Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Eдна од опциите што и се на располагање на слободната волја е самата да одлучува. Створено битие со слободна волја самото одлучува дали ќе му биде послушно на Бог или не. Доколку створеното битие има само една опција - да му биде послушно на Бог, тогаш тоа нема слободна волја, туку е програмиран робот.

Особината гнев е дериват од непослушноста кон Бог. Сите негативни особини како што се гордост, гнев, омраза итн. ги развиле створените битија кои отпаднале (се одметнале) од Бог како продукт на нивната слободна волја.

Така и пеколот не го створил Бог, туку тој настанал како последица од непослушноста кон Бога на паднатите ангели.

Да го земеме примерот со љубовта и омразата. Љубовта е позитивна и пожелна особина што ја поседува створеното битие кое му е послушно на Бог. Во оној момент, кога тоа исто битие со својата слободна волја ќе одлучи веќе да не му биде послушно на Бог, во него избледува љубовта и се раѓа омразата. Како што гледаш, омразата не ја создал Бог, туку таа се јавува како последица кај створеното битие кога истото одлучува да не ги почитува насоките и правилата што му се дадени од Бог, туку да работи спротивни на тие начела.

Ако и после овој пост не можеш да разбереш, тогаш проблемот на разбирањето не треба да го бараш кај христијаните, туку кај себе.

Навистина ја почитувам твојата вера. Меѓутоа -
во почетокот на Библијата јасно стои дека Бог го создал светот и човекот и бил сосема задоволен од тоа што го создал. Неколку страни понатаму стои дека Бог бил до толку незадоволен од човекот што морал да направи потоп во кој изумрело се живо и диво со извесни исклучоци. Веднаш после тоа Бог изјавил дека потоп повеќе нема да прави бидејќи човекот е непоправлив.
Што може да се заклучи од сево ова? Од првата изјава може да се заклучи дека Бог залудно се радувал и дека не знае се однапред. Од вториот настан може да се заклучи дека Бог до толку нема моќ врз нештата што морал да уништи се (и недолжни животни) за да се ослободи од лошите луѓе. А веќе од следната изјава произлегува дека и потопот бил бесмислица бидејќи тој знаел дека човекот е непоправлив.
Погенерален заклучок од сево ове е дека Бог знае се ама не баш се (!) и дека може се ама не баш се (!).
И ова е само еден пример од илјадниците нелогичности во Библијата. И воопшто не се сомневам дека оние што се уверени дека Библијата е Божјо слово ќе изнајдат логика во секоја бесмислица наместо едноставно да увидат дека за Бог не може да се размислува а уште помалку логички да се расправа врз основа на такви детинести приказни. Што не значи дека идејата за Бог е бесмислена.
 
во почетокот на Библијата јасно стои дека Бог го создал светот и човекот и бил сосема задоволен од тоа што го создал. Неколку страни понатаму стои дека Бог бил до толку незадоволен од човекот што морал да направи потоп во кој изумрело се живо и диво со извесни исклучоци. .

А што се десило во паузата во која Бог створил се‘ и бил „задоволен„ од створеното па после пуштил Потоп, оти станал „незадоволен„? Од кај дошла таа нагла промена на расположението Божјо?[DOUBLEPOST=1417270968][/DOUBLEPOST]
Што може да се заклучи од сево ова?

Еве го „заклучокот„:[DOUBLEPOST=1417271007][/DOUBLEPOST]
Погенерален заклучок од сево ове е дека Бог знае се ама не баш се (!) и дека може се ама не баш се (!).

...црковно наречен „мудрување по својот ум„.
 
Последно уредено:
Навистина ја почитувам твојата вера. Меѓутоа -
во почетокот на Библијата јасно стои дека Бог го создал светот и човекот и бил сосема задоволен од тоа што го создал. Неколку страни понатаму стои дека Бог бил до толку незадоволен од човекот што морал да направи потоп во кој изумрело се живо и диво со извесни исклучоци. Веднаш после тоа Бог изјавил дека потоп повеќе нема да прави бидејќи човекот е непоправлив.

