З
Зорт
Гостин
Eдна од опциите што и се на располагање на слободната волја е самата да одлучува. Створено битие со слободна волја самото одлучува дали ќе му биде послушно на Бог или не. Доколку створеното битие има само една опција - да му биде послушно на Бог, тогаш тоа нема слободна волја, туку е програмиран робот.
Особината гнев е дериват од непослушноста кон Бог. Сите негативни особини како што се гордост, гнев, омраза итн. ги развиле створените битија кои отпаднале (се одметнале) од Бог како продукт на нивната слободна волја.
Така и пеколот не го створил Бог, туку тој настанал како последица од непослушноста кон Бога на паднатите ангели.
Да го земеме примерот со љубовта и омразата. Љубовта е позитивна и пожелна особина што ја поседува створеното битие кое му е послушно на Бог. Во оној момент, кога тоа исто битие со својата слободна волја ќе одлучи веќе да не му биде послушно на Бог, во него избледува љубовта и се раѓа омразата. Како што гледаш, омразата не ја создал Бог, туку таа се јавува како последица кај створеното битие кога истото одлучува да не ги почитува насоките и правилата што му се дадени од Бог, туку да работи спротивни на тие начела.
Ако и после овој пост не можеш да разбереш, тогаш проблемот на разбирањето не треба да го бараш кај христијаните, туку кај себе.
Навистина ја почитувам твојата вера. Меѓутоа -
во почетокот на Библијата јасно стои дека Бог го создал светот и човекот и бил сосема задоволен од тоа што го создал. Неколку страни понатаму стои дека Бог бил до толку незадоволен од човекот што морал да направи потоп во кој изумрело се живо и диво со извесни исклучоци. Веднаш после тоа Бог изјавил дека потоп повеќе нема да прави бидејќи човекот е непоправлив.
Што може да се заклучи од сево ова? Од првата изјава може да се заклучи дека Бог залудно се радувал и дека не знае се однапред. Од вториот настан може да се заклучи дека Бог до толку нема моќ врз нештата што морал да уништи се (и недолжни животни) за да се ослободи од лошите луѓе. А веќе од следната изјава произлегува дека и потопот бил бесмислица бидејќи тој знаел дека човекот е непоправлив.
Погенерален заклучок од сево ове е дека Бог знае се ама не баш се (!) и дека може се ама не баш се (!).
И ова е само еден пример од илјадниците нелогичности во Библијата. И воопшто не се сомневам дека оние што се уверени дека Библијата е Божјо слово ќе изнајдат логика во секоја бесмислица наместо едноставно да увидат дека за Бог не може да се размислува а уште помалку логички да се расправа врз основа на такви детинести приказни. Што не значи дека идејата за Бог е бесмислена.