пц, нема гајле, си работи...Што може да е проблемот?