Дали ти паднаа в очи следниве стихови:

Битие 1:4
15. А Господ Бог му рече: 'Тоа нема да се случи; оти, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!' И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.

и

Битие 1:4
23. И им рече Ламех на жените свои, Ада и Села: 'Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: ќе убијам човек, кој ќе ме рани, и младич, ако ме удри.
24. Ако Каин ќе се одмазди седумпати, Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!'

Koj заклучок можеш да го изведеш одовде?
 
Дека си истражувал за масонеријата?
 
А што се десило во паузата во која Бог створил се‘ и бил „задоволен„ од створеното па после пуштил Потоп, оти станал „незадоволен„? Од кај дошла таа нагла промена на расположението Божјо?[DOUBLEPOST=1417270968][/DOUBLEPOST]

Еве го „заклучокот„:[DOUBLEPOST=1417271007][/DOUBLEPOST]

...црковно наречен „мудрување по својот ум„.

Може ли малку појасно да објасниш. Дали тврдиш дека Библијата не треба и не може да се чита со „свој ум“ или сметаш дека злото кај човекот произлегува од користењето на својот ум. Или нешто сосема трето?[DOUBLEPOST=1417339241][/DOUBLEPOST]
Дали ти паднаа в очи следниве стихови:

Битие 1:4
15. А Господ Бог му рече: 'Тоа нема да се случи; оти, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!' И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.

и

Битие 1:4
23. И им рече Ламех на жените свои, Ада и Села: 'Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: ќе убијам човек, кој ќе ме рани, и младич, ако ме удри.
24. Ако Каин ќе се одмазди седумпати, Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!'

Koj заклучок можеш да го изведеш одовде?

„Да не користеше волшебникот одвреме навреме АБРАКАДАБРА во своите хокус-покуси децата немаше да бидат толку подзинати од чудење.“ Можеби и грешам. Објасни.

Меѓутоа други нешта повеќе врзани со темата за слободната воља, вината и совршената Божја промисла ми паднаа во очи.

Битие 1:3
1. Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог...
14. На змијата, пак, и рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш се до крајот на својот живот...

Битие 1:4
3. По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни;
4. а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови.
5. А на Каина и неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу...

При ова треба да се земе во предвид дека Каин се уште немал направено ништо небогоугодно.

Кога сме веќе кај Каин имам и сосема обични, овоземски прашања:

Од кого Каин се плашел дека ќе биде убиен ако единствените луѓе во моментот биле Адам и Ева. За кого е наменет знакот кој требало да го штити.

Поврзано со ова и следново:

Битие 1:4
16 И си отиде Каин од пред лицето на Господа и се насели како изгнаник во земјата Наит источно од Едем.
17. И ја позна Каин жената своја, а таа забремени...

Која е таа жена? Од каде одеднаш се појавуваат луѓе кои не се потомци на Адам и Ева? Доколку му е сестра зошто тоа воопшто не се споменува? Дури ни името. А не е невообичаено да се спомнуваат и женските деца:
Битие 1:4
22. Села, пак, го роди Товела...а сестра на Товела му беше Ноема.
Итн.

Ќе ми биде мило да ги слушнам твоите размислувања.
 
Последно уредено од модератор:
За мене е најбитна вистината. Кој како ќе ја прфати тоа од него зависи. Пред неколку страни се водеше дебата за духовден или кога се оди на гроб на мртвите. Еве ја вистината -

Во народниот празничен календар, во старословенската древност, се празнувале и два големи празника во чест на мртвите (големи свечености од доменот на култот кон мртвите) кои се чествувале на почетокот на летното и зимното полугодие (на пролет и на есен). Паганските „денови на мртвите“, опстанале во сосема неизменета форма и по примањето на христијанството: прикрепени за пролетната и есенската задушница, и денес се слават на идентичен начин како во старословенското паганско доба, кога се посетувале „домовите на мртвите“ и им се оставале „понуди“ во храна и пиење (во прашање се познатите пагански ритуални гозби со мртвите).

Овде имате објаснување дека сите празници на светци што ги слави денес христијанството се поклопени со паганските празници на богови кои ги славеле словените.

http://reper.net.mk/solarniot-kod

Значи факт е дека има многу пагански обичаи во денешото христијанство кои не се ни промениле.
 
И што е проблемот овде? Ти е жал за змијата? Или сакаш да кажеш дека Бог требало да се смилува на змијата, а тоа што го навела човекот да погреши и да отпадне нема врска, нели?

Пред некој ден читав дека во Холандија судијата осудил на 120 часа друштвенокорисна работа човек кој згазил и усмртил тројца луѓе (дедо, баба и нивната внука). А да згазел некое животно заштитено со закон сигурно би добил многу подрастична казна.

Во ред ли е тоа според тебе?
Ако не е во ред, тогаш зошто ја штитиш змијата, а го напаѓаш човекот?
Ако е во ред, срам да ти е, не заслужуваш да се наречеш човек. Секоја понатамошна дискусија би била залудна.

Не се разбира баш најдобро од македонскиот превод, но во оригиналот пишува:

ג. וַיְהִי מִקֵּץ יָמִים וַיָּבֵא קַיִן מִפְּרִי הָאֲדָמָה מִנְחָה לַיהֹוָה:
Now it came to pass at the end of days, that Cain brought of the fruit of the soil an offering to the Lord.

וְהֶבֶל הֵבִיא גַם הוּא מִבְּכֹרוֹת צֹאנוֹ וּמֵחֶלְבֵהֶן וַיִּשַׁע יְהֹוָה אֶל הֶבֶל וְאֶל מִנְחָתוֹ:
And Abel he too brought of the firstborn of his flocks and of their fattest, and the Lord turned to Abel and to his offering.

Авел Му принел дар на Бога од најдоброто што го имал, а Каин принел дар ради реда.
Принесувањето жртва на Бог значи да Му се вратат Нему најдобрите овоземни работи.
Авел го направил токму тоа, а Каин принесол она што му се нашло при рака, не сфаќајќи го значењето на жртвата што му ја принел на Бог.

Зарем не си забележал дека настаните од истерувањето од Рајот до раѓањето на Ное се опишани само во две глави, од кои една и пол глава зазема родословот?
Тоа се 2 страници од преку 1200 колку што има Библијата.
На настаните од истерувањето од Рајот до раѓањето на Ное не се посветени ни два промила од Библијата.
Што мислиш, зошто?

Ние како Христијани го следиме родословот на Исус Христос и тоа нам ни е битно.
Нам воопшто не ни е битно со кого се оженил Каин и која му била љубовница.

Со такви бесполезни работи се занимаваат Евреите. Во нивните списи го пишува следново:

Во Првата Книга за Адам и Ева пишува дека кога се родил Каин се родила и неговата сестра близначка Лулува, а кога се родил Авел се родила и неговата сестра близначка Аклемија или Акелија.

http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe079.htm
http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe080.htm

Лулува требало да биде жена на Авел, а Акелија на Каин, но откако Каин го убива Авел, Лулува му станува жена на Каин, додека Акелија ќе му биде жена на Сит.

6 As for Cain, when the mourning for his brother was ended, he took his sister Luluwa and married her, without leave from his father and mother; for they could not keep him from her, by reason of their heavy heart.

http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe085.htm
 
Може ли малку појасно да објасниш. Дали тврдиш дека Библијата не треба и не може да се чита со „свој ум“ или сметаш дека злото кај човекот произлегува од користењето на својот ум. Или нешто сосема трето?

Прво, те прашав: што се случило, а што било причина за Божјото нерасположение? Посочуваш дека Бог, при творењето, видел дека се‘ што створил било добро, ама само неколку страници подоцна, Он решава да пушти Потоп, со кој збришал речиси се‘ на Земјава. Причината за таа промена ти остана неодговорена.

Второ, секако дека Писмото се чита со ум, би рекол, појќе со разум отколку со ум. Разумот човеков се стреми кон Небесата и кон бесконечните нешта, а умот ги разбира овосветовните нешта. Потпирањето само на својот ум и на „заклучоците„ кои умот може да ги донесе, ни случајно не значи дека тие „заклучоци„ се точни или вистинити.

Истиот тој (раз)ум, користејќи ја слободната од волјата, може да одбере и одлучи што ќе чини: добро или зло. „Трето„ нема.[DOUBLEPOST=1417368014][/DOUBLEPOST]
За мене е најбитна вистината. Кој како ќе ја прфати тоа од него зависи. Пред неколку страни се водеше дебата за духовден или кога се оди на гроб на мртвите. Еве ја вистината -

Во народниот празничен календар, во старословенската древност, се празнувале и два големи празника во чест на мртвите (големи свечености од доменот на култот кон мртвите) кои се чествувале на почетокот на летното и зимното полугодие (на пролет и на есен). Паганските „денови на мртвите“, опстанале во сосема неизменета форма и по примањето на христијанството: прикрепени за пролетната и есенската задушница, и денес се слават на идентичен начин како во старословенското паганско доба, кога се посетувале „домовите на мртвите“ и им се оставале „понуди“ во храна и пиење (во прашање се познатите пагански ритуални гозби со мртвите).

Овде имате објаснување дека сите празници на светци што ги слави денес христијанството се поклопени со паганските празници на богови кои ги славеле словените.

http://reper.net.mk/solarniot-kod

Значи факт е дека има многу пагански обичаи во денешото христијанство кои не се ни промениле.

Тоа што разни народи, па нека се и пагани, практикувале посета на гробовите, тоа е показател дека сите народи воделе грижа за мртвите, сметајќи дека смртта не е „конечен„ крај на битисувањето човеково, туку дека после овој живот, постои и друг, вечен живот, во некој друг Свет, битно поинаков на нашиов.

Таквата пракса е дотолку поправилна, оти имаме објавена вистина од Небесета, а имаме и овоплотен Бог, кон ни ја пренесе добрата вест за Неговото Царство Небесно па така, во Црквата нема дилема дали треба или не треба да се води грижа и за упокноените во Христа Бога.

Бог не е Бог на мртвите, туку Е Бог на живите. Во Бога и со Бога, сите се живи.
 
Па да се вратиме во паганство тогаш. Зашто Господ Исус Христос не ни кажал да го практикуваме овој обичај, туку рекол следното -

А (Исус) на друг му рече: „Врви по Мене!” Но тој рече: „Господи, дозволи ми најнапред да одам и да го погребам татка си.” Но Исус му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци. А ти оди и проповедај го Божјото Царство!”“ (ев. Лука 9:60, Библијата)
 
Убо‘ кажал Господ: во наведениот стих, Христос ги наведува мртвите да погребуваат мртивци, така што под „мртви„ се подразбираат духовно умртвените луѓе, кои природно, можат да ги погребуваат телесно мртвите роднини и блиски.

Инако, како би можеле телесно мртви луѓе да погребуваат телесни мртовци?...

Наведениот стих ни оддалеку не е пагански, туку уште еднаш ја посочува грижата на живите за мртвите.
 
Знaчи зa тебе пaгaнскиoт oбичaј зa прaзнувaње нa мртвите е спoред учењетo нa Гoспoд Исус Христoс?
 
И што е проблемот овде? Ти е жал за змијата? Или сакаш да кажеш дека Бог требало да се смилува на змијата, а тоа што го навела човекот да погреши и да отпадне нема врска, нели?

Пред некој ден читав дека во Холандија судијата осудил на 120 часа друштвенокорисна работа човек кој згазил и усмртил тројца луѓе (дедо, баба и нивната внука). А да згазел некое животно заштитено со закон сигурно би добил многу подрастична казна.

Во ред ли е тоа според тебе?
Ако не е во ред, тогаш зошто ја штитиш змијата, а го напаѓаш човекот?
Ако е во ред, срам да ти е, не заслужуваш да се наречеш човек. Секоја понатамошна дискусија би била залудна.

Не се разбира баш најдобро од македонскиот превод, но во оригиналот пишува:

ג. וַיְהִי מִקֵּץ יָמִים וַיָּבֵא קַיִן מִפְּרִי הָאֲדָמָה מִנְחָה לַיהֹוָה:
Now it came to pass at the end of days, that Cain brought of the fruit of the soil an offering to the Lord.

וְהֶבֶל הֵבִיא גַם הוּא מִבְּכֹרוֹת צֹאנוֹ וּמֵחֶלְבֵהֶן וַיִּשַׁע יְהֹוָה אֶל הֶבֶל וְאֶל מִנְחָתוֹ:
And Abel he too brought of the firstborn of his flocks and of their fattest, and the Lord turned to Abel and to his offering.

Авел Му принел дар на Бога од најдоброто што го имал, а Каин принел дар ради реда.
Принесувањето жртва на Бог значи да Му се вратат Нему најдобрите овоземни работи.
Авел го направил токму тоа, а Каин принесол она што му се нашло при рака, не сфаќајќи го значењето на жртвата што му ја принел на Бог.

Зарем не си забележал дека настаните од истерувањето од Рајот до раѓањето на Ное се опишани само во две глави, од кои една и пол глава зазема родословот?
Тоа се 2 страници од преку 1200 колку што има Библијата.
На настаните од истерувањето од Рајот до раѓањето на Ное не се посветени ни два промила од Библијата.
Што мислиш, зошто?

Ние како Христијани го следиме родословот на Исус Христос и тоа нам ни е битно.
Нам воопшто не ни е битно со кого се оженил Каин и која му била љубовница.

Со такви бесполезни работи се занимаваат Евреите. Во нивните списи го пишува следново:

Во Првата Книга за Адам и Ева пишува дека кога се родил Каин се родила и неговата сестра близначка Лулува, а кога се родил Авел се родила и неговата сестра близначка Аклемија или Акелија.

http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe079.htm
http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe080.htm

Лулува требало да биде жена на Авел, а Акелија на Каин, но откако Каин го убива Авел, Лулува му станува жена на Каин, додека Акелија ќе му биде жена на Сит.

6 As for Cain, when the mourning for his brother was ended, he took his sister Luluwa and married her, without leave from his father and mother; for they could not keep him from her, by reason of their heavy heart.

http://www.sacred-texts.com/bib/fbe/fbe085.htm

Добро, некои тврдења ќе ги припишам на твојата ревносна љубов кон Бога и кон човекот па нема да ти ги земам за зло. Одиме, овој пат од крајот.

1. Тоа што мојот интерес за фактографската точност на Библијата ја сведуваш на малограѓанска љубопитност за жените и љубовниците на Каин треба повеќе да те замисли тебе одошто мене. Фактот што „Христијанската Библија“ воопшто не ги споменува првите женски деца на човештвото доволно зборува за нејзината фактографска точност. Како и да е, благодарам за информациите кои не ги знаев.

2. Тврдењето дека периодот од настанокот до потопот е небитен за Христијанството а настаните опишани во останатите 1200 страници се многу поважни е бесмислица зашто и самиот ја имам прочитано Библијата и знам што се пишува во неа.

3. Вас како Христијани ве интересира родословот на Исус или родословот на Јосиф? (знам дека во никој случај не и родословот на Марија).

4. Ме радува што си се потрудил да обезбедиш подобар превод за Каиновата прикаска. Но тоа не ги оправдува твоите тврдења дека тој принел жртва само ради ред а не од љубов и послушност кон Бог. Никаде во текстот нема информации дека тој не го дал најдоброто од тоа што му го родила земјата. И токму неговата огорченост и љубомора повеќе укажуваат на невозвратена љубов одошто на непослушност. Се надевам дека после ова нема да изјавиш дека повеќе ги сакам убијците од жртвите.

5. И дојде ред на змијата. Ако подобро го прочиташ мојот пост ќе ти стане јасно дека неговата цел не е бранење на некаква си змија туку да се покаже неоснованоста на Библиските тврдења. Ајде ќе се обидам постепено.
- Ако мајсторот изгради куќа и таа се сруши од првиот ветар вината е во:
а) мајсторот
б) куќата
в) ветерот
Да, знам дека примерот е премногу карикиран и дека куќата нема слободна воља. Затоа одиме натаму:
- Ако детето стане криминалец под влијание на брат му кој е исто така криминалец што може да се каже за вината на таткото?
А сега одиме на конкретниот случај:
Ако од едната страна стои Бог и му вели на човекот „не го прави тоа и тоа“ а од другата страна стои змијата и му вели на човекот „прави го ова и ова“ кој е виновен што човекот повеќе сака да ја слуша змијата одошто Бог. При тоа треба да се имаат предвид две работи:
1. Змијата воопшто не лажела.
2. Змијата е исто така Божја творба. Ако таа била виновна што човекот згрешил, кој е виновен што таа згрешила?

Значи?[DOUBLEPOST=1417426567][/DOUBLEPOST]
Прво, те прашав: што се случило, а што било причина за Божјото нерасположение? Посочуваш дека Бог, при творењето, видел дека се‘ што створил било добро, ама само неколку страници подоцна, Он решава да пушти Потоп, со кој збришал речиси се‘ на Земјава. Причината за таа промена ти остана неодговорена.

Второ, секако дека Писмото се чита со ум, би рекол, појќе со разум отколку со ум. Разумот човеков се стреми кон Небесата и кон бесконечните нешта, а умот ги разбира овосветовните нешта. Потпирањето само на својот ум и на „заклучоците„ кои умот може да ги донесе, ни случајно не значи дека тие „заклучоци„ се точни или вистинити.

Истиот тој (раз)ум, користејќи ја слободната од волјата, може да одбере и одлучи што ќе чини: добро или зло. „Трето„ нема.[DOUBLEPOST=1417368014][/DOUBLEPOST]

Да не се повторувам, моето размислување што се однесува на твоето прво прашање погледни го во постот за 121314.

Се согласувам со тоа дека треба да се тежнее кон духовните нешта и ќе ги прифатам (времено) твоите дистинкции за ум и за разум и ќе те прашам: какво е тоа користење на умот кој доколку ни кажува дека нешто не е во ред со прочитаното треба да го игнорираме. Не мислиш ли дека тоа е исто како на некој што те прашал „Смеам ли да го користам ножов за сечење“ да му одговориш „Секако дека смееш, ама не за сечење“?

И историјата и сегашноста укажуваат на тоа дека некритичкото прифаќање на одредени изјави како неприкосновена Божја вистина доведува само де две прилично лоши последици - 1. Лажна увереност дека знаеш нешто што навистина не го знаеш. 2, Лажна увереност дека смееш да правиш работи што во никој случај не би ги правел ако наместо во светите книги погледнеш во својата душа.
 
Последно уредено од модератор:
1. Змијата воопшто не лажела.
2. Змијата е исто така Божја творба. Ако таа била виновна што човекот згрешил, кој е виновен што таа згрешила?

Значи?
Испушти една многу битна работа, Адам и Ева немале сознание за добро и зло, тоа им било забрането, а казнети се поради тоа што посегнале по него. Апсурдот е во тоа што без концепт за добро и зло, неможеш да бидеш товарен за одговорност од страна на оној што тој концепт ти го ускратил, забранил.
Ова е нешто кое постојано го игнорираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom