Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не, телемата не е тоа и не, не верувам во ова што го дефинираше ти.
Телема значи волја, таа волја е предодреденоста - суштината на секое битие. И таа волја е дел од Божјата - Универзална волја. Волјата не е исто што и желба, бидејќи чистата волја е ослободена од страста за резултат, од целта, бидејќи таа самата е Целта - Патот.
Според ова, телемата е систем за себеспознавање, не е догма во која треба да се верува, туку процес во кој секој треба да го осознае сопственото битие а со тоа и поврзаноста и природата на се останато што е поврзано со битието.
Шо би рекол Левинас, заради битието е заборавен Другиот, односно Другиот е затворен и асимилиран во Едно и Исто.
Но кога ти е задоволство..., сега засега барем, мене од старт ми здосади.:гик:[DOUBLEPOST=1416949177][/DOUBLEPOST]
Не можам да лажам, ја немам таа христијанска “доблест“
Ослободи се де, у Вистината.
Само содржината читни ја, толку.
 
Ослободи се де, у Вистината.
Само содржината читни ја, толку.
Која содржина бе момче? На таа твојата единствена книга?
А што се однесува до вистината и за газ да те гризне ти нема да ја видиш.
 
Последно уредено:
Шо би рекол Левинас, заради битието е заборавен Другиот, односно Другиот е затворен и асимилиран во Едно и Исто.
Но кога ти е задоволство..., сега засега барем, мене од старт ми здосади.:гик:
Ти здосади затоа што немаш повеќе начини да го негираш она што и на почетокот го нагласив. Верувањето само за себе е без суштина. Мора да има нешто позади него што ќе го придвижи. Некогаш мотивот е рационалност, потреба за осознавање, објективност и непристрасност кон резултатот - сознанието. Тој резултат(сознание) е она што ќе биде прифатено, во кое ќе се верува.
Понекогаш пак, мотив е ирационалноста, стравот, очајот, паниката, ужанувањето.....во овој счучај, утехата и опцијата што најмногу ќе ни се види како прифатлива е резултатот што ќе биде прифатен - тоа во кое ќе се верува.
 
Па сеуште велам дека не верувам во очигледни нешта: очигледни се, што ќе им е докажување на нештата кои се очигледни? Ај докажи ми дека она што е очигледно навистина постои: живо ме занима како ќе изгледа твојата доказна постапка... :sneaky:

Си се изитрил а :sneaky:
Мојата постапка е да те нападнам со:
80.jpg
 
Ти здосади затоа што немаш повеќе начини да го негираш она што и на почетокот го нагласив. Верувањето само за себе е без суштина. Мора да има нешто позади него што ќе го придвижи. Некогаш мотивот е рационалност, потреба за осознавање, објективност и непристрасност кон резултатот - сознанието. Тој резултат(сознание) е она што ќе биде прифатено, во кое ќе се верува.
Понекогаш пак, мотив е ирационалноста, стравот, очајот, паниката, ужанувањето.....во овој счучај, утехата и опцијата што најмногу ќе ни се види како прифатлива е резултатот што ќе биде прифатен - тоа во кое ќе се верува.
Верувањето е колективен феномен......луѓето веруваат затоа што тие пред нив верувале и т.н. Кај еден таму сите, и овде немаш индивидуи...претопено е се во стадото. Сите одговорности се препишани на стадото. Тоа ти е слично на феноменот во војна.....никој не се осеќа лично одговорен, сите префрлаат одговорност на колективот.
Знаеш каде е битната работа?
Што некој од страна ги води работите...стадото, кај му одговара ;)
 
Си се изитрил а :sneaky:
Мојата постапка е да те нападнам со:
80.jpg

Oна што е очигледно не секогаш значи дека и навистина постои.

Ти кога гледаш филм, очигледно гледаш движење, но вистината е дека имаш 24 или 25 статични слики кои се прикажуваат во една секунда, наредени последователно една по друга така што создаваат илузија на движење.

Потоа, ти си трихромат и гледаш три основни бои: црвена, зелена и сина.
Некои луѓе се монохромати (гледаат црно-бело), а некои дихромати.
Некои животни се тетрахромати (ја гледаат и ултравиолетовата светлина), а некои (како гулабите) се дури и пентахромати.

pigment.gif


Устоношците имаат 16 различни фоторецептори, 12 се осетливи за боја, а 4 за нејзино филтрирање. Може да гледаат поларизирана светлина и мултиспектрални слики!

77x6zCB.jpg


И што е сега ОЧИГЛЕДНО?
 
Последно уредено:
Грешките во книгите се очигледни
Многу бедно изгледаат овие обиди со наукава. Особено што со фактот дека човекот е нај нај, а се друго е под, .... ова е господово дело, нели? Но кога требаше да се покаже дека човекот не е нај нај, тогаш ги испопреврте фактите како тоа дека ние сме под, ама некои микроорганизми се над. Се со цел да се покаже целисходноста на страшниот суд и сл, заборавајќи притоа дека претходно било кажано како човекот е најсовршеното битие на земјава и е направено според ликот на бога, нели?
Не ти иде во прилог науката, батали ја како аргумент за потврдување на книгите. Или пак направо обратно, батали книгата и приспој се кон науката. А гледам дека имаш капацитет да ја владееш науката. Не се седи на две столчиња
 
Oна што е очигледно не секогаш значи дека и навистина постои.

Ти кога гледаш филм, очигледно гледаш движење, но вистината е дека имаш 24 или 25 статични слики кои се прикажуваат во една секунда, наредени последователно една по друга така што создаваат илузија на движење.

Потоа, ти си трихромат и гледаш три основни бои: црвена, зелена и сина.
Некои луѓе се монохромати (гледаат црно-бело), а некои дихромати.
Некои животни се тетрахромати (ја гледаат и ултравиолетовата светлина), а некои (како гулабите) се дури и пентахромати.

pigment.gif


Устоношците имаат 16 различни фоторецептори, 12 се осетливи за боја, а 4 за нејзино филтрирање. Може да гледаат поларизирана светлина и мултиспектрални слики!

77x6zCB.jpg


И што е сега ОЧИГЛЕДНО?

Очигледно е дека е потребен процес на докажување со цел нешто да се прифати како вистинито. Во твојот пример, Хомо Сапиенсот докажал дека "Устоношците имаат 16 различни фоторецептори, 12 се осетливи за боја, а 4 за нејзино филтрирање. Може да гледаат поларизирана светлина и мултиспектрални слики!".

По не знам кој пат, емпириското докажување на нештата е само еден од начините со кои може да се утврдат фактите. За да бидеш сигурен дека нештото е баш такво како што го гледаш можеш да го истражуваш на повеќе начини и доколку наодите укажуваат на иста работа, тогаш тоа е тоа.
 
Си се изитрил а :sneaky:
Мојата постапка е да те нападнам со:
80.jpg
Карта што никој, никаде, никогаш, во ниту еден формат не ја играл.
Служи само да пополни common слот во едицијата.
али ете, ти ѝ најде примена
 
Карта што никој, никаде, никогаш, во ниту еден формат не ја играл.
Служи само да пополни common слот во едицијата.
али ете, ти ѝ најде примена

Играта во мојава замисла се одвива поинаку ;)
 
Aj malku na temata....Da receme\pretpostavime deka postoi bog....Kade bi se naogal toj? Paralelen svet? Stratosfera? Druga galaxija?
 
Верувањето е колективен феномен......луѓето веруваат затоа што тие пред нив верувале и т.н. Кај еден таму сите, и овде немаш индивидуи...претопено е се во стадото. Сите одговорности се препишани на стадото. Тоа ти е слично на феноменот во војна.....никој не се осеќа лично одговорен, сите префрлаат одговорност на колективот.
Знаеш каде е битната работа?
Што некој од страна ги води работите...стадото, кај му одговара ;)
Верувањето е човечка особина, но поентата што некој намерно или ненамерно не ја гледа е што тоа може да има различни појдовни мотиви.
Ако веруваш дека сега е зима, а веруваш во тоа бидејќи надвор е ладно тоа верување се темели на рационални - објективни причини.
Ако од некоја причина зимата ти предизвикува ужаснување и несакаш да ја прифатиш како можна опција, можеш да веруваш дека надвор е лето, и покрај тоа што температурите надвор се ниски, тогаш тоа верување ќе се темели на ирационални причини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom