ceasar
надеж, страв и алчност
- Член од
- 2 април 2009
- Мислења
- 1.133
- Поени од реакции
- 574
Околу топлификација ( не балкан енерџи)raste,raste Rusija saka da gradi spomenik na Juri Gagarin vo Karpos, tuka mozno e da ima brzo prezemanje na starata toplifikacija.
Мислам дека имаше голема хајка околу оваа компанија. Мое гледање на работите е следново (морам да бидам долг и широк за да ми ја сфатите поентата)
Порано во 90тите радијаторите фрчеа а цените беа ниски за парно, затоа што цените на горивата беа значајно пониски и затоа што државата интервенираше. Реално доколку имате ребра прописно според квадратурата (и дали сте на приземје или најгоре, северна страна и сл.) Доколку зградата во која живеете има Фасада, како и здрави прозорци дома, влезна врата на влез и сл. Оваа енергија што ја испушта топлификација е повеќе од доволна за пристоен и топол дом. Проблемите се јавуваат од не исправни грејни тела дотраени вентили и ребра кои се запушени па го имате она познатото пола радијатор ми е топол пола студен крева и тплф. Нема алтернатива, нема поефтино греење од централно парно! Зборам во квалитет и квантитет. Точно доколку се исклучите и се греете со панелки( за кои сфативте дека се лага не се актуелни како пред некоја година) или со клими можеби ке имате помали трошоци ама ќе греете неколку соби и тоа по неколку часа. Значи ако ги греете сите соби, во време долго исто како и парното со иста температура со секој друг алтернативен начин на греење ќе плаќате поскапо. Тоа е и нормално затоа што топланите имаат економија од обем и позитивни ектерналии. Нели не е исто кога купувате или произведувате на големо и на мало, цените не се исти. Балкан енерџи е пандан на ЕВН значи во нивни ингеренции е наплатата, сервисот и дистрибуцијата. топлификација е нешто како елем и мепсо споени. Од тоа е стварно нелогично како луѓето сметаат дека топлификација пропаднала, однсно логично е затоа што беа остро напаѓани од медиумите (а и треба да бидат монопол се) друг е муабетот зашто сега балкан енерџи не е напаѓан и зошто останатите монополи не се под лупа на медиумите. Значи моментално топлификација произведува топлина ја продава на БЕГ и ја рента мрежата за дистрибуција, остварува профити, кои не се големи, Ако не се лажам веќе повеќето топлани им се адаптирани на плин. Кога би имале гасоводна мрежа трошоците уште повеќе би им паднале. Зашто немаме гасовод сте се запрашале? Затоа што потрошувачката за струја би паднала, а знаете кои увезува ат струја? ИСто така и скапиот мазут (и штетен) не би се набавувал во толкави количини од окта (во договорот за продажба на рафинеријата ако се точно информациите постои клаузула со кој рм се обврзува да купува годишно одредена количина горива) По мое гледање тплф се наоѓа во добра позиција долгорочно. Либерализацијата на пазорот на енергенси ќе им оди во прилог. Тоа не е компанија загубар која пропаѓа! Акцијата и е џабе, Како што вика спарта да дојде некој да ја купи заборавете цена помала од 100 евра по акција, сега е смешни 850 ден. Секогаш цената на нивната акција била нешто над аклалоид. Затоа што и едната и другата компанија не зависат од кризи и сл. (или во многу мала мера) што и да се случува апчиња ќе се трошат и лугето ќе се греат... така е и со струјата.. Затоа сметам дека цената им е вештачки срушена и мнногу ниска, некој да има милион евра и да сака да купи акции од тплф одма ќе ја дигне цената затоа што по оваа цена можете да купите многу малку акции. Кој е паметен би купувал сега мудро и по малку а тоа и го прават. Кога би имал сега пари за купување акции тплф ми е прв пик
